Во Охрид одбележан Меѓународниот ден на таткото

Женскиот Центар „Бисера“ од Охрид и оваа година свечено го одбележа Меѓународниот ден на таткото, 15ти септември. На манифестацијата која се одржа во ОУ „Христо Узунов“ учествуваа ученици од сите основни училишта, како и дечињата од градинката „Јасна Ристеска“, Охрид кои настапија со свои програми. На приредбата со точки се претставија и петтоодделенците од ОУ „Григор Прличев“ под менторство на наставничката Фанче Наумоска.  По објавениот конкурс на тема „Татко“ за најдобрите литературни и ликовни детски творби, беа доделени награди и признанија. Меѓу наградените беа следните ученици од ОУ „Григор Прличев“: Наградени литературни творби…

повеќе...

Нови 15 дела од македонски автори ќе се преведуваат во странство

Уште 15 дела на 11 македонски автори ќе бидат преведени и објавени од странски издавачи. Ова го одлучи стручната комисија по разгледувањето на 19 апликации (од кои три биле со некомплетна документација, а една е одбиена) кои пристигнале на конкурсот на Министерството за култура за финансирање преводи на репрезентативни дела од македонската книжевност од страна на странските издавачки куќи, една од стимулативните мерки предвидени во Националната стратегија за развој на културата за периодот 2013-2017 година. Резултатите од конкурост за финансирање преводи на репрезентативни дела од македонската книжевност од страна на…

повеќе...

Монографија „Курбиново“ – прв од 10 тома избрани дела на академик Цветан Грозданов

Во пресрет на одбележувањето 80 години од раѓањето на академик Цветан Грозданов идната година, Македонската академија на науките и уметностите ќе објави десеттомен избор од неговото творештво. Првиот том го промовираше денеска – преобјава на монографијата „Курбиново“, која првпат се појави во двојазично, македонско-англиско издание во 2006 година. До крајот на годинава МАНУ ќе промовира и втор том (за свети Наум) од избраните дела на Грозданов. Монографијата ја објавија МАНУ и „Матица македонска“ со финансиска поддршка од Министерството за култура. Посветена е на црквата „Свети Ѓорѓи“, споменик на византиската уметност…

повеќе...

Стефановски: За Одисеј прибежиште е Итака, но за мене е Канео

Трите драмски дела „Одисеја“ „Огнени јазици“ и „Фигурае Венерис Хисториае“ од драмскиот писател Горан Стефановски собрани во една книга беа промовирани синоќа во Куќата на Уранија во Охрид, во рамки на фестивалот „Охридско лето“. Селекторот на драмската програма на „Охридско лето“ Ѓорѓи Јолевски, најави дека годинешното јубилејно 55-то издание на фестивалот „Охридско лето“ ќе биде затвореное вечерва, токму со последната драма на Стефановски, „Фигурае Венерис Хисториае“. „Ова е навистина исклучителен миг затоа што немаме можност Горан да го видиме постојано во Македонија. Се работи за исклучително дело“, рече Јолевски. Беседејќи за авторот…

повеќе...

Македонски дела ќе се објават на шпански, српски и на бугарски јазик

Десет книги од македонски автори ќе бидат преведени на шпански, српски и на бугарски јазик. Ова се најновите резултати од Конкурсот за финансирање преводи на репрезентативни дела од македонската книжевност од странски издавачки куќи кој е дел од програмата на Владата и на Министерството за култура. Најновите резултати на денешната прес-конференција ги соопшти министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска. „Со најновите резултати од Конкурсот за странски издавачи, бројката на поддржани апликации во рамките на оваа стимулативна мерка за 2014 и 2015 година се заокружува на 40 дела од 30 македонски автори,…

повеќе...

Прво дело посветено на Чудата на Свети Еразмо

Деновиве излезе од печат книгата Чудата на Свети Еразмо од авторот Стојан Ристески. Таа е прва книга, за првиот масовен посветител на народот од нашиов крај, во Христовата вера, од крајот на III и почетокот на IV век од н.е.Во книгата е претставен животот и делото на Св.Еразмо во Антиохија, Хераклеа (Охрид) и Венеција.Застапени се две житија за светецот, две служби и дваесет и седум записи за чуда на Св.Еразмо. Манастирот Св.Еразмо во Охрид е единствен манастир посветен на Св.Еразмо во цела Р.М.Манастирот Св.Еразмо е претставен и на четиринаесет фотографии…

повеќе...

Во 2014 обезбедена поддршка за превод на 30 дела од македонски автори

Во 2014 пристигнаа 50 пријави од издавачи од 19 земји, а Министерството за култура го поддржа преводот на 30 дела од 23 македонски автори кои ќе бидат објавени на 15 странски јазици … Министерството за култура ќе го субвенционира преводот на уште десет македонски наслови за кои се заинтересирале странски издавачи. Тие се пријавени во ноември и во декември во рамките на конкурсот за 2014 година кој беше отворен во текот на целата година. Со нив, во изминатата година се прифатени вкупно 30 пријави за превод на дела од македонски…

повеќе...

Промовирани нови 50 наслови од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“

Нови 50 наслови од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“ беа промовирани денеска во Националната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Станува збор за дела од претежно европското книжевно наследство од 19 и 20 век кои првпат се преведени или реобјавени. На оваа деветта по ред промоција на дела од едицијата присуствуваше и премиерот Никола Груевски кој истакна дека овој проект беше замислен со цел да го доближи македонскиот читател до светската литература и да овозможи пристап до класиците на книжевното творештво. „Реализацијата на овој серијал несомнено значи сеопфатно збогатување на литературата…

повеќе...

Делата на академик Чемерски во Москва

„Настани и знаци на земјата македонска“ е насловена изложбата на дела од истакнатиот македонски уметник Глигор Чемерски, која на 9-ти декември свечено ќе биде отворена во галеријата на Руската академија на уметноста – Зураб Цератели во Москва … Отворањето на изложбата е во чест на инаугурацијата на академик Чемерски во почесен член на Руската академија на уметностите „Императорска“. Тој е првиот македонски уметник на кого му е укажана оваа огромна чест од страна на Руската академија. Изложбата во галеријата која е најзначајното културно и уметничко средиште на Москва ќе биде…

повеќе...

Хорот „Про Арс“ ги донесе најпознатите духовни дела на „Охридско лето“

Дела од Ѓорѓи Свиридов, Наталија Хасцлер и Јуриј Фалик, тројца познати композитори од различни генерации донесе синоќа на „Охридско лето“, Камерниот мешан хор „Про Арс“. На програмата беа најпознатите нивни дела кои ги изведоа членовите на овој професионален хор под диригентката палка на Сашо Татарчевски кој воедно е и раководител на овој камерен состав. Според Татарчевски, токму во хорската музика, а особено во духовната се кријат најголемите ремек дела,а токму такви имаше синоќа на репертоарот на „Охридско лето“. „Овој ансамбл, иако е млад и според периодот на делување, и според…

повеќе...