Институциите од областа на културата се вклучуваат во хуманитарната акција за помош на загрозените од поплавата

Министерството за култура преку своите институции: театри, музеи, галерии ќе реализира повеќе хуманитарни театарски претстави, концерти, продажни изложби и други активности со што се вклучува со донација на приходи од продажбата на билети со цел да помогне на населението чии домови настрадаа во катастрофалните поплави. Собраните средства ќе бидат префрлени на посебна жиро-сметка наменета за помош на граѓаните погодени од поплавата. Во прилог ви ја доставуваме програмата на Националните установи и културните настани кои ќе бидат реализирани во наредниот период. Воедно ги повикуваме граѓаните од целата држава да ги посетат…

повеќе...

Црвен крст: На вчерашниот концерт собрани над 100 илјади денари

На вчерашниот хуманитарен концерт кој на иницијатива на пејачката Елена Велевска и во организација на Општина Охрид и Црвен крст Охрид се одржа на Градскиот плостад во Охрид, во касите на Црвен крст Охрид беа собрани 101.570 денари, 50 евра, 20 австралиски долари, 20 УСА долари, 5 новозеландски долари и 20 лева. Со своја донација (бебешки пелени, вода и конзервирана храна) на вчерашниот хуманитарен настан, помогнаа и Тамаро маркетите. Сите собрани средства ке бидат наменети за помош на населението од поплавените подрацја во скопскиот регион. Од Црвениот крст Охрид изразуваат…

повеќе...

„Продиџи“ ќе донираат за граѓаните од поплавените подрачја

Светски познатата група „Продиџи“, која на 14 август ќе настапи во Охрид, на својата „Фејсбук“ страница напиша дека ќе донира за настраданите од поплавите кои во саботата го зафатија Скопје и околината. Членовите на англиската електронска група упатија сочувство до семејствата на жртвите. „Срдечна почит за Македонците кои ги изгубија животите и беа погодени од поплавите. Ние ќе донираме во знак на солидарност на Црвениот крст на Македонија. Сочувство за сите жртви, нивните семејства и за сите македонски борци“, напиша групата на социјалната мрежа. Концертот на „Продиџи“ треба да се…

повеќе...

Членовите на ракометната школа „Седмерец“ донираа за поплавените подрачја во Скопје

Како е да се делува сплотено и во тим уште еднаш покажа младата ракометна надеж, односно членовите на Ракометната Школа „Седмерец“ од Охрид. Тие ја покажаа својата хуманост преку донации кои денес ги собраа на градскиот поштад. „Многубројни граѓани изненадени од ваквиот чекот на Седмерчињата, исто така дадоа свој придонес и се приклучија на хуманитарната акција. Ваквата акција се спроведе со помош на ОО на Црвен крст Охрид, кој воедно сообраните средства ќе ги достави онаму каде што е најпотребно. Презадоволни сме што успеавме да поттикнеме да се развие чувството…

повеќе...

Парична помош од Оштина Охрид по поплавите во скопскиот регион

На барање на градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, а по повод невремето во Скопскиот регион кое однесе човечки жртви и големи материјални штети, претпладнево заседаваше Комисијата за финансии при Советот на Општина Охрид која донесе одлука да даде парична помош од 300. 000 денари до Општина Гази Баба чија територија имаше најголеми штети од елементарната непогода. Граѓаните на Охрид преку органите на општината, Градоначалникот и Советот сакаат уште еднаш да ја изразат својата солидарност и хуманост и да упатат сочувство до семејствата на несреќно загинатите лица. Воедно на Вонредната Седница…

повеќе...

„Пелистерка“ достави 50.000 литри вода во настраданите места од поплавите

Македонската компанија „Пелистерка“ достави 50.000 литри вода за пиење во местата кои најмногу беа погодени од завчерашното големо невреме што го зафати скопскиот регион. Вработените во „Пелистерка“ самите ја доставија водата во погодените подрачја во скопско бидејќи таа во моментов им е најнеопходна на тамошните жителите со оглед на тоа дека поплавите и големите наноси кал ги загадија водоводите и водата не е безбедна за пиење. „Со големо жалење ја примивме веста за катастрофалните последици од невремето и поплавите кои однесоа многу човечки животи. Солидарноста во вакви случаи треба да…

повеќе...

ОУ „Григор Прличев“ се вклучи во одбележувањето на Недела на солидарноста

Основното училиште „Григор Прличев“ се вклучи во акцијата на Црвен крст Охрид, по повод Недела на солидарноста 18-24 април. „Основците и вработените донираа помош во храна, средства за хигиена, облека, обувки, детски играчки, постелнина… акцијата наиде на голем одѕив. Под мотото „Вашиот прилог – Значајна помош“ вклучувањето и спроведувањето на оваа акција ги поттикна нашите ученици на хуманост.“– велат од училиштето.

повеќе...

Донација од Чешка за македонската полиција

Денеска во Министерството за внатрешни работи, министерот Оливер Спасовски и амбасадорот на Чешката Република Мирослав Рамеш го потпишаа Договорот за донација од 740.000 евра за набавка на 25 теренски возила за потребите на македонската гранична полиција. „Би сакал да ја искористам оваа прилика уште еднаш да и се заблагодарам на Чешката Влада и Министерството за внатрешни работи на Чешката Република за несебичната поддршка која ни ја даваат во справувањето со мигрантската криза, знаејќи дека ова е трета донација од нивна страна која е директно наменета за полициските службеници“, истакна министерот…

повеќе...

Голема хуманитарна акција на ОУ „Братство Единство“

Во пресрет на новогодишните празници, учениците од Училишната заедница при ОУ „Братство Единство” и одговорните наставници организираа голема хуманитарна акција. Целта на акцијата беше да се обезбедат продукти за социјално загрозени семејства и новогодишни пакетчиња за ученици од ранлива категорија. „Длабоко сме свесни за фактот дека во нашето училиште учат голем број ученици чии семејства, за жал секојдневно се борат да преживеат и да ги задоволат основните егзистенцијални потреби. Резултатот од акцијата ги надмина сите наши очекувања, за што би сакала да им оддадам признание и должна благодарност на неколку…

повеќе...

Лајонс клубот „Десарети” со донација за ОУ „Братство Единство”

Лајонс клубот „Десарети” денеска донираше нагледни средства за учениците со посебни образовни потреби во ОУ „Братство Единство”. „Благодарни сме за донацијата од Лајонс клубот „Десарети”, со кои имаме долгододишна соработка. Нагледните средства во голема мера ќе ја олеснат работа со учениците со посебни образовни потреби”– информираат од училиштето.

повеќе...