Позитивните вибрации на „Баскерфест“ ќе се почувствуваат во Охрид

Караванот за кого велат дека носи среќа, за првпат оваа година ќе гостува во Охрид. Најпосетениот уличен театар „Баскерфест“ на 28-ми и 29-ти јуни, на Градскиот плоштад и низ охридската чаршија со своите несекојдневни перформанси ќе ги забавува охриѓани и туристите. Со повеќе од 150 улични артисти, музичари и театри „Баскерфест“ на посетителите ќе им понуди несекојдневно искуство и незаборавна забава, пантомима перформанси, претстава, музика во живо, улични танчери, ликовни изложби, креативни активности – вистински сплет на културни, забавни и уметнички содржини.  Уличните фестивали се значајна културна атракција во многу…

повеќе...

Разбојништво во златарница во Струга

На 30.04.2014 година околу 18,30 часот во Струга, во златарница „Циркон“, три маскирани лица, вооружени со огнено оружје извршиле разбојништво одземајќи разновиден златен накит, при што на излегување испукале неколку куршуми, а потоа се упатиле во непознат правец. Повредено е лицето Р.К.(42) кој се здобил со повреда од огнено оружје во пределот на ногата. Укажана му е лекарска помош во. „Св. Еразмо” Охрид. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.

повеќе...

Внимавајте: Има фото рекс и ФОТО РЕКС!

ВНИМАНИЕ !!! Им се соопштува на сите граѓани дека се појавија одредени личности кои го напаѓаат брендот ФОТО РЕКС и лажно се претставуваат за остварување на своите цели, особено кога е во прашање крајот на школската година. Затоа се молат за секоја информација и закажување да се обратат во претставништвото на Фото Рекс на добро познатото место во чаршијата.

повеќе...

„Што навистина учи библијата“?!

Не дека никој не ги забележува овие улични продавачи и пропагатори на книги со теми од христијанското учење, но интересно е да се запознаат кои се овие луѓе и во чие име и со каква цел ги нудат бесплатно убаво вкоричените книги со провокативен наслов: „Што навистина учи библијата“?! Кој, всушност, и за колку пари ја отвора библијата и се обидува да ја измени нејзината содржина и суштина?! Македонската православна црква има ли свој одбранбен механизам против ваквите различни или сосема спротивни учења?! WebOhrid

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески и претседателот Иванов прошетаа низ охридската чаршија

Во улога на добар  домаќин,  по промоцијата на книгата „Проглас“ од Константин филозоф,  градоначалникот Никола Бакрачески го испи претпладневното кафе со покровителот на  денешното културното случување,  претседателот на државава Ѓорге Иванов, по што заедно се прошетаа низ охридската чаршија. Градоначалникот Бакрачески го запозна Претседателот Иванов со тековните и идни проекти на општина Охрид кои беа позитивно оценети од шефот на државава кој даваше и свои идеи во поглед на повторно  заживувања на специфичните охридски традиции кои се белег на ова поднебје. Во рамки на прошетката низ охридската чаршија во пријатно…

повеќе...

По повод Новогодишните празници, Општина Охрид издава тезги за храна и пијалаци на Градскиот плоштад

По повод Новогодишните празници, Општина Охрид за период од  20 Декември 2013 до 20 јануари 2014 година издава продажни тезги- пултови за храна и пијалаци на градскиот плоштад. За продажните тезги- пултови од 5м2 почетната цена изнесува 15.000,оо денари по тезга а за тие   од 4м2,  12.000,оо денари по тезга. Во почетната цена за издавање на локација не се содржани комуналната такса, одржување на хигиена и приклучок и трошок на електрична енергија.  Понуда  може да достават сите физички и правни лица регистрирани за вршење на  дејност. Учесникот на огласот…

повеќе...