При претрес во домот на охриѓанец пронајдена дрога

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против К.С.(33) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанциии и прекурзори”. На 12.04.2017 година, во Охрид при претрес во домот на пријавениот, пронајдени се најлонска паковка со 1,23 грама марихуана и најлонска паковка со 5,17 грама хероин.

повеќе...

Пронајдени 30 килограми марихуана кај Калишта

Вчера околу 22:00 часот во атарот на село Калишта-струшко на околу 300 метри од брегот во Охридското Езеро полициски службеници од Полициската станица Струга во содејство со РЦ Запад-Полициската станица за Граничен надзор „Охридско езеро“ во пловен објект (глисер) врзан за бова пронашле опојна дрога марихуана. Се работи за бел мал чамец во должина од околу 4 до 4,5 метри со мотор без капак каде што при преглед биле пронајдени две црни торби со по 14 паковки тревкаста материја или вкупно 28 паковки со вкупна тежина од околу 30 килограми…

повеќе...

Пронајдена дрога и запленети рибарски мрежи во близина на кампот „Андон Дуков“

Во координирана акција на СВР Охрид и криминалистичката полиција при Министерството за внатрешни работи реализирана во Охрид, пронајдени се и одземени околу 40 килограми зеленкаста растителна материја, најверојатно опојна дрога марихуана. Акцијата, беше реализирана вчера околу 9:00 часот во близина на автокампот „Андон Дуков“. Спроведувајќи ја акцијата, полициските оперативци извршија претрес во метална барака на една нива во близина на кампот при што биле затекнати две лица од Охрид, а биле забележани четири најлонски црни вреќи во кои имало 16 прозирни најлонски паковки. При претресот извршен по добиена наредба од судија…

повеќе...

Приведен стружанец кај кого била пронајдена дрога

Вчера во периодот од 12:00 до 13:30 часот, со Наредба од Основен суд Струга, полициски службеници од ПС за ГН „Франгово“ извршиле претрес во домот на О.Д. (61) од Струга. При претресот во кујната бил пронајден керамички тањир со непозната бела прашкаста материја, една пластифицирана картичка со траги од непозната бела прашкаста материја, како и едно парче од најлонско ќесе со траги од непозната прашкаста материја. О.Д. бил приведен во ПС Струга за понатамошна постапка. Пронајдените предмети ќе бидат испратени на вештачење.

повеќе...

Пронајдена дрога во возило кај Рача – приведено едно лице, другото е во бегство

Вчера околу 04:50 часот на ул. „Наум Охридски“ во н.Рача – Охрид, од страна на полициски службеници бил даден знак за застанување на ПМВ„Шкода Фабиа“ со скопски регистарски ознаки. Возилото не застанало, туку ја намалило брзината, а две лица излегле од возилото и побегнале. По преземени мерки во врска со настанот, во ПС Охрид бил приведен С.Д.(65) од Битола. При прегледот, во возилото била пронајдена и подигната за вештачење поголема количина опојна дрога, најверојатно „марихуана“. Се преземаат мерки за пронаоѓање на другото лице и за целосно расчистување на настанот.

повеќе...

Кривична пријава за стружанец кој користел дрога во Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.И. (31) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. и „овозможување на употреба на наркотични дроги”. На 25.07.2016 година околу 19.00 часот пријавениот на лице од Охрид му продал 22.81 грама марихуана, додека на 26.07.2016 година во своето возило и овозможил на Ш.Е заедно да користат хероин кој го поседувал.

повеќе...

Пронајдена дрога во дом на охриѓанец

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.А. (34) во Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”. На 12.10.2016 година во Охрид бил извршен претрес на дом и помошни простории кои ги користи пријавениот и притоа биле пронајдени и одземени 3,85 грама марихуана.

повеќе...

Пронајдена и одземена дрога од жител од Радолишта

ПС Струга поднесе кривична пријава против Д.Ш. (38) од с.Радолишта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 07.08.2016 година во Струга, на ул. „Маршал Тито“ бил извршен преглед над пријавениот при што биле пронајдени и одземени 3,53 грама марихуана, 0,5 грама мешавина од тутун и марихуана, 20 таблети со активна компонента бромазепам – медикамент од групата на бензодиазепини и нож на расклопување со сечило од 9 см. Пријавениот, марихуаната ја набавил за цена…

повеќе...

Пронајдена дрога во Охрид кај жител од Жировница

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.Б. (30) од с.Жировница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни суостанции и прекурсорси”. На 14.08.2016 година во 23.35 часот, во кругот на СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид полициски службеници извршиле преглед врз пријавениот и пронашле четири рачно изработени цигари со 2,48 грама марихуана.

повеќе...

Нарконон Балкан – Центар за рехабилитација од зависности

Нарконон Балкан претставува Центар за рехабилитација од зависности (дроги, алкохол), кој се наоѓа во с.Конопиште – Кавадарци, а успешно работи веќе 12 години. Се издвојува од другите центри за рехабилитација по тоа што работи по лиценцирана програма (во светот постојат 60 центри од ваков тип, а овој Центар е единствен од ваков тип на Балканот), се е на природна база (со витамини и минерали), не се користат никакви лекарства. Во програмата, како многу важен дел од рехабилитацијата, е вклучена сауна и посебни масажи што ги олеснуваат физичките потешкотии, како и…

повеќе...