Владината делегација предводена од претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, вчера (среда, 25.09.2013 година), присуствуваше и се обрати на бизнис форум во Чикаго, на кој беа презентирани поволностите кои нашата земја ги овозможува за странските инвеститори. Бизнис форумот се одржа со поддршка на американската компанија „Денстон“, и на него учествуваа триесетина претставници на американски компании од областа на автомобилската индустрија, медицината, енергетиката, инфраструктурата и бизнисот со недвижности. Премиерот Груевски во своето обраќање пред американските бизнисмени се осврна на поволностите за инвестиции кои ги овозможува нашата земја, а кои…
повеќе...Tag: бизнис
Груевски: Владата има отворен, активен и конкретен пристап кон бизнис заедницата
Премиерот Никола Груевски денеска ги повика претставниците на бизнис заедницата да ја искористат отвореноста на Владата и да ги пријават своите идеи и проблеми во работењето. Информира дека во тек е оглас до сите компании кои сакаат да бидат посетени од тимови на Владата да се пријават, а тие наскоро ќе контактираат со нив и ќе закажат средба. „Ве повикувам сите кои имате проблеми за кои верувате дека со интервенција на Владата може да се решат или за кои верувате дека се системски слабости и пропусти не се колебајте и…
повеќе...Поедноставени условите за кредитирање со самовработување и за развој на мали бизниси
Невработените лица кои сакаат да започнат сопствен бизнис или да го решат своето вработување и правните субјекти кои сакаат да го прошират и развијат сопствениот бизнис ќе имаат можност да аплицираат за поволни кредити со поедноставени услови. За овие две мерки предвидени се 5,5 милиони евра кои ќе можат да ги искористат околу 1.700 лица. „Сега преку поедноставени услови и за двете мерки се овозможува на сите невработени лица активни баратели на работа кои се на евиденција само еден ден пред објавување на јавниот оглас да аплицираат, да ја искористат…
повеќе...Финансиска помош за млади претприемачи за започнување бизнис
Министерството за економија прв пат финансиски ќе им помага на младите луѓе на возраст од 18 до 30 години да започнат свој бизнис и нивните бизнис идеи да ги преточат во бизнис планови. Средствата кои ќе ги добијат за таа намена нема да треба да ги враќаат. За таа намена на 17 јули годинава објави јавен повик за избор на најдобар бизнис план за млади претприемачи на кој првите три наградени бизнис планови ќе добијат парични средства. За првата награда Министерството за економија ќе додели ваучер во вредност од 330.000…
повеќе...Сахара Груп ќе инвестира во Џумајлија
Сахара Груп во следните три години ќе инвестира во агрокомбинатот Џумајлија околу 211 милиони евра, ќе вработи над 2000 лица и ќе изгради фабрика за добиточна храна и млекарница со фарма од 20 илјади грла говеда. „Оваа инвестиција за нас е можност да се развиваме во сегмент што го владееме одлично. Млечната индустрија има можности за развој единствено ако се вложат средства. Без инвестиции ниеден бизнис не е оддржлив, а посебно не сегментот на земјоделството каде тие се повеќе од потребни. Нашите намери во оваа земја се искрени, а со…
повеќе...Градоначалникот Бакрачески оствари средба со индискиот бизнисмен Субрата Рој
Градоначалникот Никола Бакрачески и владина делегација составена од министрите за финансии Зоран Ставрески, транспорт и врски Миле Јанакиевски, земјоделие Љупчо Димовски и инвестиции Виктор Мизо одржаа работен состанок со индискиот бизнисмен Субрата Рој, сопственик на Сахара Индија Паривар. На состанокот потенцијалните инвеститори беа запознаени со уловите за инвестирање во општина Охрид и административните работи кои треба да се завршат за да започнат градежните зафати.
повеќе...Сараќини одржа работна средба со хрватските компании присутни во Македонија
Министерот за економија Ваљон Сараќини вчера одржа работна средба со хрватските компании кои со своите производи и услуги се присутни на македонскиот пазар, предводени од Амбасадорот на Република Хрватска во Република Македонија д-р Златко Крамариќ и претставници од Амбасадата. Повод за средбата со претставниците на „ТДР“, „Краш комерц“, „Кроација осигурување“, „Кроација животно осигурување“, „Бадел“, „Јана-Јамница“ и „Анска Река“ се новите услови во трговијата и инвестициите кои произлегуваат од членството на Република Хрватска во ЕУ, со оглед дека во примена стапија правилата и условите според ССА, наспроти оние кои важеа во…
повеќе...Бизнис форум: Македонија добра бизнис дестинација за германските инвеститори
Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, г-дин Владимир Пешевски, министерот без ресор задолжен за привлекување на странски инвестиции, г-дин Бил Павлески и директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, г-дин Виктор Мизо, денеска присуствуваа и се обратија на бизнис форум во Хамбург, СР Германија. Бизнис форумот се одржа во организација на Стопанската комора на Хамбург, и на него учествуваа претставници на компании од фармацевската индустрија, градежништвото, прехранбената индустрија и енергетиката. На бизнис форумот свое учество…
повеќе...Поволните бизнис услови во Македонија презентирани во Франција
Владина економска делегација, предводена од заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски, во рамки на економска посета на Париз на бизнис форум ги презентираше поволните услови за водење бизнис во Република Македонија. Како што соопшти кабинетот на Пешевски, за време на форумот вицепремиерот ги истакнал поволностите за водење бизнис, посочувајќи ја поволната деловна клима во земјата, притоа осврнувајќи се кон придобивките за странските компании како што се пристапот до 660 милиони потрошувачи, обезбеден преку договорите за слободна трговија, како и најнискиот даночен пакет во Европа и стабилното макроекономско…
повеќе...Литванските бизнисмени заинтересирани за инвестирање во Македонија
На маргините на политичката посета на македонската владина делегација на Република Литванија, претседателот на Владата на Република Македонија г-дин Никола Груевски, министерот за информатичко општество и администрација, г-дин Иво Ивановски и заменик министерот за економија, г-дин Христијан Делев денеска (понеделник, 08.07.2013 година) присуствуваа и се обратија на бизнис форум во Вилнус, кој се одржа во организација на Стопанската комора на Литванија. На бизнис форумот учествуваа претставници на повеќе компании од областа на информатичко – комуникациската технологија, прехранбената индустрија, трговијата и туризмот. Премиерот Груевски во своето воведно излагање се осврна на…
повеќе...