Податоци за граѓаните и бизнисот во нацинален геопортал

Унифицирани податоци од 17 државни институции корисни во секојдневниот живот и работа за граѓаните и за бизнисот треба да понуди геопорталот на националната инфраструктура за просторни податоци, што за една година треба да го воспостави Агенцијата за катастар на недвижности. Доколку некој сака да оди на викенд преку националниот геопоратол ќе може да ги види метеоролошките и сите други податоци за избраното место. Стопанствениците, пак, при плановите за отворање фабрика ќе имаат преглед на податоците за локацијата каде скаат да инвестираат,за близината со останатите стопански објекти и инфраструктура, населението, бројот…

повеќе...

Бизнисмени од Охрид и Ирак ги согледуваа можностите за меѓусебна економска соработка

Охридски  и ирачки бизнисмени  денеска во општинската зграда на  работна средба ги согледуваа можностите со заеднички соработка.  Тринаесетте ирачки гости-бизнисмени и членови на стопанската Комора од областа Сулејманија, предводени од претседателот за интернационална соработка Абдулрахим Хусеин Али, пројавија интерес за откуп на земјоделски и овоштарски производи. „Ние како Локална Самоуправа им понудивме неколку локации како можност каде би можеле да се изградат такви откупо- дистрибутивни центри со оглед на тоа што посочените локации се блиску и до Охридскиот аеродром Св. Апостол Павле  како и поврзани со магистралните патишта. Интерес постои,…

повеќе...

Ставрески: Бизнис форумите привлекуваат потенцијални инвеститори

Бизнис форумите во Лондон и Париз се први кои ги организираме заеднички со Фајненшл Тајмс, најреномираното финансиско списание во светот кое секојдневно го читаат стотици илјади бизисмени и инвеститори. Тоа им дава посебна тежина и значење на овие форуми, бидејќи привлекува и поголем број бизнисмени и потенцијални инвеститори кои што имаат можност да слушнат за можностите за инвестирање во Република Македонија, изјави министерот за финансии Зоран Ставрески пред форумот во Париз. Тој притоа, јави известувачот на МИА, посочи дека на овие форуми се присутни и претставници на Европската банка за…

повеќе...

Премиерот Груевски ги повика британските бизнисмени да инвестираат во Македонија

Економската соработка помеѓу Македонија и Британија ќе продолжи да создава заеднички придобивки, истакна премиерот Никола Груевски на форумот во Лондон за презентација на македонската бизнис клима. Обраќајќи се пред повеќе од 80 британски бизнисмени, премиерот Груевски ги повика да ја посетат Македонија и да ја внесат во нивните анализи и размислувања за ширење на нивниот бизнис, но и да се уверат дека Македонија нуди големи можности. „Да ги разгледате постојните капацитети, да разговарате со компаниите кои се веќе присутни во Македонија и да го слушнете нивното искуство“, рече Груевски, притоа…

повеќе...

Македонски менаџери на практична обука во странство

Портпаролот на Владата на Република Македонија, Александар Ѓорѓиев, на прес-конференција истакна дека пред неколку денови за прв пат се информираше за втората фаза од реализација на Проектот за ангажирање на странски експерти за потребите на домашните компании. Тие странски експерти со своите знаења, вештини и способности ќе помогнат на домашните компании кои пројавија интерес за тоа на јавен повик на кој се пријавија стотина компании. Втората фаза од проектот „Топ менаџмент“ значи поддршка за нашите, домашните менаџери да одат на практична обука, која ќе се спроведува во странски компании, проект со…

повеќе...

Вицепремиерот Ставрески ги повика белгиските бизнисмени да инвестираат во „земјата со најниски даноци”

Заменик-претседателот на Владата и министер за финансии Зоран Ставрески попладнево во Брисел на бизнис форум меѓу Македонија и Белгија ги повика белгиските бизнисмени да го следат примерот на „Ван Хол” и да инвестираат во Република Македонија, која според него е „земја со најниски даноци”. На денешната презентација во бизнис-центарот “Дијамант”, Ставревски, но и министерот за привлекување странски инвестиции Бил Павлески, министерот без ресор Хади Незир и директорот на Агенцијата за привлекување на странски инвестиции Висар Фида, пред голем број на претставници на белгиски компании ги презентираа можностите за инвестирање во…

повеќе...

Младите се запознаа со можностите за отворање на сопствен бизнис

Општина Охрид во соработка со Бизнис старт-ап центарот – УСАИД и Агенцијата за вработување, во просториите на Секторот за Туризам и Локален економски развој одржа обука на тема: „Претприемништвото како фактор за локален економски развој“. Обуката се одржа во три сесии и тоа:   – Сесија 1: Претприемништвото како стил или начин на живеење и работење на луѓето; – Сесија 2: Претприемачко размислување;  – Сесија 3: Бизнис идеја. На обуката зедоа учество млади од различни профили кои се заинтересирани да се запознаат со можностите за отворање свој бизнис. Учесниците зедоа активно…

повеќе...

Утре ќе се одржи информативна средба на тема „Претприемништвото како фактор за локален економски развој“

Општина Охрид во соработка со Бизнис старт ап центарот – УСАИД и Агенцијата за вработување организираат информативна средба на тема „Претприемништвото како фактор за локален економски развој“. Целта на ваквата средба е младите да се запознаат со можностите и поволностите за започнување на сопствен бизнис со цел нивно запознавање, охрабрување и постепено вклучување на пазарот на трудот. Средбата ќе се одржи утре (четврток), со почеток во 10:00 часот во просториите на Секторот за туризам и локален економски развој.

повеќе...

Бизнис можностите на Македонија претставени во Милвоки

На бизнис форумот за инвестициските можности во Македонија, што се одржа во Милвоки, САД, две компании  изразиле интерес за посета на македонската држава  и подетално запознавање со  можностите за инвестирање. Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и владината економска делегација се сретнале и со врвниот менаџерски тим на компанија од металната индустрија базирана во Милвоки и посетиле дел од производствените капацитети на компанијата, соопшти Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони. Со централата на компанијата „Џонсон контролс“,  присутна со инвестиции во две фабрики во Македонија, македонската делегација разговарала  за  можностите за…

повеќе...

Владина делегација се запозна со плановите на глобални компании од Кливленд заинтересирани за инвестирање

Неколку глобални компании од околината на Кливленд, кои веќе имаат интерес за инвестирање во Македонија и со кои владини претставници контактираат подолг период, денеска беа посетени од страна на економска делегација што ја предводи вицепремиерот Владимир Пешевски. Средбата, како што информираат од владината прес-служба, беше искористена за детално запознавање со нивните планови за идните активности во Европа, како и за директни разговори со владиниот тим за инвестициските предности на Македонија. Делегацијата предводена од вицепремиерот Пешевски имаше можност да ги посети производните погони на компаниите и да се запознае со спецификите…

повеќе...