Велики Понеделник

Велики Понеделник е првиот ден на Страстната седмица. Во него, Црквата се потсетува на последните денови на Христос во Ерусалим, неговото влегување во Храмот и растерувањето на трговците од него, оти тоа е место за молитва, а не пазар. Христос на Своите ученици во повеќе наврати им зборува за Своето страдење кое Му претстои, како и крајот на времињата и Страшниот Суд. На Велики Понеделник Црквата говори и за Неговата беседа во Храмот, за злобните лозари, како и проколнувањето на бесплодната смоква, која го претставува јудејскиот собор, (во кој Исус…

повеќе...

Отслужена архиерејска златоустова литургија по повод Цветници

По повод празникот Цветници, денес во манастирот „Пресвета Богородица“ Пречиста во Кичево, беше отслужена света архиерејска Златоустова Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереите Никола Христоски и Стевчо Тошевски, свештеникот Александар Матески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. Пред почетокот на Литургијата, беа осветени и врбовите гранчиња, симбол на оние гранчиња, со кои незлобивите дечиња Го пречекаа во Ерусалим Царот на сите. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа.

повеќе...

Чествување за херојот Христо Узунов

Со полагање на свежо цвеќе пред бистата на Христо Узунов во градскиот парк и на спомен-обележјето во селото Цер-Кичевско, каде што се одржа и панихида, денеска завршија свеченостите по повод одбележувањето на 111. годишнината од погибијата на херојот на Македонската револуционерна борба, што ги организира Општина Охрид. Свежо цвеќе положија делегации на Советот на Општина Охрид, Основното училиште и здружението што го носат името на Христо Узунов, Сојузот на борците, Здружението за Македонско-Бугарско пријателство,потомците на Узунов, како и делегации на политички партии и други здруженија на граѓани.

повеќе...

Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници

Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица секогаш е една недела пред Велигден и се празнува во спомен на влегувањето на Исус Христос во Ерусалим, кога неговите ученици и симпатизери со цвеќе и врбови гранки, како и со својата облека му го постилале патот. Според тогашните закони учител можело да биде само лице што наполнило триесет години. Исус веќе четврта година го проповедал своето учење, а бидејќи за Пасха мноштво народ доаѓал во Ерусалим за да го прослави празникот и Исус по четврти пат доаѓал како учител. Но…

повеќе...

111 години од смртта на Христо Узунов

Денес се навршуваат 111 години од херојската смрт на големиот македонски револуционер Христо Узунов. Христо Узунов е роден на 22 февруари 1878 година во Охрид. Татко му бил учител и активно вклучен во револуционерното движење. Неговата мајка била по потекло од семејството на преродбенскиот деец Ѓорѓи Чакалов од Струга. Христо Узунов своето образование го започнал во родниот град. Kако ученик на Солунската гимназија пристапил во ВМРО и раководел со револуционерен кружок. По завршувањето на гимназијата, неколку години учителствувал во Охрид. Се смета дека Христо Узунов во револуционерната организација се вклучува во 1896 година…

повеќе...

Утре бдение по повод празникот Цветници

Од Дебарско – кичевската епархија информираат дека утре по повод празникот Цветници ќе има Бдение со „Последование на Женихот“, едноцрквие во црквата „Св.Богородица“- Каменско, со почеток во 17 часот. Во понеделник, на Велики Понеделник ќе се одржат Часови и Преждеосвештена литургија, едноцрквие во црквата „Св.Богородица“- Каменско, со почеток во 7:00 часот. Истиот ден, со почеток во 17:00 ќе има Бдение со „Последование на Женихот“, едноцрквие во црквата „Св.Богородица“- Каменско. WebOhrid

повеќе...

Денес е Лазарова Сабота

Лазарова сабота или Лазарици или Лазаровден — еден од поголемите христијански празници од пролетниот циклус којшто е променлив празник и секогаш се паѓа еден ден пред Цветници, кои се точно една недела пред најголемиот празник Велигден. На овој ден се споменува чудесното воскресение на четиридневно упокоениот Лазар извршено од Исус Христос. Овој настан бил на шест дена пред предавството и убиството на Христос на Голгота. На Лазарева сабота обичај е да се носат гранчиња од врба што симболично претставува свечено Христово влегување во Ерусалим, каде што го пречекале следбениците. Во…

повеќе...

Велики Петок неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 29 април 2016 година (петок), Велики Петок, петок пред Велигден е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од православната вероисповед коишто го чевствуваат им го честита празникот Велики Петок.

повеќе...

Започна одбележувањето на патронатот на ОУ „Христо Узунов“

Започна одбележувањето на патрониот празник на ОУ „Христо Узунов“. Оваа година се одбележуваат 111 години од смртта на Христо Узунов. „Од ова училиште имаат излезено голем број генерации кои што денеска значат нешто во ова општество, голем број квалитетни кадри кои што можеби во меѓународни рамки се пробиваат низ својот животен пат. Мене ми е драго, што во овој момент сум на чело на овој колектив кој што и тоа како изобилува со квалитетен кадар, кој што исто така во иднина ќе се трудиме да опстанеме на ова бреме кое не…

повеќе...

Вевчанските лазарки после 65 години повторно низ Вевчани

„…Пејте Лазарки по куќите,  по куќите Вевчански полни, рамни, овде јунак Лазаре за женен, овде мома Лазаре за можен, овде дете Лазаре за керштен…“ „Утре на Лазарева сабота, Вевчанските Лазарки после 65 години повторно низ Вевчани од срце ќе ги запеат Лазарските песни со желби за здравје, радост, бериќет, слога и љубов за сите, најавувајќи го доаѓањето на Христовото Воскресение – ВЕЛИГДЕН“– изјавуваат од КУД,,Дримкол,, – Вевчани. Лазарките поделени во две тајфи, Горнамалски и Долнамалски предводени од завељвачите и буљумбашите ќе го започнат обичајот во 08.30 часот од соборниот храм…

повеќе...