Премиерот Никола Груевски упати честитка до сите граѓани од муслиманска вероисповед по повод празникот Рамазан Бајрам. Во честитиката стои: „Почитуван Поглавар на Исламската верска заедница во Република Македонија, господин Реис Ул Улема, Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи, Чест ми е, Вам лично, на членовите на Ријасетот и на сите верници од исламската вероисповед во Република Македонија, од мое лично име и од име на Владата на Република Македонија, да Ви го честитам големиот верски празник Рамазан Бајрам. Ова се денови од неизмерно големо значење за Вашата заедница и духовна посветеност. Честитајќи…
повеќе...Tag: честитка
Честитка од претседателот Иванов по повод празникот Рамазан-бајрам
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод големиот муслимански празник – Рамазан-бајрам, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница во Република Македонија, реис-ул-улема ефенди Сулејман Реџепи, до членовите на Ријасетот на ИВЗ и до сите припадници на исламската вероисповед во Република Македонија. „Почитуван реис-ул-улема ефенди Сулејман Реџепи, Дозволете ми во мое, лично, име и во името на граѓаните на Република Македонија, Вам, на членовите на Ријасетот на Исламската верска заедница и на сите граѓани, припадници на исламската вероисповед во земјава, да Ви го честитам празникот Рамазан-бајрам и завршувањето…
повеќе...Честитка по повод 4-ти Јули, Ден на борецот
Почитувани сограѓани, Во овие тешки времиња, кога се забораваат основните вредности и постулату на слободата на македонско тло, и споменот на нејзините творци се повеќе избледува, дозволете да се потсетиме, а помладите генерации да ги научиме на значењето и на истрајната симболика на денешниот датум, Денот на борецот. Денес е мигот на мало приспомнување на најхрабрите меѓу својата генерација, вградени во колективната македонска историја, посебно од периодот на Втората Светска Војна, во денешно време склона на прекројување и на повторно пишување. Без нивната беспоштедна партизанска и искрена саможртва, која во…
повеќе...Честитка од претседателот Иванов до сите припадници на исламската вероисповед по повод почетокот на рамазанските пости
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод почетокот на рамазанските пости, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница во Република Македонија, реис-ул-улема ефенди Сулејман Реџепи, до членовите на Ријасетот и до сите припадници на исламската вероисповед во Република Македонија. „Почитуван реис-ул-улема ефенди Сулејман Реџепи, Дозволете ми, Вам лично, на членовите на Ријасетот на Исламската верска заедница и на сите граѓани со исламска вероисповед во земјава да Ви го честитам започнувањето на рамазанските пости. Одбележувајќи го започнувањето на постите за големиот празник Рамазан-бајрам, кој според муслиманските верувања е месец…
повеќе...Честитка од градоначалникот Бакрачески до верниците од муслиманска вероисповед по повод почетокот на рамазанскиот пост
По повод почетокот на рамазанскиот пост, градоначалникот Никола Бакрачески, до верниците од муслиманска вероисповед, упати честитка во која им посака здравје, среќа и семејна хармонија. „Искрено Ви го честитам почетокот на триесетдневниот рамазански пост и Ви посакувам да го поминете во духот на универзалните човечки вредности, како што се меѓуверската толеранција,взаемното почитување и афирмација на солидарноста и духот на единството меѓу сите луѓе. Нека овој месец Ви биде во знак на почит кон семејството, имајте многу здравје, љубов, бериќет и меѓусебно почитување“– се вели во честитката на градоначалникот Бакрачески, испратена…
повеќе...Честитки до претседателот Иванов по повод реизборот на функцијата Претседател на Република Македонија
По повод инаугурацијата и реизборот на претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, писма со честитки упатија Генералниот секретар на Обединетите Нации, г. Бан Ки-мун, претседателот на Соединетите Американски Држави, г. Барак Обама, претседателот на Народна Република Кина, г. Си Џинпинг, претседателот на Италијанската Република, г. Џорџо Наполитано, кралот на Шпанија, Н.В. Хуан Карлос, претседателот на Република Австрија, г. Хајнц Фишер, претседателот на Европскиот совет, г. Херман Ван Ромпуј, претседателот на Република Грција, г. Каролос Папуљас, претседателот на Република Албанија, г. Бујар Нишани, императорот на Јапонија Н.В. Акихито, претседателот на…
повеќе...Честитка од претседателот Иванов по повод Денот на македонските и сесловенските просветители и учители, светите браќа Кирил и Методиј
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, на сите православни верници и на сите граѓани на Република Македонија им го честита државниот празник, 24-ти Mај, Денот на македонските и сесловенските просветители и учители, светите браќа Кирил и Методиј. „Дозволете ми да ви го честитам 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, и да ви посакам најискрени желби за добро здравје, благосостојба и радосни празнични мигови. Мај е голем празник бидејќи ги слави светите браќа Кирил и Методиј, кои својот живот го посветија на ширењето на христијанската вера…
повеќе...ВМРО-НП Охрид со честитка по повод Националниот ден на Власите
ВМРО – Народна партија на сите граѓаните од влашката заедница им го честита Националниот ден на Власите. „23 – ти мај е денот кога Власите се признаени за посебен народ од тогашната Отоманска империја од страна на султан Хамид II. Досегашното заемно почитување, негување на традицијата и разбирање се само еден мал дел од патот кој ќе го продолжиме сите заедно во градењето на современата македонска држава. Вашиот придонес е голем во она што го имаме денес. Ви ги пренесуваме желбите за добро здравје, среќа и успех.“– стои во честитката.
повеќе...Претседателот на СДСМ Заев со честитка до припадниците на влашката заедница во Република Македонија
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонијa, Зоран Заев, денеска упати честитка до сите граѓани на Република Македонија, припадници на влашката заедница, по повод Националниот ден на Власите. „На сите припадници на влашката заедница во Република Македонија им го честитам Националниот ден на Власите, 23-ти мај. Денот кога на Власите им биле доделени национални права во Отоманското царство, со што е признаено постоењето на влашкиот народ како посебен етнички, јазичен и културен субјект е од особено значење за влашката заедница, но и за целата македонска држава. Власите дадоа значаен историски, општествен…
повеќе...Честитка од премиерот Груевски по повод Националниот ден на Власите
По повод 23 – Националниот ден на Власите, премиерот на Република Македонија, Никола Груевски упати честитка до сите припадници на влашката заедница, во која стои: „Дозволете ми во името на Владата на Република Македонија и во свое лично име, да Ви упатам најискрени честитки по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите и да Ви посакам многу здравје, успех и благосостојба во Вашите семејства. Денешниот празник е уште една можност да ја одбележиме и прославиме долгата традиција на соживот и заедништво која ја имале луѓето и етничките заедници кои…
повеќе...