Честитка од премиерот Груевски по повод Денот на македонската револуционерна борба

Премиерот на Република Македонија, Никола Груевски, по повод одбележувањето на државниот празник 23 Oктомври – Ден на македонската револуционерна борба, упати честитка до граѓаните на Република Македонија. „Почитувани сограѓани, Почитувани членови на македонската дијаспора ширум светот, Пред нас е чествувањето на големиот празник, денот кога е формирана Македонската Револуционерна Организација, 120 години симбол на движењето за слобода на Македонија. По тој повод, имам посебно задоволство од името на Владата на Република Македонија и од свое лично име, да Ви го честитам големиот државен празник, 23 Октомври – Денот на Македонската…

повеќе...

Честитка од претседателот Иванов по повод 23 Oктомври – Ден на македонската револуционерна борба

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод одбележувањето на државниот празник 23 Oктомври – Ден на македонската револуционерна борба, упати честитка до граѓаните на Република Македонија. „На денешен ден пред 120 години шестмина македонски визионери под мотото „Смрт или слобода за Македонија” со страст и решителност започнаа да ја шират идејата за создавање на сопствена, самостојна и независна држава. Овие идеали прераснаа во водилка на македонските граѓани, круна на револуционерното движење за споделување на една заедничка идеја за сплотеност, непоколебливост и аманет за идните генерации. Сплотени во победите…

повеќе...

Честитка од ОК на ВМРО-ДПМНЕ по повод Курбан Бајрам

Општинскиот комитет на ВМРО–ДПМНЕ Охрид на сите верници од исламската вероисповед во Општина Охрид им го честита муслиманскиот верски празник Курбан  Бајрам. „Со искрени чувства на уважување кон големиот муслимански празник, би сакале на сите припадници на исламската верска заедница и на нивните смејства да им посакаме многу здревје, среќа и успех. Празникот Курбан Бајрам, на симболичен начин, ја претставува жртвата, односно Курбанот, всушност чин, кој во себе содржи возвишени значења и сеопфатни позитивни ефекти. Мултиконфесионалниот карактер на Р. Македонија и Охрид е дел од традицијата на овие простори и…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески на граѓаните од муслиманска вероисповед им го честита празникот Курбан Бајрам

Градоначалникот Никола Бакрачески, на граѓаните од муслиманска вероисповед им го честита големиот верски празник Курбан Бајрам. „Нека вербата во Бога не води по вистинскиот пат и постојано меѓу луѓето нека владее разбирање, без разлика на етничката, верска  или било каква припадност. Курбан Бајрам е празник кој означува меѓусебна почит, солидарност, празник кој ги изедначува луѓето. Како дел од ова мултикултурно општество, мораме сите заедно да живееме еден со друг, да се почитуваме во толеранција и хармонија. Различностите треба да бидат тие кои ќе не спојуваат и ќе не водат напред.…

повеќе...

Честитка од премиерот Груевски по повод Курбан Бајрам

Премиерот Никола Груевски по повод Курбан Бајрам упати честитка до претседателот на Исламската верска заедница на Република Македонија, Реис Ул Улема Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи.  „Почитуван Претседател на Исламската заедница во Република Македонија, господин Реис Ул Улема, Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи, Дозволете Вам лично, на членовите на Ријасетот, муфтиите, имамите и на сите верници од исламската вероисповед во Република Македонија, од мое лично име и од името на Владата на Република Македонија, да Ви го честитам големиот верски празник – КУРБАН БАЈРАМ. Хуманизмот и милосрдието меѓу луѓето кои се вековна традиција на овој…

повеќе...

Честитка од претседателот Иванов по повод верскиот празник Курбан Бајрам

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов по повод верскиот празник Курбан Бајрам упати честитка до Поглаварот на Исламската верска заедница Реис Ул Улема Сулејман ефенди Реџепи. „Почитуван Реис Ул Улема Сулејман ефенди Реџепи,  Дозволете ми Вам лично, на членовите на Ријасетот, муфтиите, имамите и на сите граѓани од исламска верисповед во Република Македонија да им упатам срдечни честитки по повод големиот исламски празник Курбан Бајрам. Најискрено посакувам Курбан Бајрам да го поминете во добро здравје, радост, среќа и хармонија. И годинешново празнување нека биде во духот на помагањето и…

повеќе...

ОО на СДСМ Охрид со честитка по повод Курбан Бајрам

ОО на СДСМ од Охрид на сите верници од исламска вероисповест во нашата општина им го честита големиот муслимански празник Курбан Бајрам. „Со најискрени желби за радост, среќа, спокојство, благосостојба и добро здравје во секој муслимански дом, нека и овогодинешниот празник на жртвата им донесе мир во душите на сите Муслимани во Охрид, кои ќе бараат милост од Алах на Бајрам-намаз. Принесувањето на жртва и дарувањето нека донесе радост и среќа во домовите на сиромашните, роднините и пријателите. СДСМ од Охрид посакува овој голем празник да е за многу години“.…

повеќе...

СВР Охрид со честитка по повод 11 октомври

По повод 11 Октомври, денот на востанието на македонскиот народ, СВР Охрид до сите граѓани упатува искрени честитки за среќен и долговечен празник. „Почитувајки ги слободарските традиции на македонскиот народ и оддавајќи почит на македонските поборници за слобода и мир, како служба, неуморно ја продолжуваме нашата мисија за заштитата и унапредување на човековите права и слободи. Бескомпромисно се бориме со сите видови и форми на криминалитет преферирајки проактивен пристап и соработка со граѓаните. Најдобро што можеме го развиваме концептот на блискост со граѓаните и нивни вистински сервис со максимална посветеност…

повеќе...

Честитка од претседателот Иванов по повод 11 Октомври – Денот на народното востание

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, упати честитка до граѓаните на Република Македонија. „Нека е честит 11 Октомври, Денот на народното востание. И годинава после 72 години од воведот во организираната народно-ослободителна борба со почит и особена гордост се сеќаваме на сите синови и ќерки на Македонија, на сите чеда на нашата татковина, кои учествуваа во големата борба за слободна Македонија. Во 1941 македонскиот народ активно се вклучи во големата антифашистичка коалиција составена од слободољубиви народи и држави. Коалиција која…

повеќе...

Честитка од премиерот Никола Груевски по повод 11 Октомври

Премиерот на Република Македонија, Никола Груевски упати честитка по повод Денот на народното востание, 11 Октомври. „Пред нас е чествувањето на празникот – 11 Октомври, Денот на народното востание, денот кој е симбол на големата народно-ослободителна борба која во 1941 година му стави крај на фашистичкиот окупатор, ден кој е симбол на големата победа базирана на вредностите на слободата и човечкото достоинство. Сенародна борба против фашистичкиот окупатор е пример за пркос и желбата да се опстои на вредностите во кои искрено се верува. Тогаш борбата придонесе Македонија да го дочека…

повеќе...