Розов дожд на охридскиот плоштад

Денешниот ветер кој ги „вознемири“ јапонските цреши од плоштадот до пристаништето во Охрид, направи розов „дожд“ од цветови кој претставува вистински феномен. Нашите сограѓани, но и бројните туристи, поминувајќи покрај овие дрвја направија фотографии за спомен од ова романтично попладне во Охрид.  WebOhrid

повеќе...

Засадени цвеќиња на влезот од Охрид

ЈП „Охридски Комуналец” со дел од цветниот расад изврши освежување на зелената површини кај сообраќајната клучка на влезот во Охрид со садење на цвеќиња од видот виола – „очиња”. Екипи на јавното претпријатие извршија и метење на улиците кај месноста Лагадин, с.Лескоец и с.Елшани.

повеќе...

Богат асортиман на саден материјал во расадникот на ЈП „Охридски Комуналец“

Пролетта е период кога интензивно хортикултурно се средуваат парковите и градините. ЈП „Охридски Комуналец”, преку својата РЕ „Паркови и зеленило” врши одржување и уредување на јавните парковски површини. Исто така врши производство и продажба на украсни дрвца, грмушки и сезонско цвеќе, изработка и изведба на хортикултурни решенија на приватни паркови и одржување на дворни места. „Виолата (народски позната како оче) е сезонско цвеќе кое ги краси дворовите и зелените површини во периодот март-јуни, по што ќе се обнови со нова летна цветна реколта. Нашиот расадник располага со најрозновидни садници од…

повеќе...

Екипите на „Паркови и зеленило“ започнаа со засадување на зимска цветна реколта и го исчистија пат кај Рача

Поволните есенски температури претставуваат идеален предуслов за започнување на активностите за засадување на цветниот саден материјал кој ќе ги разубавува парковите во Охрид во зимскиот период, се` до летната цветна реколта. Моментално се засадуваат 10.000 садници од видот viola (очиња), а планирано е од сопствено производство да се засадат вкупно 36.000 садници од овој вид. Со разубавување ќе бидат опфатени: градскиот парк, плоштадот, кружните сообраќајници, „Булевар Туристичка„ и други зелени површини во градот. По налог на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при општина Охрид, а во рамки на…

повеќе...

Положено цвеќе пред споменикот на Св.Климент

По повод Денот на Свети Климент Охридски, Патронот на градот, делегација на општина Охрид предводена од претседателот на Советот, Гордана Коњаноска, положи свежо цвеќе пред споменикот на заштитникот на градскиот плоштад. Пред споменикот на Св. Климент Охридски се поклонија и делегации на основното и средното општинско училиште кое го носат името на Патронот на градот како и политичките партии. Во чест на Св.Климент Охридски претходно беше одржан Меѓународен фестивал на духовна музика „Тебе поем-Св.Клименте“, во организација на Младинскиот културен центар и Европската асоцијација на фестивали, а со финансиска поддршка на…

повеќе...

Положено свежо цвеќе пред бистите на илинденските великани

Во чест на националниот празник Илинден, делегација на Општина Охрид, предводена од градоначалникот Никола Бакрачески, претставници на градскиот совет, пратеници и претставници на политчки партии, денес во спомен паркот на илинденските великани, положија свежо цвеќе, во знак и почит кон нивното дело. „Собрани сме тука денес на Илинден, нашиот најголем национален празник, денот кој ја симболизира вековната борба на македонскиот народ за своја држава, но и за правда, човекољубие и хуманост, да им оддадеме достојна почит на великаните на македонската револуционерна и народно ослободителна борба. На Илинден во 1903 година,…

повеќе...

Центарот на Охрид разубавен со нови декоративни садници

Работната единица „Расадник“ при ЈП „Охридски Комуналец“ не престанува со пријатните изненадувања за охриѓани и гостите, со воведувањето новини во украсувањето на градот. Во изминатиот период, досегашните висечки цветни декорации од видот петунија, поставени на канделабрите во централното градско подрачје, се заменуваат со нови од видот сардела. Овој цветен расад за прв пат се наоѓа во асортиманот на расадникот, а според стручните лица од оваа работна единица нашето поднебје има идеални предуслови за успешен раст и цветање. Досега се заменети декорациите на 7 канделабри на бул.“Туристичка“ и 6 канделабри во…

повеќе...

Заменети цветните насади во паркот пред зградата на Локалната самоуправа

Паркот пред зградата на Локалната самоуправа во Охрид последнава година непрекинато се одржува цветен.  Екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ повторно ги заменија цветните насади и сега тука ќе цутат цветови на растението меѓу народот попознато како Џунџуле. 

повеќе...

Чаршијата разубавена со бели петунии

ЈП „Охридски Комуналец“ постави цветни саксии со бели висечки петунии на канделабрите во старата охридска чаршија. За оваа намена претпријатието набави доволно саксии за да има по две на сите канделабри од фонтаната кај чинарот до чајџилниците на улица „Гоце Делчев“ и до крстосницата кај Охридска Банка. Нови цветни насади со сардели денес беа засадувани и во парковите околу пристаништето.

повеќе...

Украдени садници од градските зелени површини

Изминативе денови зелените површини во централното градско јадро, како и новозасадените садници во бетонската жардињера на ул.„Железничка“  беа деградирани од страна на несовесни поединци. Од ЈП „Охридки Комуналец“, информираат дека украдени се околу 60 садници од различни видови: палми , зеленики, украсни грмушки и цветни садници. Настрада и новоуреденото катче пред поранешното „ПТТ“ одморалиште кое беше уредено во рамките на проектот на локалната самоуправа за формирање на нови 40 цветни катчиња.                            Украдени се садници од паркот пред…

повеќе...