Вчеравечер во Старата чаршија во Охрид, градоначалникот Никола Бакрачески приреди ифтарска вечера за сограѓаните од муслиманска вероисповед. На вечерата покрај многубројните граѓани присутни беа и првите луѓе на муфтиството, дел од директорите на јавните претпријатија, како и пратеникот Сашо Василески. Во договор со Муфтиството на ИВЗ од Охрид вечерата беше на отворено, а маси и столови беа поставени пред четири охридски ресторани кои се во сопственост на наши сограѓани од исламска вероисповест. Ифтарот помина во големо расположение, пријатна атмосфера и задоволство на сите присутни од сите вери и нации. На вечерата…
повеќе...Tag: чаршија
Центарот на Охрид разубавен со нови декоративни садници
Работната единица „Расадник“ при ЈП „Охридски Комуналец“ не престанува со пријатните изненадувања за охриѓани и гостите, со воведувањето новини во украсувањето на градот. Во изминатиот период, досегашните висечки цветни декорации од видот петунија, поставени на канделабрите во централното градско подрачје, се заменуваат со нови од видот сардела. Овој цветен расад за прв пат се наоѓа во асортиманот на расадникот, а според стручните лица од оваа работна единица нашето поднебје има идеални предуслови за успешен раст и цветање. Досега се заменети декорациите на 7 канделабри на бул.“Туристичка“ и 6 канделабри во…
повеќе...Бесплатни здравствени прегледи на граѓаните на плоштадот „Чинар“
Во рамките на своите превентивни активности, медицински екипи на Центар за јавно здравје Охрид, од денес 14-ти јули па се до 18-ти јули (петок), во периодот од 18 до 21 часот на плоштадот „Чинар“ ќе вршат превентивни здравствени прегледи на граѓаните – мерење на крвен притисок, стручни совети за заштита од надворешните влијанија и високите температури.
повеќе...Раздвижено низ охридската чаршија
Може да се каже дека деновиве Охрид наликува како во време на шпиц сезона. Голем број на туристи од земјата и странство вечерните часови ги користат за прошетка низ охридската чаршија, како и по кафулињата. Се очекува од наредниот викенд бројот на посетители во нашиот град значително да се зголеми. WebOhrid
повеќе...Заврши „Баскерфест“ 2014
Со настапот на самба бендот „BARBAROSA“ , синоќа заврши „БАСКЕРФЕСТ“. Со овации, Охрид, го испрати уличниот фестивал. Трите плоштади, викендов, беа исполнети со ведри и насмеани лица кои уживаа во перформансите на артисти дојдени од целиот свет. Охриѓани и туристите беа сведоци на еден несекојдневен перформанс и со овации го проследија секој перформанс.
повеќе...Холанѓаните во охридската чаршија го славеа пласманот во четвртфинале
Холандија успеа да го победи Мексико со 2:1 во возбудлив и неизвесен натпревар. Холандските туристи кои престојуваат во Охрид ја прославија и оваа победа на нивната репрезентација. Овој пат со музика со труби тие приредија вистинска забава во охридската чаршија. Холандија во сабота (5-ти јули) ќе игра против Костарика во четвртфиналето од Светкото првенство, а се разбира и тогаш голем број холандски туристи од Охрид ќе ја бодрат својата репрезентација и ќе се надеваат на пласман во полуфинале и финале. WebOhrid/Ангелче Андриоски
повеќе...Охриѓани и гостите кои се во Охрид ги почувствуваа позитивните вибрации на „Баскерфест“
Караванот за кого велат дека носи среќа, синоќа пристигна во Охрид. Со неколку часовен настап на магионичарите, пантомимичарите, претстави во живо, улични танчари започна „БАСКЕРФЕСТ“ 2014. Ширењето на позитивната енергија на „БАСКЕРФЕСТ“ продолжува и вечерва со почеток во 20.00 часот.
повеќе...Викендов во Охрид ќе гостува најпознатиот и најпосетуваниот уличен фестивал „Баскерфест“
За првпат оваа година во Охрид утре, 28-ми и на 29-ти јуни ќе гостува најпознатиот и најпосетуваниот уличен фестивал во регионот „Баскерфест“. На Градскиот плоштад, малиот плоштад, плоштадот кај чинарот и низ охридската чаршија со своите несекојдневни перформанси, овој фестивал ќе ги забавува охриѓани и туристите кои престојуваат во нашиот град. Со повеќе од 150 улични артисти, музичари и театри „Баскерфест“ на посетителите ќе им понуди несекојдневно искуство и незаборавна забава, пантомима перформанси, претстава, музика во живо, улични танчери, ликовни изложби, креативни активности – вистински сплет на културни, забавни и…
повеќе...Холандските туристи ја славеа победата на нивната фудбалска репрезентација
Холандските туристи кои престојуваат во Охрид ја бодреа нивната репрезентација гледајќи го фудбалскиот натпревар Шпанија-Холандија низ охридските кафулиња. Нивното расположение беше навистина големо откако Холандија успеа да ја победи Шпанија со 5:1.
повеќе...Чаршијата разубавена со бели петунии
ЈП „Охридски Комуналец“ постави цветни саксии со бели висечки петунии на канделабрите во старата охридска чаршија. За оваа намена претпријатието набави доволно саксии за да има по две на сите канделабри од фонтаната кај чинарот до чајџилниците на улица „Гоце Делчев“ и до крстосницата кај Охридска Банка. Нови цветни насади со сардели денес беа засадувани и во парковите околу пристаништето.
повеќе...