МОК и МКФ потпишаа Договор за соработка

Претседателот на Македонскиот олимписки комитет (МОК), Васил Тупурковски и претседателот на Македонската кошаркарска федерација (МКФ), Петар Наумовски денес потпишаа Договор за соработка со кој МОК, во следниот Олимписки циклус, интензивно ќе ја помога МКФ, пред се, во насока на обука на тренерскиот кадар. Овие проекти, за кои МОК веќе обезбеди финансиски средства во износ од 60,000 американски долари, ќе започнат да се реализират во 2016 година и се однесуват на обезбедување на следните проектни активности: Бранко Андриевски, координатор на младинските категории на МКФ, ќе престојува во Олимпискиот центар во Коларадо…

повеќе...

Потпишан договор за изработка на Просторен план за НП Пелистер

Министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети, директорот на Националниот Парк Пелистер, Амет Аџиу и директорот на Агенцијата за планирање на просторот, Љупчо Георгиевски, денеска, потпишаа договор за изработка на Просторен план за Националниот Парк Пелистер. Вкупната вредност за изработка на овој просторен план изнесува 3.665.320,00 денари, при што Министерството за животна средина и просторно планирање преку Годишната Програма за изработка на просторни планови за 2016 год. за таа цел има предвидено 900.000,00 ден. Останатите средства за реализација на целокупниот проект ќе се предвидат во Програмата за изработка…

повеќе...

Дебата за Договорот од Париз и климатските промени

Процесот на приближување на националното законодавство со законодавството на ЕУ, доведе до многубројни начела во врска со мерките кои треба да се преземат за ублажување на климатските промени. Македонија е потписник на Парискиот договор за климатските промини, а со тоа продолжува и кон натамошните заложби за намалување на мисиите за стакленички гасови. Ова денеска го истакна заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Арбр Адеми на дебатата по повод Меѓународниот ден за животна средина, во рамките на кампањата „ЕУ Разговори” на тема „Париски дговор-климатски промени и управување со водите”.…

повеќе...

Договор меѓу Македонија и Албанија за социјално осигурување

Од 1 јуни 2016 година стапува на сила Договорот за социјално осигурување меѓу Република Македонија и Република Албанија за социјално осигурување. Со примената на Договорот се регулира остварувањето на правата од осигурување за граѓаните на овие две држави и членовите на нивните семејства. Ова е современ европски договори со оглед на тоа што истиот се однесува на лица, а не на државјани на двете договорни страни и спаѓа во редот на таканаречените “отворени договори”. Договорот содржи одредби за права од пензиското и инвалидското осигурување, здравственото осигурување и здравствена заштита и…

повеќе...

Потпишан проектен документ за изработка на Втор ревидиран извештај за климатски промени

Министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети и постојаниот претставник на УНДП во Македонија Луиза Винтон го потпишаа проектниот документ за изработка на Втор ревидиран извештај за климатски промени. Во таа прилика министерот Амети нагласи дека изработката на извештајот претставува продолжување на активностите кои нашата држава ги спроведува повеќе од 15 години, како одговор кон меѓународните обврски и во согласност со начелата вградени во Законот за животна средина и усвоените стратешки и плански документи на национално ниво. „Првиот двогодишен ревидиран извештај за климатски промени е усвоен од страна…

повеќе...

Потпишан Договор за соработка помеѓу Институтот за културно и духовно наследство на Албанците и Академијата на науките на Албанија

Министерот за образование и наука м-р Пиштар Лутфиу, денес присуствуваше на потпишувањето на Договор за соработка помеѓу Институтот за културно и духовно наследство на Албанците и Академијата на науките на Албанија. „Денес е посебен ден за албанската наука, а особено за албанолошките студии. Денес се поставуваат основите на институционална соработка меѓу двете истакнати албански институции како што се Академијата на науките на Албанија со седиште во Тирана и Институтот за културно и духовно наследство на Албанците со седиште во Скопје“, рече министерот Лутфиу. Ние како Министерство за образование и наука,…

повеќе...

Меморандум за соработка со Стопанската комора на Северозападна Македонија

Царинската Управа на Република Македонија и Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија на 17 февруари 2016 година, потпишаа Меморандум за соработка како резултат на добрата долгогодишна соработка. Главните цели на Меморандумот се однесуваат на организирање на обуки за бизнис заедницата како и согледување на потребата и темите за нивна реализација. Царинската Управа и Стопанската Комора на Северо – Западна Македонија партнерски ќе работат на спроведување анализи и обуки за потребите на претставниците на бизнис заедницата и на други целни групи за нивно континуирано стручно усовршување, како и на подготовка на програми…

повеќе...

Потпишан договор за рестартирање на „Порцеланка“, 1.000 нови вработувања

Владата на Република Македонија и индиската групација БРГ денеска во Велес потпишаа договор за реализација на инвестиција во која ќе биде рестартирана поранешна „Порцеланка“. Инвестицијата е вредна околу 31 милион евра, а планирани се илјада нови вработувања што ќе бидат реализирани низ повеќегодишен план. На потпишувањето на договорот во Велес присуствуваше и премиерот Никола Груевски. Тој истакна дека групацијата БРГ е една од најголемите и најбрзорастечки светски компании во производството на производи од челик и оти со влезот на оваа компанија во Македонија ќе се врати во живот „Порцеланка“. „Новата…

повеќе...

Ставрески: Трендот на раст на индустријата ќе помогне да се реализира планираниот раст на економијата од 4 отсто во наредната година

Трендот на раст на индустријата во последните четири месеци е извонреден и двоцифрен и покажува дека имаме добар влез во следната година и ќе помогне не само да се оствари планираната стапка на раст од 3,5 проценти за годинава, туку и да имаме добар старт на 2016 година и да го реализираме растот од 4 проценти. Ова го истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески во одговор на новинарско прашање по потпишувањето на договорот за заем со КФВ банката за реализација на системот за топлификација на Битола. Ставрески нагласи…

повеќе...

Американски Делфај ќе инвестира 15 милиони евра и 500 вработувања

Американската компанија „Делфај“ од автомобилската индустрија ќе инвестира во Македонија. Договорот во Скопје за реализаицја на инвестицијата го потпишаа директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Виктор Мизо и глобалниот директор за оперативни активности на Групацијата Делфај Луси Тоскани. По потпишување на договорот Мизо истакна дека станува збор за инвестиција која ќе се реализира во неколку фази, а првата е во вредност од 15 милиони евра и ќе отвори 500 нови работни места. За неколку години се очекува извозот да достигне над 150 милиони евра годишно. „Со оваа компанија првобитно стапивме во…

повеќе...