Во понеделник во Охрид пристигнува првата група туристи од Брисел

Во понеделник, 20-ти јуни, на охридскиот аеродром „Св.Апостол Павле“ ќе пристигне првата група туристи од Брисел со туроператорот „Томас Кук“. На пречекот на првата група туристи кои ќе допатуваат од Брисел ќе говорат претставници на ТАВ, туроператорот Томас Кук, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, како и на Локалната самоуправа во Охрид.

повеќе...

Брисел внимателно го следи распитот на членовите на Хелсиншки комитет

Европската Унија ја го следи развојот на настаните со повикувањето на полициски разговори на претставниците на Хелсиншкиот комитет во Македонија. „Внимателно го следиме развојот на настаните, но во моментов не сме во позиција да коментираме индивидуални случаи“ – изјави за „Мета“ висок претставник на ЕУ, одговарајќи на прашање како ги коментираат полициските сослушувања на челните лица на Хелсиншки комитет и на професорката Мирјана Најчевска. Извршната директорка на Хелсиншкиот комитет, Уранија Пировска и професорката Најчевска денеска соопштија дека добиле покани од МВР утре да дадат изјава за нивното учество во протестите.…

повеќе...

Шекеринска: Брисел порача дека сака Македонија со европски вредности

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, денес  одржа прес-конференција, на која истакна: „Почитувани граѓани, Среќни сме што со многу напори, со искрена посветеност кон интересите на граѓаните и Македонија успеавме да ја спасиме препораката на Европската Комисија за Македонија. Пораката за жал после 10 години од добиениот кандидатски статус е условена и тоа е дело на несериозната актуелна власт. Она што е добро за граѓаните на Македонија е што Вистината за Македонија оддекна и во Брисел. Високи претставници и членови на Владата ја злоупотребиле својата моќ во сите сфери,  судството, медиумите,…

повеќе...

Груевски: За мене преговорите во Брисел се неуспешни

Во Брисел не прифативме техничка влада, ниту преодна влада, ниту нешто слично, а тоа што се случуваше беа различни идеи на луѓето кои се обидуваа да ни помогнат, а кои господинот Заев ги одби од прва до последна. Јас тоа не го доживувам како успех. Ова го изјави премиерот Никола Груевски прашан за коментар на изјавата на лидерот на СДСМ Зоран Заев дека по Брисел работите се движеле во позитивен правец. „Ако за него позитивен правец е да се кочат преговорите, да завршуваат со неуспех и со тоа да се…

повеќе...

Груевски: Заев дојде да не се договори, за да не се соочи со народот на избори

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, истакна дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев, пристигнал на вечерашните преговори во Европската комисија во Брисел со цел да не се постигне договор за ставање крај на политичката криза во земјата. Во изјава по 12-часовните преговори со посредство на еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, европратеникот Иво Вајгл, генералниот секретар на ЕЕАС, Ален Ле Роа и амбасадорите на ЕУ и САД во Скпоје, Аиво Орав и Џес Бејли, премиерот Груевски рече дека целта на Заев со минирањето на веерашните преговори, била…

повеќе...

СДСМ: Нема пазарење со слободата и демократските вредности што ги заслужуваат граѓаните

 Соопштение на СДСМ: „Разговорите во Брисел завршија без договор за разврска на политичката криза во Македонија по пат на преговори. Не е задоволен условот за суштинското прашање околу отворањето преговори, организирање Влада што нема да ја предводи Никола Груевски. Неразумно и нелогично е креаторот на политичката криза, Никола Груевски, да остане да раководи со Владата што треба да организира и спроведе предвремени парламентарни избори. Груевски беше подготвен да даде `се и да направи `се, само да ја сочува својата фотелја. Претседателот Заев и делегацијата на СДСМ останаа доследни на принципиелната…

повеќе...

Заев и делегација од СДСМ ќе присуствуваат на утрешната средба во Брисел

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев и делегација на СДСМ ќе присуствува на утрешната средба во Брисел со комесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан „Изјаснувањето на еврокомесарот Јоханес Хан заедно со генералниот секретар на ОБСЕ, дека Конечниот извештај на ОБСЕ/ОДИХР за предвремените парламентарни избори 2014 во Македонија содржи бројни недостатоци на изборниот процес за коишто е потребно итно спроведување на препораките на набљудувачката мисија, како и јасно искажаниот повик да се постигне договор за преостанатите точки, односно организирање Влада што ќе ги подготви и спроведе следните избори, го цениме за…

повеќе...

Заев: Објавувам дека нема да присуствуваме на состанокот во Брисел

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денес во изјава за медимите истакна: „Објавувам дека нема да присуствуваме на закажаниот состанок со еврокомесарот Хан, на 10-ти јуни во Брисел. Изјавата во Вашингтон, на Јоханес Хан, комесарот за проширување на Европската Унија, содржи елементи на пристрасност и е несоодветна во подготвителен период, пред одлучувачката средба во Брисел. Зачудува оценката на еврокомесарот Хан, за генерално позитивни извештаи од набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за последните изборни циклуси во Македонија. Ниту ОБСЕ/ОДИХР, ниту ЕУ досега не констатираа дека Извештајот за изборите во Македонија е позитивен. Дополнително,…

повеќе...

Груевски: Инвестицискиот пакет на ЕК главна тема на Самитот на ЕПП

Инвестицискиот пакет на Европската комисија вреден 315 милијарди евра беше главна тема на Самитот на Европската народна партија (ЕПП) што се одржа во „Егмонт” палатата во Брисел. Ова го потврди претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, кој заедно со европските лидери и челници на Влади и опозициски партии, меѓу кои и германската канцеларка Ангела Меркел, премиерите на Грција, Шпанија, Ирска, Андонис Самарас, Мариано Рахој и Енда Кени, како и лидерскиот двоец на ЕУ, Жан-Клод Јункер и Доналд Туск, присуствуваше на Самитот на ЕПП. Премиерот Груевски посочи дека Инвестицискиот…

повеќе...

Попоски во Брисел: Нема сигнали дека Грција сака да ја отстрани блокадата

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, утринава имаше работен појадок во Постојаната мисија на Унгарија при Европската унија со амбасадорите на земјите-членки на ЕУ во Брисел, на кој присуствуваше и директорот на Генералниот директорат за преговори за проширување, Кристијан Даниелсон. Притоа, според изјавата на македонскиот шеф на дипломатијата, тој потенцирал дека повторување на рецептот со грчка блокада на Европскиот совет не ја подобрува состојбата во однос на процесот на проширување на Унијата, додека од претставниците на Европската комисија било потенцирано дека и од Грција се очекува да…

повеќе...