Заменик претседателот на СДСМ Радмила Шекеринска утре ќе ја посети Дебарца

Утре, 28 ноември (четврток), Тимот на СДСМ, предводен од заменик-претседателот Радмила Шекеринска ќе посети населени места во општина Дебарца и ќе ја промовира новата програма со предлог мерки за враќање на средната класа. Притоа, ќе се остварат средби со граѓаните на кои ќе се промовираат мерки и решенија за подобар, попристоен и подостоинствен живот.

повеќе...

Општина Дебарца: Трагично е да се реагира за изградба на современо игралиште

Контра-реакција на реакцијата од СДСМ за игралиштето во с.Требеништа, испрати Градоначалникот на Општина Дебарца, во која стои: „Почитувани, Согледувајќи ги комичните реакции на ОО СДСМ Дебраца, можеме веќе со сигурност да констатираме дека конечно преминаа во трагедија. Трагично е да се реагира за изградба на современо игралиште во прва фаза и во друга фаза ќе се изгради Балон Сала, која пред се, потенцираме пред се ќе служи за сите жители на Општина Дебрца. Имено укажувањето за според нив неподдршката на спортот во Дебрца им паѓа во вода токму со ова…

повеќе...

СДСМ Дебарца: Градоначалникот Трајкоски врши партиска дискриминација на спортските клубови во општината

По повод асфалтирањето на игралиштето во с.Требеништа, СДСМ Дебарца испрати реакција во која стои: „Градоначалникот на општина Дебарца, Игор Трајкоски вчера по повод асфалтирањето на спортското игралиште во село Требеништа уште еднаш се изрекламира и пофали дека вложувал во развојот на спортот во општината Дебарца. Добро ќе беше навистина да е  така, но за жал не е. Не е, затоа што градоначалникот развојот на спортот во општината го гледа исклучиво низ партиската диоптрија. Дека тоа е така, еве доказ. Согласно Годишната програма за развојот на спортот во општината Дебарца за…

повеќе...

Заврши почетната фаза на асфалтирање на игралиштето во с.Требеништа

Во селото Требеништа заврши почетната фаза „асфалтирање“ со цел изградба на спорски терен кој ќе биде наменет за повеќе видови на спорт. Средствата за асфалтирањето во износ од 1.500.000 денари целосно се издвоени од буџетот на Општина Дебарца. Игралиштето во с. Требеништа е наменско и ќе допринесува за подобар развој на спортот во општина Дебарца, соопштуваат од Локалната самоуправа. Во наредна фаза следува изградба на метална конструкција со што практично целосно ќе се покрие игралиштето, со што Општина Дебарца ќе добие Балон сала која ќе биде наменета за сите жители…

повеќе...

Кадровско доекипирање на Општинската организација на СДСМ Дебарца

Извршниот одбор на Општинската организација СДСМ Дебарца, на синоќешната седница едногласно усвои неколку кадровски решенија со кои изврши доекипирање на Општинската организација. На предлог на Претседателот на Општинската организација, Зоран Ногачески Извршниот одбор за секретар на Општинската организација го избра Стојан Прензоски, дипл.правник со положен правосуден испит и магистрант на Правниот факултет  „Јустинијан Први“, во Скопје. Извршниот одбор донесе одлука за формирање Центар за комуникација со јавноста, во чиј состав влегуваат: Благојче Стојчески, дипл.економист, Ангел Секулоски, дипл.инж.агроекономист, Радмила Филипоска, дипл.економист и Славица Кузеска, студент на правни науки. За портпарол на…

повеќе...

СДСМ Дебарца: Наместо трибина со земјоделците Коњановски одржа партиска трибина

Во врска со трибината на заменик министерот за земјоделие Зоран Коњановски одржана во Дебарца, ОО на СДСМ Дебарца испрати реакција во која стои: „Според соопштението од локалната самоуправа Дебарца заменикот министер за земјоделие, Зоран Коњановски во големата сала во општина Дебарца требаше да одржи трибина со земјоделците за земјоделските задруги. Меѓутоа, од лиферуваното соопштение за настанот очигледно е дека таква трибина не се одржа, барем не со земјоделците од општина Дебарца, кои повеќе не веруваат во шарените лаги на оваа самонаречена “земјоделска” Влада. За волја на вистината трибина сепак се одржа,…

повеќе...

СДСМ Дебарца: Тешко на образованието во Дебарца, кога најголемиот успех на Директорот е коктелот за патронатот!

Во врска со интервјуто на директорот на ЦОУ „Дебарца“ Иван Димоски за WebOhrid, ОО на СДСМ Дебарца излезе со реакција во која стои: „Од интервјуто на Директорот на ЦОУ Дебрца –Белчишта дадено по повод неговите сто дена од доаѓањето на директорското место недвосмислено произлегува дека неговиот најголем успех била приредбата и коктелот по повод патронатот на училиштето. Единствената црна дамка на овој настан било оправданото отсуство на градоначалникот на општината. Е, браво Директоре, многу голем успех сте направиле! За неговото тврдење дека ги затекнал училиштата кои безмалку се распаѓале, па…

повеќе...

Заменик министерот за земјоделие Зоран Коњановски одржа трибина во Дебрца

Вечерва во просториите на Општина Дебрца се одржа трибина во присуство на заменик министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство, Зоран Коњановски. Темата на трибината беше новиот закон за земјоделски задруги и укрупнување на земјоделските парцели. Заменик министерот Коњановски пред присутните го образложи новиот закон и функционирањето на задругите. Имено тој истакна дека со овој закон земјоделците ќе имаат поголеми придобивки од страна на државата, а исто така полесно ќе се дојде до пласман на производите. Менаџерот на задругите ќе добива плата од страна на државата во првите 5 години и…

повеќе...

Интервју со проф. Иван Димоски, директор на ЦОУ „Дебрца“: „Да создадеме млади луѓе способни да се носат со новото време“

Општината Дебрца доживува промени на секој план. Речиси 7-8 месеци откако е променето општинското раководство и градоначалникот, а промена има и во централното училиште во општината со кое веќе 100 дена раководи проф. Иван Димоски, новиот директор на ЦОУ „Дебрца“. Го посетивме училиштето во с.Белчишта и разговаравме токму со новоизбраниот директор за состојбите, за плановите и за приоритетите… WebOhrid: Господине Димоски, Вие сте новоизбран директор на централното училиште во општина Дебрца кое опфаќа дури единаесет подрачни училишта. Успеавте ли во овие 100 дена да ги посетите сите и да се…

повеќе...

Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњаноски ќе одржи трибина во Дебарца

Во просториите на Општина Дебарца во с.Белчишта утре во 16:30 часот ќе се одржи трибина од страна на заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњаноски. Тој ќе овозможи запознавање на граѓаните од областа на земјоделството и земјоделските задруги. Од Општина Дебарца известуваат дека сите заинтересирани граѓани може да присуствуваат на трибината.

повеќе...