Програмата EXBS на Амбасадата на САД во Република Македонија, на Царинската управа и врачи опрема -5 видеоскопски инспекциски системинаменети за спречување на незаконско тргување со стоки, во вредност од 52.494,72 американски долари. Станува збор за опрема која се користи во секојдневното работење на царинските службеници и значително придонесува за остварување на добри резултати во борбата против прекуграничниот криминал, со оглед дека софистицирана и модерна опрема е од примарно значење за засилување на оперативните и институционалните капацитети на царинската служба и достигнување повисоко ниво на квалитет во откривање и спречување на…
повеќе...Tag: царина
Измени и дополнувања на Конвенцијата за заедничка транзитна постапка кои ќе се применуваат од 1 мај
Денес, Мешовитата комисија на ЕУ-ЕФТА за заеднични транзит донесе одлука за изменување и дополнување на Конвенцијата за заедничка транзитна постапка од 20 мај 1987 година со која се пропишува заедничката транзитна постапка помеѓу договорните страни на Конвенцијата. Измените и дополнувањата на Конвенцијата се вршат со цел да се обезбеди непречено функционирање на трговијата помеѓу договорните страни на Конвенцијата и со цел истата да биде поефикасна и побрза. Истовремено, со измените се врши усогласување на највисок можен степен на Конвенцијата и нејзините додатоци, и во поглед на суштината и во поглед…
повеќе...Запленето оружје, акцизни производи, дрон, лекови, девизи и друго
Во текот на минатата недела, царинските службеници спречија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани пиштоли, муниција, петарди, ракија, цигари, технички производи, дрон, лекови, девизи, алуминиумски спојки, делови за огради и бижутерија. Откриена е и една царинска измама. Задржана е следната стока: Оружје, муниција и пиротехника – 2 пиштоли марка WALTHERР22 и WALTHERPPCAL 22 LR, 100 парчиња муниција KNALL 9mmP.A и R100 и 40 петарди Knallkorper Super – Boller II Feuerwerk, откриени при контрола на товарно возило со германски привремени таблички, управувано од македонски државјанин, пријавено за влез…
повеќе...„Измените во КЗТ“ – обука за економските оператори во петок
Царинската управа на Република Македонија информира дека во април 2016 година од страна на Мешовитата комисија ќе бидат усвоени измени во Конвенцијата за заедничка транзитна постапка, чија примена започнува од 1 мај 2016 година. Со цел запознавање со измените во Конвенцијата за заедничка транзитна постапка, Царинската управа организира обука за економските оператори. Посебен осврт на обуката ќе се даде на измените во начинот на спроведување на заедничката и националната транзитна постапка и на измените во гарантните документи кои ќе започнат да се применуваат од 1 мај 2016 година. Обуката ќе…
повеќе...Откриени царински измами, запленети бунди, медицински производи, алкохолни пијалоци и друго
Во текот на минатата недела, царинските службеници открија 3 царински измами и повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани бунди од природно крзно, облека, медицински поризводи, восок за депилација, еротски стимулатори, фотоапарати и опрема, делови за возила и машини, алкохолни пијалоци и фалсификати. Задржана е следната стока: Акцизни производи – 23 литри жестоки алкохолни пијалоци, откриени од страна на царински тимови од царинарница Гевгелија, при контрола на повеќе малопродажни и угостителски објекти на територијата на Гевгелија, Дојран, Струмица, Берово, Неготино и Кавадарци. Во 5 одделни случаи, кај правни…
повеќе...Царината организира обука за полагање на стручен испит за лиценциран застапник
Царинската управа на Република Македонија организира претходна обука за полагање на стручен испит за лиценциран застапникво период од 09.05-20.05.2016 година. Првиот дел од испитот ќе се одржи на 13 јуни 2016 година, а вториот дел на 1 јули 2016 година. Уверение за посетена обука е задолжителен документ при пријавување за полагање на стручен испит за лиценциран застапник (согласно член 13 од Законот за вршење на работи за застапување во царинските постапки). Ги повикуваме сите заинтересирани кандидати најдоцна до 30.04.2016 година, да достават податоци (име и презиме, телефонски број и адреса…
повеќе...Благодарница од Царината за придонесот на АХВ во царинското работење во РМ
Благодарница за придонес за успешната работа на Царинската управа и поддршка на реформите во царинското работење, во име на Агенцијата за храна и ветеринарство доби денес директорот м-р Зоран Поповски од Царинската управа на Република Македонија, во рамки на свеченото одбележување на 24 години од постоењето на Царинската управа на Република Македонија како самостоен државен орган. Благодарницата е доделена на Агенцијата во име на Светската царинска организација, по повод 26 Jануари – Меѓународен ден на Царината, кој годинава се одбележа под мотото Дигитална Царина. На свеченоста која се одржа во…
повеќе...Примена на регионална конвенција во спогодбата за стабилизација и асоцијација помеѓу Македонија и ЕУ
Царинска управа информира дека во Службен весник на Република Македонија број 71 од 11.04.2016 година е објавен Законот за ратификација на измената на Протокол 4 на Спогодбата за стабилизација и асоцијација меѓу Европските заедници и нивните земји членки од една страна и Република Македонија, од друга страна, изменет со Одлука број 1/2016 на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и Европската унија. Со оваа измена на Спогодбата наместо постоечкиот Протокол 4 се воведува можност за примена на Регионалната конвенција за Паневромедитерански преференцијални правила за потекло. Ова е од…
повеќе...Откриени царински измами и мигрант, запленети мотори, акцизни производи, девизи, облека
Mинатата недела, царинските службеници открија две царински измами, обид за нелегално преминување на границата од страна на 1 мигрант и повеќе обиди за криумчарење. Притоа, привремено се задржани возило со бункер, мотори за моторцикли и чамци, домашна ракија, цигари, девизи, семки од марихуана, облека, памучна ткаенина, футроли за мобилни телефони, загар и фалсификати. Царински измами Царинските службеници минатата недела открија два обиди за избегнување на плаќање на увозни давачки преку погрешно тарифирање на стока и погрешно декларирање на потекло на стока. Во првиот случај, во царинската испостава Аеродром Скопје-отсек за…
повеќе...Откриени царински измами и запленети возило со бункер, лед рефлектори, употребувани производи
Во текот на минатата недела, царинските службеници открија три царински измами и повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани возило со бункер, гума за градежна столарија, лед рефлектори, разни употребувани производи, капи и фалсификати. Царински измами Во текот на минатата недела откриени се три царински измами, од кои еден обид за внесување на стока за која постои забрана за увоз и два обиди за избегнување на плаќање на увозни давачки со погрешно тарифирање на стока. Во царинската испостава Гевгелија е откриен обид за внесување на екстра лесно гориво…
повеќе...