Во просториите на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, денес се одржа прес-конференција, на која говореше директорот на ЈП „Билјанини извори“, Ристе Мишев. „Во новите видео-реклами со кои СДС и нивниот кандидат Јован Стојаноски се обидуваат да го излажат народот со куп шарени лаги и лажни ветувања, се појави и ветување за модернизација на спортскиот центар „Билјанини Извори“. Дали Јован Стојаноски и СДС мислат дека е доволно да кажат една реченица дека нешто ќе модернизираат без притоа да напоменат конкретно што ќе направат таму? Црните денови кои во спортскиот центар „Билјанини Извори“ ги…
повеќе...Tag: дпмне
Тилевски: Враќање на автентичноста и сјајот на Охридската Чаршија
Охрид претставува лулка на културните, традиционалните, историските и религиски вредности. Македонската култура е дел од македонскиот идентитет, македонската култура не издвојува, но и не соединува со Светот. Нејзин белег е Охрид, додека пак за Охрид, траен белег е Чаршијата, место каде што се случуваат многуте меѓународни манифестации, национално-културни настани, концерти и претстави, спортски настани, изложби и промоции. Ова го истакна на денешната прес-конференција, кандидатот за градоначалник на Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Тилевски. „Чаршијата е ризница на културата, затоа со новиот проект ќе се пристапи кон: – Изработка на…
повеќе...Манчев: Никој нема право да ги злоупотребува природните богатства на Охрид за да прикрива неодговорни политики
Во просториите на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид, денес се одржа прес-конференција, на која говореше кандидатот за советник, Димитар Манчев. „СДС демонстрира лажно душегрижништво за природните богатства, водата, квалитетот на воздухот и животната средина. Зборот бил збор!? Ние, уште еднаш укажуваме дека никој нема право да ги злоупотребува природните богатства на Охрид за да прикрива неодговорни политики. На прес-конференција одржана на 3 февруари 2017, актуелната пратеничка од СДС Жаклина Лазаревска, во име на партијата на новинарско прашање, што би правеле тие ако се на власт и ако нивото на езерото е на ниско ниво одговори: – Ние одма…
повеќе...Донев: На ЈП „Нискоградба“ и следи просперитетна иднина
Директорот на ЈП „Нискоградба“ Охрид, Сашо Донев, денес во просториите на ОК на ВМРО-ДПМНЕ одржа прес-конференција, на која истакна: „Почитуван кандидат за градоначалник Јован Стојаноски, како довчерашен советник многу добро сте запознаен со незавидната состојба на јавните претпријатија кои беа доведени од власта на СДС. Во големата желба да ги затскриете злоделата од минатото, невешто демонстрирате селективна меморија потценувајќи ги граѓаните на Охрид. Вие сте кандидат на СДС, а таа партија и нејзиниот градоначалник во осум години ги урнисаа јавните претпријатија во Охрид. Ги презадолживте и доведовте до неликвидност со над…
повеќе...Тилевски: Реконструкција на повеќе сообраќајници во Охрид и околината
Инвестирањето во патна инфаструктура значи инвестирање во безбедноста, времето, достапноста и економскиот развој на општината. Непречено комуницирање и пренос на стока само со добра и солидна инфрастуктура, истакна денеска Митко Тилевски, кандидатот на Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Охрид. Тој во изјавата за медиумите најави повеќе инфстраструктурни проекти доколку ја добие довербата на граѓаните. „Приоритетен проект во новата програма на ВМРО-ДПМНЕ е комплетна реконструкција на Булевар „Туристичка“. Овој проект опфаќа, реконструкција на коловозот, атмосферска канализација, водоводна мрежа по потреба, изградба на пешачка и велосипедска патека, хортикултурно уредување.…
повеќе...Тилевски: Реконструкција на градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“ и плоштадот „Крушевска Република“
Кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Митко Тилевски, најави реконструкција на градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“ и плоштадот кај Чинарот. Како што рече на денешната прес конференција, квалитетни и препознатливи градби како и напредни услуги за граѓаните се неопходен чекор за создавање и одржување на растот и развојот на Охрид. „ВМРО-ДПМНЕ не застанува, како што не застана и претходните години. Продолжуваме со исто темпо, помотивирани и посветени, остануваме на патот Охрид да го направиме квалитетно место за живеење со светла иднина за охриѓани. Новите два проекта: Реконструкција на градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“ и…
повеќе...Тилевски: Градскиот Кеј ќе биде нов лик на градот, модерно шеталиште
Кандидатот за градоначалник на Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Тилевски денес одржа прес-конференција, на која го најави новиот проект „Изградба на Кеј“. „Нашиот долг и наша обврска е да продолжиме Охрид да го градиме и да биде уште попозната туристичка дестинација. Целта ќе биде забрзан развој на инфраструктурниот и туристичкиот сектор. Градскиот кеј како најрепрезентативно и најпосакувано место во градот, во моментов се наоѓа во лоша состојба и со сериозно нарушена статика.“– изјави Тилевски. Како што кажа Тилевски, проектот опфаќа реконструкција, санација и уредување на Градскиот кеј, да се изврши…
повеќе...Стефаноска: Образованието е клучен фактор за напредокот на градот Охрид
Кандидатката за советник од ВМРО-ДПМНЕ Охрид, д-р Снежана Стефаноска, денес одржа прес-конференција, на која го презентираше проектот „Реконструкција или доуредување на градинки, Основни и средни училишта“. „Образованието е клучен фактор за напредокот на градот Охрид. Знаењето е сила, знањето е моќ. Вложувањата во образованието се вложувања во иднината на нашите деца и нивно формирање како здрави личности, кои ќе бидат подготвени за современите предизвици на животот. Изминатите 4 години покажавме максимална посветеност кон унапредувањето и развојот на образованието како и подобрување на образовната инфраструктура: реконструкција на училиштен објект ОУ „Григор Прличев“, реконструкција на објектот (фасада,…
повеќе...Трајкоски ги презентираше проектите од новата Програма од областа на партерното уредување
Кандидатот за градоначалник на Општина Дебрца од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Трајкоски денес одржа прес-конференција, во с.Велмеј пред реконструираната чешма. Тој ги презентираше досега реализираните проекти од областа на партерното уредување, како и проектите од новата програма кои ќе бидат реализирани во новиот мандат од областа на партерното уредување. „ВМРО ДПМНЕ практицира, ветување, реализација, отчетност, а токму ваквата пракса е кристално јасна и видлива во изминативе четири години. Нашите ветувања ќе продолжат, но докажавме дека тоа никогаш не биле празни зборови туку зборови кои преминале во реализирани проекти. За развојот на Дебрца…
повеќе...Тилевски: Посветено работиме на градење и поттикнување на културата како темелна вредност на Охрид
Кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, д-р Митко Тилевски денес одржа прес-конференција пред црквата Св. Софија, на која се осврна за проектите од Културата за развој на културниот туризам во Охрид. „Охрид – лулка на културните цивилазации, ризница од традиционални, историски и религиски вредности. Уникатните вредности во градот ни даваат насока и обврска за културен учинок во секоја активност која ја цениме како промотор на Охрид, почитување на неговите вредности и зачувување на градските ликови и нивните дела. Посветено работиме на градење и поттикнување на културата…
повеќе...