Во текот на минатата недела, царинските службеници спречија обид за внесување на месо со поминат рок, открија една царинска измама, мигранти и повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани семки од марихуана, девизи, цигари, облека, товарно возило, апарат за тестирање дизни, техничка стока, алат, фалсификати и друго. Девизи – 4.150 евра, откриени при личен претрес на македонски државјанин кој управувајќи австриски автомобил се пријавил за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат.Патникот пријавил дека со себе носи околу 2.500 евра, но во мала рачна торба се пронајдени…
повеќе...Tag: царина
Пресечен меѓународен канал за шверц на злато
Инспектори од Одделението за истраги вчера, при претрес на патничко моторно возило „Голф 5“ на патниот правец Гостивар – Дебреше открија 8,5 кг злато, наменето за македонскиот пазар, чијашто вредност се проценува на над 200 илјади евра. Околу 10.30 часот за детална царинска контрола сопрен е македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, при што под предните седишта пронајдени се 3 најлонски кеси со 2.127 парчиња златен накит, со вкупна тежина од 8.610 грама. Од преземените предистражни мерки и активности утврдено е дека златниот накит е купен во Турција и на…
повеќе...Запленети марихуана, масло од канабис, техничка стока, цигари, хемиски препарати и фалсификати
Минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани марихуана, масло од канабис, апарат за отстранување тетоважи, 3Д расветни тела, електромотори и сигнални сијалици за лизгачки врати, USB-кабли, облека, обувки, ташни, завеси, делови за возила, рачки за врати, инсектициди, хербициди, семиња, цигари и фалсификати. Задржана е следната стока: Марихуана и масло од канабис – 60 ml масло од канабис, откриени на царинската испостава Аеродром Скопје – отсек за стоково царинење, при контрола на пратка од Белгија наменета за македонски државјанин. Поштенската пратка била…
повеќе...Успешно заокружен циклус презентации за борбата против наркотрговијата
Со презентација во средното училиште „Мирче Ацев“ во Прилеп, која се одржа на 10 февруари, Царинската управа успешно го заокружи вториот циклус на презентации за борба против нарко трговијата во средните училишта во Република Македонија. Царинската управа како општествeно одговорна институција, во континуитет презема активности за зголемување на степенот на запознавање на младата популација со штетните последици, како од конзумирање така и од криумчарење на дрога. Со таква цел, во февруари 2014 година започнавме со презентации во средните училиште за борба против нарко трговијата под слоганот „Остани чист – не…
повеќе...Поднесени кривични пријави од Царинската управа во февруари 2016
Постапувајќи по констатирани неправилности, Царинската управа на Република Македонија во месец февруари 2016 година, до надлежните јавни обвинителства поднесе 9 кривични пријави против 5 правни и 10 физички лица. Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори Две кривични пријави, до Основното јавно обвинителство во Скопје, се поднесени против две физички лица заради обиди за криумчарење на наркотички средства, од кои: *Една кривична пријава е поднесена против турски државјанин, заради обид за криумчарење на хероин. Осомничениот, на 16.02.2016 година, допатувал на скопскиот аеродром Александар Велики,…
повеќе...Откриена царинска измама и запленети марихуана, тутун, делови за возила, лајтшоу и фалсификати
Во текот на минатата недела, царинските службеници открија една царинска измама, еден обид за криумчарење марихуана и повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани тутун, цигари, облека, гуми за патнички возила, делови за градежни машини, лајт-шоу и фалсификати. Задржана е следната стока: Марихуана, тутун и цигари – околу 16 грама марихуана, откриени при контрола на холандски џип со приколка, управуван од холандски државјанин пријавен за излез од државата на граничниот премин Богородица. При извршената контрола, пред совозачкото седиште, во една хартиена кеса со отпадоци, била пронајдена…
повеќе...Откриен прекршок при контрола на компанија од Битола – имател на одобрение за царинска постапка
Врз основа на законските овластувања Службата за надзор на иматели на Одобренија при Царинарница Битола на 24, 25 и 26 февруари 2016 година изврши вонредна теренска контрола кај компанија од Битола – имател на одобрение за царинска постапка „увоз за облагородување со систем на одложено плаќање“, со цел утврдување на фактичката состојба во магацинот за репроматеријали. При контролата на компанијата, која е во сопственост на правно лице од Хонг Конг, а управител лице од Република Грција, пронајдена е стока со непознат царински статус, која соодветствува на дејноста која ја извршува…
повеќе...Запленети фалсификати, девизи, амбалажа за тутун, фунгициди, ножеви за фреза и облека
Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани фалсификати, девизи, картонски кутии за пакување тутун, фунгициди и облека. Задржана е следната стока: Стока за која постои сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост – 199.584 парчиња тоалетен сапун со ознаки на заштитена трговска марка, откриени при контрола на турски камион пријавен за влез во државата на граничниот премин Дојран, натоварен со стока со потекло од Турција, a наменета за увозник од Албанија. Пазарната вредност на сомнителните сапуни е проценета на околу…
повеќе...Откриена царинска измама, запленети девизи, цигари, тутун, облека, ловечка муниција и фалсификати
Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани девизи, цигари, тутун, облека, бижутерија, лак за нокти, ловечка муниција, машини за чистење, делови за градежни машини, нивелатори за плочки, шприцеви за тулумби и фалсификати. Откриена е и една царинска измама. Задржана е следната стока: Девизи – 8.600 евра, откриени на скопскиот аеродром Александар Велики, при контрола на двајца патници пријавени за излез од државата. Во првиот случај, при личен претрес на албански државјанин кој имал намера да отпатува со лет…
повеќе...Откриена нелегална продажба на алкохол и енергетски пијалоци во Прилеп
Инспектори од Одделението за истраги при Царинската управа открија случај на неовластена продажба на алкохолни и енергетски пијалоци, при што е запленета поголема количина од споменатата, но и друга разна стока. По добиена информација за нелегална продажба на алкохолни и енергетски пијалоци на подрачјето на градот Прилеп, Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги во Царинската управа презеде низа предистражни мерки и активности со цел откривање на лицата кои неовластено вршат продажба и дистрибуција на алкохолни и енергетски пијалоци без акцизни маркички и без притоа да бидат платени…
повеќе...