Откриени измама и мигранти, запленети девизи, фалсификати и друга стока

Во текот на минатата недела откриени се една царинска измама, обид за нелегален влез на мигранти и неколку обиди за криумчарење на разна стока, при што привремено се задржани девизи, кујнски ножеви, делови за кафемати, паричници, бижутерија и фалсификати. Задржана е следната стока: Девизи: – 20.000 евра, откриени од страна на мобилните царински тимови, при личен претрес на грчки државјанин, кој управувајќи германски автомобил, се пријавил за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат. Во мала ташничка што возачот ја носел со себе, биле пронајдени 30.000 евра, од кои…

повеќе...

Приведен кичевчанец на ГП „Ќафасан“

Синоќа во 20:30 часот на Граничниот премин – Ќафасан, на влез во Република Македонија од страна на полициски службеници приведен е Ф. В. (33) од Кичево, кој што бил евидентиран со мерка „Лиши од слобода“ од 17.08.2016 година. Од извршените дополнителни проверки во евиденциите на Граничните премини констатирано е дека лицето треба да се спроведе до Казнено поправна установа – Затвор Битола за издржување на казна затвор од два месеци и два дена поради сторено кривично дело по член 297 од Кривичниот законик на Република Македонија. Лицето е предадено на…

повеќе...

Приведен албански државјанин на ГП Ќафасан

На 25.03.2017 година во 13.35 часот на ГП „Ќафасан“, при пасошка контрола, било констатирано дека лицето Б.А. (30) од Р.Албанија евидира со мерка „Апси“. Истиот е приведен и во 18.00 часот, со Потврда за предавање лице, е предаден на полициски службеници од ПС Струга за понатамошна постапка.

повеќе...

Запленети цигари, марихуана, возило со бункер, облека и друго

Во текот на минатата недела, царинските службеници спречија повеќе обиди за шверц на разна стока, при што привремено се задржани цигари, возило со бункер, моторцикл, марихуана, автоделови, облека и очила. Задржани се следните производи: Цигари – 86 штеки цигари Marlboro, PRESTIGE, WINSSTON, PALL MALL, MONTE KARLO и RODEO BLU со македонски акцизни маркички, откриени на скопскиот аеродром Александар Велики, при контрола на куферите на тројца македонски државјани кои имале намера да отпатуваат со лет за Лондон. При контролата извршена со помош на рендген уред, во куферот на едниот патник биле…

повеќе...

Во поштенска пратка пронајден хашиш

На Аеродром Александар Велики-отсек за стоково царинење, царинските службеници спречија обид за нелегелно внесување на 100 грама хашиш смола. На ден 18.01.2017 година во царинска испостава Аеродром Александар Велики Скопје – отсек за стоково царинење, пристигната е пратка испратена од Словенија, за примач – физичко лице од Скопје, во која стои опис на стока –Samples (1 парче) со вредност од 20 EUR. При физички преглед на пратката, од страна на царински службеник во присуство на претставник од курирската пошта – превозник на пратката, е пронајден хашиш смола-наркотична дрога, со тежина…

повеќе...

На Граничен премин Табановце спречен обид за шверц на марихуана

Царинските службеници од граничниот премин Табановце вчера спречија обид за шверц на 18 килограми марихуана. На 25 јануари 2017 година, околу 6:00 часот наутро, на граничен премин Табановце за излез од Република Македонија се пријавило патничко моторно возило со албански регистарски ознаки, сопственост и управувано од лицето П. Ш., албански државјанин. На прашање на царинските службеници дали има нешто да пријави одговорил дека нема ништо за пријавување, но и покрај тоа бил селектиран за контрола. При прегледот во багажниот простор од возилото била пронајдена плинска боца во која биле сокриени…

повеќе...

68,5 килограми марихуана запленети на Граничниот премин Блаце

Царинските инспектори од Одделението за оперативни работи на граничниот премин Блаце, при контрола на комбе во специјално направен бункер пронајдоа околу 68,5 килограми марихуана. На 5 јануари 2017 година, околу 22:30 часот на граничниот премин Блаце на влез во Република Македонија беше запрено комбинирано комбе (патничко-товарно) со хрватски регистарски ознаки, управувано од лицето Б.К., хрватски државјанин. На прашање дали има нешто да пријави за царинска контрола, лицето одговорило дека нема ништо за пријавување. При преглед на возилото со царинско куче и рачен скенер, помеѓу задните седишта и делот наменет за…

повеќе...

Спречен шверц на 12 килограми марихуана на граничниот премин Ќафасан

Царинските службеници од граничниот премин Ќафасан, при спроведување на редовна царинска контрола спречија обид за нелегално внесување на 12 килограми марихуана во Република Македонија. На 9 декември 2016 година околу 18:00 часот на влез во Република Македонија на граничниот премин Ќафасан пристигнало патничко моторно возило со италијански регистарски ознаки, управувано од лицето Л.М. романска државјанка, а со неа патувала и В.С. исто така романска државјанка. Лицата на англиски јазик биле прашани што имаат да пријават за царинска контрола, при што одговориле дека немаат ништо за пријавување и дека се враќаат…

повеќе...

Најава за градежни работи на ГП Табановце

Согласно планот за развој на Царинската управа, информираме за започнување на инфраструктурни работи за надградба на царинскиот терминал на ГП Табановце. За непречено одвивање на работите, како и избегнување на подолги задржувања за влез и за излез од државата, информираме дека на патниот граничен премин Табановце во наредниот период ќе се одвиваат градежни активности за проширување на постојниот царински терминал, изградба на други објекти и дополнителни сообраќајни ленти за движење на товарниот сообраќај. За оваа цел со посебна сообраќајна сигнализација ќе биде воспоставен времен сообраќаен режим. Проектот за надградба на…

повеќе...

Царинската управа се вклучи во акцијата „Ден на дрвото – Засади ја својата иднина“

Царинската управа на Република Македонија, како во сите досегашни акции, активно се вклучи и во осумнаесеттата по ред акција „Ден на дрвото – Засади ја својата иднина!“ под мотото „Засади еко иднина!“, која се одржа на 30 ноември 2016 година. Царинските службеници организираа активности за засадување на садници на сите гранични премини, а голема поддршка на акцијата дадоа и колегите, претставници на другите погранични служби, како од Република Македонија, така и од соседните земји. Оваа година македонските царински службеници засадија вкупно 200 садници. Царинската управа, поддржувајќи ја оваа акција го…

повеќе...