Фудбалската федерација на Македонија им донираше опрема (дресови, копачки, маици, шорцеви, фудбалски топки) на женските клубови во млади категории. Во „Куќата на фудбалот“ донација примија вкупно дванаесет клубови кои се натпреваруваат во младинските женски лиги. АС Јунајтед, Кочани, Габер, Младост, Шар Планинка, Билјанини Извори, Кратово, Џиџи, Топ Гол, Порече, Атлетико и Тиверија. Сузана Трпеска од Шар Планинка во врска со оваа донација го потенцираше значењето на доделената опрема и дополни: „Ова е позитивно за развојот на женскиот фудбал. Благодарност до ФФМ што и на овој начин се обидува да влијае…
повеќе...Tag: донација
ФФМ донираше спортска опрема за 115 екипи во младинска конкуренција
Фудбалската федерација на Македонија им донираше опрема (спортска опрема и фудбалски топки) на екипите од Супер и Првата лига (пионери, помлади пионери, кадетска и младинска конкуренција). Во просториите на „Куќата на фудбалот“ донација примија претставници на 115 екипи кои се натпреваруваат во системот на Фудбалската федерација на Македонија. „Фудбалската федерација на Македонија повторно го помага развојот на младите категории. Помошта во вид на спортска опрема е многу важна и е од голема помош за екипите и за родителите на децата кои тренираат“, – истакна Драган Иванов од ФК Силекс. Координаторот…
повеќе...Донација од Лајонс клубот „Десарети” за учениците со посебни потреби во ОУ „Братство Единство”
Лајонс клубот „Десарети” Охрид донираше нагледни средства за учениците со посебни образовни потреби во ОУ „Братство Единство”. Нагледните средства во голема мера ќе ја олеснат работата со учениците од ранливата категорија и ќе ја зголемат нивната мотивација за работа и учење. „Оваа донација е резултат на континуирана соработка со клубот, кој секогаш ја покажува својата хуманост донирајќи во нашето училиште. Изразуваме голема благодарност кон Лајонс клубот „Десарети” и во иднина се надеваме дека нашата саработка ќе се прошири и ќе се реализираат поголеми проекти, се со цел да им се…
повеќе...Хуманитарна акција на ОУТУ „Ванчо Питошески“
Хуманитарна акција на средношколската младинска организација при ОУТУ „Ванчо Питошески“ под мотото „Помислете и на нас“ по повод Неделата на борба против гладта (16-22 октомври). Учениците заедно со професорите донираа парични средства и прехранбени производи за гладните деца, а со тоа покажаа дека нивното срце е отворено и болката околу нив е и нивната болка. Со собраните парични средства учениците купија прехрамбени производи и заедно со останатите собрани продукти ги донираа во Црвен крст – Охрид. Покажувајќи ја својата хуманост на дело учениците сакаат да го направат подобар животот на…
повеќе...Градоначалникот и најблиските соработници донираа производи за помош на ранливите категории на граѓани
Со купување на прехранбени производи за ранливите катогории на граѓани, градоначалникот Никола Бакрачески и неговите најблиски соработници, се вклучија во одбележувањето на 16 октомври, Светскиот ден на храната и неделата на борба против гладта. Бакрачески во оваа пригода ги истакна програмите кои Општина Охрид и Советот ги реализираат во социјалната сфера, а посебно за оваа кампања истакна: „Општина Охрид заедно со општинската организација на Црвениот Крст, по четврти пат се вклучи во кампањата, со цел да се подигне свесноста за солидаризирање и помагање на ранливите категории на граѓани. Ги повикувам…
повеќе...Собрани 23.110 денари на хуманитарната забава во пабот „Даблин“ за поплавените подрачја
На вчерашната хуманитарна забава во организација на Охрид Денес, која се одржа во ирскиот паб Даблин беа собрани 13.110 денари во кутиите за донации за помош на жителите од поплавените подрачја во Скопје. Со донациите на хуманите сограѓани и донацијата на паб Даблин вкупно беа собрани 23.110 денари кои утрово беа уплатени на официјалната жиро-сметката за помош на жителите на поплавените подрачја во Скопје. Организаторите изразуваат голема благодарност до персоналот и сопственикот на паб Даблин, Аце Савески кој донираше дополнителни 10.000 денари како повеќе би помогнале на настраданите сограѓани во Скопје.…
повеќе...Нова донација на опрема преку програмата EXBS на амбасадата на САД
Програмата за контрола на извозот и граничната безбедност (EXBS) на Амбасадата на САД во Република Македонија на Царинската управа ѝ врачи опрема во вредност од 8.918 американски долари – 7 пејџери за откривање на радијација, наменетa за спречување на незаконско тргување со стоки. Опремата што официјално беше предадена денес и што царинските службеници ќе ја користат во нивната секојдневна работа, ќе придонесе за поефикасна и поефективна борба против прекуграничниот криминал и за подобри резултати во откривањето и спречувањето на недозволената трговија и заштита на границите. Во изминатите десетина години, Aмбасадата…
повеќе...Над 350.000 евра собрани донации за настраданите во поплавите
Над 350.000 евра се собрани на жиро сметката на фондот за солидарност при Црвениот крст за помош на погодените од поплавите. Парични донации и понатаму се собираат преку телефонскиот број 143 – 400 од сите домашни мобилни оператори, а цената на еден повик е 100 денари. Донираа многу компании, но и странски држави помогнаа со техничка помош и луѓе за испумпување на вода. Извор: meta.mk
повеќе...Охридските пензионери донираа за настраданите семјества
По сознанијата за состојбата на настраданите скопски подрачја од поплавите, ЗП Охрид и Дебрца веднаш се вклучи во организирање на хуманитарната акција. Преку Активот на пензионерки се органзира акција за собирање на најнеопходните потреби за настраданите семејства. Според претседателот на ЗП Охрид и Дебрца, Ѓорѓи Трпчески, собрани се 100 женски чевли, машки и детски патики, околу 300 детски памперси и друга детска и бебешка облека, десетина пакети мешана женска и машка облека, постелнина, покривки, хигиенски средства, тоалетна хартија, и други домашни потреби за дезинфекција. „Хуманитарната помош, вчера беше дистрибуирана до…
повеќе...Охрид солидарен за Скопје: Естрадата пееше и донираше за поплавените
Дел од македонската естрада вчера настапи на Градскиот Плоштад во Охрид и здружено со граѓаните донираа за поплавените семејства во Скопје. Кутиите за донации за кратко време се наполнија, а донации стигнуваа и од странските туристи кои не ги криеа своите солзи. Анастасија Петреска, нејзиниот татко Наум, Боби Мојсовски, Ѓоко Таневски, Татјана Стефановска, Зуица Лазова и организаторката Елена Велевска се само дел од пејачите кои настапија на овој хуманитарен настан. Апелираат до сите колеги кои не беа во можност да настапат, да донираат за настраданите подрачја. Освен паричните донации, се…
повеќе...