Македонија на 39. место во светот за водење бизнис

Американскиот бизнис-магазин „Форбс“ објави листа на најдобри земји за бизнис (The Best Countries for Business). Македонија се најде на 39. место, пред Србија, Албанија, Бугарија, Хрватска, Црна Гора и БИХ. Словенија е на 20. место, САД се на 22. позиција, Австрија е на 28. место, Унгарија на 42. место, под редните броеви 44, 45 и 46 се Романија, Бугарија, Хрватска, Црна Гора е на 49. позиција, Грција го има 50. место, Албанија е под реден број 69, БИХ е на 78. место, а соседна Србија е дури на 83. место.…

повеќе...

Бизнис форум во Токио – јапонска компанија најави инвестиција во хотелиерството

Македонската Амбасадата во Токио денеска организираше бизнис форум на кој јапонските бизнисмени се запознаа со можностите за инвестирање во Македонија. Поволностите за инвестирање ги претставија министерот за привлекување странски инвестиции Горан Мицковски и амбасадорот на Република Македонија во Токио, Андријана Цветковиќ. Познат јапонски бренд во хотелиерството најави инвестиција во хотел во Скопје. На бизнис форумот учестваа триесетина јапонски компании од различни области меѓу кои HONDA, NEC, Marubeni, Mitsui…, а настанот медиумски беше покриен од страна на Фуџи телевизијата. Во својата презентација министерот за стански инвестиции Горан Мицковски, ги презентираше инвестициските…

повеќе...

Условите за водење бизнис во Македонија поттик за израелските бизнисмени

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, и владината делегација во чиј состав се и министерот за надворешни работи, Никола Попоски и министерот за привлекување на странски инвестиции,  Џери Наумоф, во рамките на посетата на Државата Изрел учествуваше и се обрати на бизнис форум во Ерусалим. На форумот на кој учествуваа претставници на израелски компании од областа на земјоделието, енергетиката, туризмот и од областа на медицината, владината делегација ги презентираше условите за инвестирање и водење на бизнис во Република Македонија. Премиерот Груевски истакна дека нашата земја направи значаен прогрес…

повеќе...

Со ИКТ во агробизнисот до поголемо производство и сигурен пласман

Примената на компјутерите, иновативните технологии, електронските системи и дигиталните платформи е основа за современо, конкурентно земјоделство, порачаа учесниците на денешната конференција „ИКТ во агробизнисот. Само ако располагаат со навремени, точни информации, земјоделците, беше речено, ќе знаат што точно да преземат и какви одлуки да донесат за поголемо производство и сигурен пласман. ИКТ во земјоделството ќе го врати интересот на младите за оваа дејност, ќе поттикне отворање нови работни места и ќе овозможи поефикасно искористување на средствата од европските фондови. „Изборот на ИКТ во земјоделството нема граници. Безжичните технологии за подобра…

повеќе...

Ден на претприемачот: Во Македонија има претприемачки дух и иновативни проекти

Во Македонија има претприемачки дух и иновативни проекти, но потребно е да се поттикнат и охрабрат луѓето да ги имплементираат идеите и да создадат свој бизнис. Ова беше истакнато на денешното одбележување на 10. Европски ден на претприемачот и Европската недела на мали и средни претпријатија организирани од Европската бизнис асоцијација. Од 101.600 регистрирани компании во Македонија денес 98 илјади се мали и средни компании кои се сметаат за важен сегмент од македонската економија. „Тоа се компании со идеи и динамизам кои се подготвени да прифатат поголеми предизвици и ризици.…

повеќе...

Средба на претседателот Иванов со бизнис делегација од Државата Катар

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска ја прими бизнис делегацијата на Државата Катар, која на покана на македонскиот претседател престојува во неколкудневна посета на Република Македонија. Целта на посетата е унапредување на економската соработка меѓу Република Македонија и Државата Катар, преку реализација на конкретни инвестициони проекти во различни области. Претседателот Иванов истакна дека Република Македонија има одлични политички односи со Државата Катар и изрази силна поддршка за интензивирање на економската соработка меѓу двете земји. Македонскиот претседател посочи дека постојат многу неискористени можности и потенцијали за соработка и дека…

повеќе...

Владина поддршка за отворање училишни компании и финансирање бизнис идеи

Министерството за образование и наука за околу четириесет дена ќе распише јавен повик со кој ќе додели финансиска стимулација, еден вид субвенција наменета за средните стручни училишта во Република Македонија. Субвенцијата ќе биде во насока на интензивирање и формирање училишни компании и за иновативни проекти во средните стручни училишта, изјави заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски. „Со ова како Влада ставаме фокус на развојот на средното стручно образование како еден од одговорите на потребите на пазарот на труд. Висината на износот на оваа финансиска стимулација ќе биде 20 илјади…

повеќе...

Наградени најуспешните бизниси отворени со грант за самовработување

Во изминатите години со помош на грант за самовработување што го доделува државата се отворени над 7.600 мали бизниси. Седумдесет проценти од нив се уште активни. Најдобрите од нив во неколку категории беа наградени денеска. Најбрзорастечка микро компанија е „Стара Фурна“ од Прилеп, чиј основач е Влатко Апостоловски, најуспешна жена претприемач Живка Костадиновска основач на „Аронија здрава храна“, најмлад претприемач е Панче Георгиовски основач на компанијата „Брајт Бокс“ и најуспешна компанија регистрирана како занаетчиска е „Студио фешн“ од Струмица, чиј основач е Дана Мицева. Наградени се и 13 најиновативни бизнис…

повеќе...

207 милиони денари грантови за нови бизниси

Проектот за самовработување се покажа како успешен и делотворен проект. Преку овој проект државата, во соработка со УНДП, дава 3.000 евра неповратен грант за отворање на бизнис и самовработување на невработените лица. Самовработувањето дава позитивни резултати и во изминатиот период откога е воведен и функционира придонесе токму преку него да се отворат над 7200 бизниси и најмалку исто толку вработувања на невработените лица. Владата одлучи и во следната година да се продолжи со овој проект. Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев вели дека во 2016 година за реализација на овој проект ќе…

повеќе...

Преку грантот за самовработување досега отворени над 7.250 мали бизниси

Преку грантот за самовработување досега се отворени над 7.250 бизниси, а до крајот на годината ќе бидат отворени уште 400. Една третина од нив се основани и управувани од жени, а исто толку од лица помлади од 29 години. Над 70 проценти од нив се се уште активни и голем дел од нив се развиваат во бизниси со двајца, тројца или повеќе вработени. „Микро и малите компании се значаен сегмент од македонската економија. Тие отвораат значаен број работни места во Република Македонија. Со грантот за самовработување кој Владата на РМ…

повеќе...