Положено свежо цвеќе пред бистата на Анри Динан

Со полагање на свежо цвеќе пред бистата на Анри Динан во Охрид, волонтерите на Црвен крст Охрид и претставници на Црвен крст Зеволде од Холандија одадоа почит на основоположникот на идејата за движењето на Црвениот крст, Анри Динан кој е роден на денешен ден пред 188 години. Затоа и 8ми мај е Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина. „Насекаде во светот Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесецина е присутна за секого. Преку глобалната мреза од речиси половина милион вработени и преку 100 милиони волонтери, членови и…

повеќе...

Света архиерејска литургија за Томина недела и Св.апостол и евангелист Марко

Денес, во Неделата на антипасха – Томина недела, како и на празникот на Св. апостол и евангелист Марко, во храмот „Св. Никола Чудотворец“ во Долна Маала, Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот Никола Христоски, свештениците Сашо Ристески и Владо Недески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа.

повеќе...

Томина Недела

Првата недела по Велигден е наречена Томина недела, но и Нова недела, Антипасха. Нова недела се нарекува, затоа што почетокот на сите недели започнува од неа. Таа е прва недела по Пасха, и прв пат по Пасха се обновува празнувањето на светлото Христово Воскресение. Апостолското правило гласи: „Осум дни по Велигден повторно нека ви биде чесен празник, во кој неверниот апостол Тома се увери во воскресението“. Имено, по воскресението Христово, кога Христос им се јавил на апостолите да ги утеши и увери во Своето воскресение, светиот апостол Тома не бил…

повеќе...

Свечена литија – Еордија во Струга

Откако го прославивме светиот великомаченик Георгиј, според одамна востановената традиција во Струга, празнувањето продолжии ден потоа, на 07.05.2016 година. Празнувањето на Великиот Георгиј, започна во утринските часови, во храмот „Св. вмч. Георгиј“, со света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот Никола Христоски, свештениците Васко Голабоски и Петре Бојчиноски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Христијан Костоски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодно слово, со кое ги поучи верните дека секој кој сака да…

повеќе...

Свети апостол и евангелист Марко

Светиот апостол и евангелист Марко му бил сопатник и помошник на апостолот Петар, којшто во своето Прво послание го нарекува син свој, не син по тело туку по дух. Кога Марко беше во Рим со Петар, верните го замолија да им ја запише спасоносната наука на Господ Исус Христос, Неговите чуда и Неговиот живот. Така го напиша Светото Евангелие, коешто го виде и го посведочи за вистинито и самиот апостол Петар. Тој го постави Марко за епископ и го испрати на проповед во Мисир. Така тој беше првиот проповедник на…

повеќе...

Свети Анијан епископ Александриски

Кога Св. Марко стапна од коработ на копното на Александрија, обувката на едната нога му се расцепи. Тогаш виде еден чевлар и му ја даде на поправка. Шиејќи чевларот си ја прободе со шилото левата рака и почна да му тече крв, а тој јачеше од болка. Тогаш Божјиот апостол замеси прав со својата плунка и ја намачка ранетата рака на чевларот, која со ова веднаш стана здрава. Чевларот се восхити од ова чудо и го покани Марко во својот дом. Кога ја слушна проповедта на апостолот, Анијан (така му…

повеќе...

Честитка од министерот Спасовски за 7 Мај – Денот на полицијата

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски со честитка по повод 7ми мај – Денот на македонската полиција. „Како министер за внатрешни работи ми претставува особена чест и задоволство на сите припадници на Министерството за внатрешни работи да Ви го честитам 7 Мај -Денот на полицијата и да Ви заблагодарам за посветеноста и пожртвуваноста што ја манифестирате во Вашето секојдневно ангажирање изразувајќи ја Вашата човечност и хуманост во справување со кризните состојби. Вашата заложба и професионалност која ја покажувате е пример како полицијата треба да биде гарант за безбедноста на сите…

повеќе...

Светите маченици Лука и Никола и Преподобна Елисавета

Светите маченици Лука и Никола Лука беше прекрасно момче и кројач по занает, пострада за Христа во 1546 година. Никола прими мачеништво за Христа во 1776 година. Преподобна Елисавета Во раната младост прими монашки чин во манастирот на Св. Козма и Дамјан во Цариград. Заради Христа и за спасението на својата душа живееше во тежок подвиг. Себеси се сметаше за невеста Христова, а овој свет за непостоечки. Од нејзината голема љубов кон Бога произлегуваше нејзината голема милосрдност кон луѓето, особено кон болните и страдалните. Со дарот што ѝ го даде…

повеќе...

Одбележан Денот на полицијата и 35 години од формирањето на „Тигрите“

Луѓето што стојат на оваа говорница се менуваат, ама довербата на граѓаните на оваа држава во сината униформа што ја носите е нешто што се гради макотрпно со генерации и трае многу подолго од еден министерски мандат, е пораката што ја упати министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на денешното одбележување на 7-ми Мај, Денот на македонската полиција и 35 годишниот јубилеј од формирањето на Единицата за специјални задачи (ЕСЗ) „Тигри“, во скопската касарна „Илинден“. Да се биде припадник на полициските сили никогаш не е лесна задача, нагласи Спасовски, додавајќи…

повеќе...

Ден на реката Дрим 2016

Следејќи ја успешната организација на Денот на реката Дрим во 2014 и 2015 година, третото одбележување на Денот на реката Дрим се случи на 5.мај 2016 година, со цел сензибилиирање на поширок дел од јавноста за вредностите на Дримскиот басен и за влијанието на екосостемот врз квалитетот на секојдневното живеење на локалните заедници и економските активности. Тие почиваат на економски активности во кои се користат водите на Дрим како што се земјоделие, рибарство, индустрија , енергетско произвотство и туризам. Денот на Дрим има за цел и да ги мобилизира донесувачите…

повеќе...