Одбележан Светскиот ден на поезијата посветен на Хозе Емилио Пачеко

По повод Светскиот ден на поезијата – 21 март, денеска во Прличевата одаја при НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид, се одржа поетски собир во чест на животот и делото на мексиканскиот поет Хозе Емилио Пачеко, минатогодишниот добитник на Златен венец на „Струшките веери на поезијата“. „Оваа година имаме тажен повод, минатогодишниот добитник на Златниот венец на „Струшките вечери на поезијата“, угледниот мексикански поет Хозе Емилио Пачеко во меѓувреме почина, на 26-ти јануари. Нам ни останува задоволството, радоста, дека и во еден краток период другарувавме или мексиканската поезија, неговата поезија ја приопштивме…

повеќе...

Одржана манифестацијата „Охридска поетска китка“

Во организација на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид, денеска се одржа манифестацијата „Охридска поетска китка“. Учество зедоа поетесите- Елена Ангелоска, Роза Костеска, Наташа Митреска, Марија Младеноска, Маја Мојсова, Вера Попоска и Лидија Стефановска. Манифестацијата „Охридска поетска китка“ се одржа во Прличевата одаја при НУ Центар за култура „Григор Прличев“.

повеќе...

Збогатен книжниот фонд на охридската библиотека

 Наскоро корисниците на услугите на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид ќе имаат можност да ги изнајмуваат книгите „Ромски фолклор“, „Етнички и културни карактеристики на ромите“ и „Граматика на ромскиот јазик“ од д-р Трајко Петровски – научен советник во Институтот за фолклор од Скопје.  Покрај овие наслови, Библиотеката го збогати фондот со повеќе нови книги: „Септемвриски светлини“ – Карлос Руиз Зафон, „Љубовникот на куртизаната“ – Габриела Ким, „На бал со кралот“ – Розалинд Лејкер, „Допирот на музиката“ – Дафне Калотеј, „Кој тропа на прозорецот“ – Линвуд Баркли и многу други.…

повеќе...

Со ликовна изложба и свечена приредба завршија годинешните „Прличеви беседи“

Синоќа во НУ Центар за Култура „Григор Прличев“, се заокружија дводневните чествувања посветени на делото на Григор Прличев. Ликовната изложба и доделување на наградите на победниците по распишаниот конкурс за литературни и ликовни дела на учениците од ОУ „Григор Прличев“ беше една од последните содржини на овогодинешните Прличеви беседи. Радоста, со младите, наградени основци ја сподели и градоначалникот Никола Бакрачески кој беше меѓу нив, се радуваше на нивните успеси и заедно со нив ги разгледуваше изложените ликовни дела. Половина час подоцна градоначалникот Бакрачески во големата сала при Центарот за Култура…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески утре официјално ќе го пушти во употреба малиот плоштад

Градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески, утре (среда) со почеток во 13:30 часот, официјално ќе го пушти во употреба Малиот плоштад на местото кај старата градска библиотека. Малиот градски плоштад започна со изградба во месец Ноември, а конечниот лик го доби деновиве.

повеќе...

Од утре ќе се одржуваат литературни средби во просториите на охридската библиотека

Oд НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид ги известуваат сите љубители на пишаниот збор дека од утре (10-ти јануари)  со работа ќе започне Литературниот клуб „Григор Прличев“, кој повторно ќе функционира во рамките на Библиотеката. Литературните средби ќе се одржуваат секој петок во просториите на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид, во временски интервал од 17 до 19 часот.

повеќе...

Наскоро со работа ќе започне Литературниот клуб „Григор Прличев“

Од НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид, ги известуваат сите љубители на пишуваниот збор дека од 10-ти јануари со работа ќе започне Литературниот клуб „Григор Прличев“ кој повторно ќе функционира во рамките на Библиотеката. Литературните средби ќе се одржуваат секој петок во просториите на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид во временски интервал од 17 до 19 часот.

повеќе...

„Охридско Лето“ во нови простории

Со цел обезбедување на соодветни услови за работа, нови функционални сценски простори и конечно решение на просторниот проблем кој го има охридската библиотеката за сместување на книжниот фонт, НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид и НУ „Охридско Лето“ – Охрид – направија размена на простории.  Со одлука на Министерството за култура на Р Македонија, НУ „Охридско Лето“ ќе се префрли во просториите кај Путник кои неодамна беа доделени на Библиотеката, а сегашната зграда на Дирекција на „Охридско Лето“ ќе се преадаптира за книжниот фонд на Библиотеката. Со ваквата размена на…

повеќе...

Во охридската библиотека утре ќе биде промовиран романот „Децата од градот“ од Евда Попоска

Утре (вторник) во НУ Библиотека „Григор Прличев“  – Охрид, ќе биде промовиран романот „Децата од градот“ од авторката Евда Попоска. Евда Попоска е роднокраен автор, а во моментов живее и твори во Струга. Скоро целиот свој работен век го поминува во културата, долго време како библиотекарски работник, а потоа во Домот на културата во Струга чиј успешен раководител беше десетина години. Во современата македонска литература се појавува во 1992 година со романот „Филомена“ кој наиде на многу добар прием кај читателите и критиката, заради што доживеа и второ издание кое…

повеќе...

Глориа Петреска добитник на прва награда на Општинскиот натпревар „Млади библиотекари 2013“

Глориа Петреска, ученичка во VIII одделение при ОУ „Братство Единство“ – Охрид ја освои првата награда на Општинскиот натпревар „Млади библиотекари 2013“ и ќе го претставува градов на Републичкиот натпревар кој годинава ќе се одржи во Неготино на 25 октомври. На Општинскиот натпревар „Млади библиотекари 2013“, кој традиционално секоја година го одржува Библиотеката, годинава учествуваа 19 ученици од 9 основни училишта во градов: „Ванчо Николески“-Лескоец, „Григор Прличев“-Охрид, „Живко Чинго“-Велгошти, „Христо Узунов“ – Охрид, „Кочо Рацин“-Д.Лакочереј, „Св.Климент Охридски“ – Охрид, „Кочо Рацин“ – Охрид, „Братство Единство“ – Охрид, „Св.Наум Охридски“ –…

повеќе...