Економскиот тим на Владата на Република Македонија предводен од премиерот г-дин Никола Груевски, заменик претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Владимир Пешевски, министерот без ресор задолжен за привлекување на странски инвестиции г-дин Бил Павлески и директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, г-дин Виктор Мизо денеска присуствуваше и се обрати на бизнис форум во Калининград кој се одржа во организација на Стопанската комора на Калининград и Асоцијацијата на инвеститори на Калининград, а на кој учествуваа претставници на компании од областа на производството, туризмот и земјоделството. Калининград е регион…
повеќе...Tag: бизнис
Македонските бизнис можности претставени во Естонија
Економскиот тим на Владата на Република Македонија предводен од премиерот г-дин Никола Груевски, заменик претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Владимир Пешевски, министерот без ресор задолжен за привлекување на странски инвестиции, г-дин Бил Павлески и директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, г-дин Виктор Мизо денес присуствуваше и се обрати на бизнис форум во Талин, Естонија кој се одржа во организација на Стопанската комора на Естонија, а на кој учествуваа претставници на компании од информатичко – комуникациската технологија, техничката индустрија, недвижностите, земјоделството и туризмот. Премиерот Груевски во своето…
повеќе...Ставрески ги запозна инвеститорите од Татарстан со условите за бизнис во Македонија
Македонија има одлични услови кои може да ги понуди на потенцијалните инвеститори како најниски даноци во Европа и поволности кои ги нудат технолошко-индустриски зони, а меѓу секторите во кои може да се оствари соработка се земјоделството, информатичката технологија, автомобилската индустрија и туризмот. Ова е пораката од економскиот владин тим предводен од вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на бизнис форумот во руската Република Татарстан. Татарстан е една од економски најсилните и индустриски најразвиени републики во Руската Федерација. Делегацијата, во која се и министерот за привлекување странски инвестиции Веле Самак…
повеќе...Пешевски: Растот на индустриското производство резултат на подобрувањето на бизнис климата
Растот на индустриското производство во Македонија не е изненадување, но сепак треба да бидеме внимателни, бидејќи не се работи за некој раст што укажува дека кризата е завршена зашто таа во голема мера ќе зависи од екстерната побарувачка. Ова го изјави вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски во одговор на новинарско прашање на одбележувањето на Светскиот ден на акредитацијата и десетгодишнината од постоењето на Институтот за акредитација на Република Македонија. „Благото покачување на индустриското производство е резултат на големиот број проекти кои помагаат во работењето на фирмите и на работата…
повеќе...Бизнисмени од Украина во посета на Охрид
Висока бизнис делегација од Украина, предводена од претседателот на Украинската стопанска комора, Генади Чижиков, вчера престојуваа во Охрид, при што остварија средба со градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески. На средбата присуствуваа и министерот за странски инвестиции, Бил Павлески, како и почесниот конзул на Р.Македонија во Украина и познат украински бизнисмен, Василиј Никулин. На работната средба, градоначалникот Бакрачески на бизнисмените од Украина им ги презентира инвестициските потенцијали на Охрид кои се привлечни за Украинските инвеститори. Туризмот, изградбата на хотели од највисока категорија и инвестициите во индустриска зона се главните точки…
повеќе...Украински бизнисмени заинтересирани за инвестирање во Скопје и Охрид
Украинските бизнисмени сакаат да го прошират својот бизнис преку Македонија. Заинтересирани се за инвестирање во земјоделството, хотелиерството и експлоатацијата на минералните суровини. Нивна бизнис делегација деновиве престојува во Македонија со цел да ги разгледа можностите што ги нуди државата за водење бизнис. „Бенефициите во Индустриско-технолошките развојни зони се посебно прифатливи за нив, но заинтересирани се и за други сектори вклучително и за земјоделството особено за откуп на дистрибутивните центри од каде од домашните земјоделци би откупувале земјоделски производи кои би ги извезувале не само во Украина и Русија, туку и…
повеќе...Со гарантен фонд ќе се стимулира кредитирањето фирми
Стимулирање на банките да го зголемат кредитирањето на компаниите ќе се обезбеди преку компонентата „гарантен фонд“ од регионалниот проект „Платформа за развој на претпријатијата и иновации за Западен Балкан“, што денеска беше презентиран пред банкарскиот сектор во државата. Проектот е со вкупна вредност од 145 милиони евра, а за компонетата „гарантен фонд“ се предвидени 20 милиони евра. Очекувањата на надлежните институции се македонските фирми доколку понудат квалитетни проекти преку комерцијалните банки да добијат 20 проценти од предвидените пари за кредитирање. „Станува збор за гарантна шема со која на банките што…
повеќе...Турски бизнисмени во посета на Општина Охрид
Градоначалникот Бакрачески денес оствари средба со група бизнисмени од Истанбул, Турција, заинтересирани за вложување во хотелиерскиот бизнис во Охрид. На средбата гостите од Истанбул беа запознаени со можните локации за градење на Охридското крајбежје и условите кои Република Македонија и Општина Охрид ги нудат на потенцијалните странски инвеститори. Гостите од Истанбул најавија дека нивните компании се подготвени веднаш да инвестираат во Охрид, по целосното разгледување на условите и процедурата за инвестирање од страна на нивните стручни тимови.
повеќе...Катар е заинтересиран за инвестирање во Охрид
Денеска во протоколарна средба, градоначалникот Никола Бакрачески, го прими вршителот на должноста амбасодор на Катар во нашава земја, неговата екселенција Мохамед Рашид Х. Субах. На едночасовната средба, амбасадорот Мохамед Рашид Субах, го запозна градоначалникот Бакрачески, за сериозните намери на Катарските инвеститори за нивно доаѓање на Охридското крајбрежје. Од своја страна градоначалникот Бакрачески ја истакна подготвеноста на локалната самоуправа да излезе во пресрет на потенцијалните катарски инвеститори со целосна логистичка и законска поддршка на нивните проекти. Неговата екселенција Рашид Субах, истакна дека катарските инвестици пред се се планирани во областа на…
повеќе...Можностите за инвестирање презентирани пред унгарски бизнисмени
Можностите за инвестирање во Македонија особено во енергетиката, туризмот, минералните суровини, земјоделството и ИТ технологијата беа презентирани пред унгарската бизнис делегација која престојува во посета на Македонија. На бизнис форумот што се одржа во Стопанската комора на Македонија присуствуваа бизнисмени од 22 унгарски компании кои се заинтересирани за инвестирање пред се во туризмот, земјоделството и финансискиот сектор. „Пред должничката криза, Република Унгарија беше на високото второ место по инвестиции во Македонија. Целта на средбата е Република Унгарија повторно да се врати со инвестиции во Македонија. Ние сме тука да ги…
повеќе...