Пронајдена опрема за пресување и пакување дроги

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал по претходно изготвен план за преземање на активности во врска со сознание за недозволена трговија со дрога изврши претреси на две локации на подрачјето на Гостивар и Маврово, заради обезбедување на докази за сторено кривично дело – “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” предвидено и казниво по член 215 од КЗ на РМ. При претресите запленети се калапи и друга погодна опрема за пресување на наркотична дрога, 434 куршуми со калибар 7,62 за автоматска пушка како…

повеќе...

Реализиран превентивен проект за штетноста од користењето дроги

Регионалниот центар за гранични работи – „Запад“ во соработка со министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието како и со ОУ „Григор Прличев“ од Охрид, во истоименото училиште организираa заедничка активност од областа на превенцијата на тема – “Заедничка грижа за правилно насочување на учениците-Превенција од злоупотреба на дроги“. Активност којашто беше реализиран во рамки на програмта – “Родител-наставник“. Целна група на оваа активност беа ученици од VI-тите одделенија од наведеното ОУ (односно околу 80 ученици и наставници). Во проектот како предавачи беа вклучени родители, вработени во…

повеќе...

Откриени милиони швајцарски франци заработени од хероин

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал заедно со претставници од Швајцарските органи на прогонот, денеска по претходно изготвен план за преземање на мерки и активности во врска со меѓународна истрага за недозволена трговија со дрога изврши претреси на три локации на подрачје на градот Гостивар, заради обезбедување на докази за сторено кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“. Имено во текот на 2014 година, МВР на РМ спроведе успешна меѓународна истрага во соработка со Швајцарската полиција, насочена против македонски државјани инволвирани во организирање на транспорти…

повеќе...

Пронајдена дрога на Ќафасан, приведени тројца полски државјани, еден е во бегство

Во заедничка акциска контрола на царинската управа на Република Македонија и граничната полиција – регионален центар Запад, вчера на граничниот премин „Ќафасан“ беше пронајдена и одземена 1,6 килограми опојна дрога марихуана. Притоа, три лица – полски државјани се приведени, а еден полски државјанин е во бегство. Полските државјани беа детално контролирани при обид за влез во Република Македонија со нивното патничко моторно возило марка „Пежо“ со полски регистарски ознаки. При контролата, двајца од нив се упатиле кон тоалетот при што, во близина на контејнерите од џебовите извадиле и оставиле две…

повеќе...

Кривична пријава за пет лица, запленети сто грама хероин

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР во рамки на континуираните активности од ОА “Мрежа“ насочена кон сузбивање на нарко-трговијата, реализираше случај на недозволена трговија со хероин, при што запленети се 99,8 грама хероин наменет за домашниот нарко пазар и од слобода се лишени пет лица македонски државјани додека едно лице турски државјанин во моментот не е достапен на органите на прогон. Имено во текот на вчерашниот и завчерашниот ден по претходно изготвен план за превземање на мерки и активности од страна на Секторот за недозволена трговија…

повеќе...

Фатен дилер со над пет килограми марихуана сокриена во гепек

Денес околу 01,45 часот на наплатната станица Гостивар, од страна на полициски службеници било сопрено ПМВ “Голф” со скопски регистарски ознаки управувано од Р.С. (22) од с.Инџиково, скопско, кое се движело во правец кон Тетово. При преглед на возилото, во багажникот, во просторот наменет за резервна гума,биле пронајдени една вреќа во која се наоѓаале три поголеми пакувања со непозната тревкаста материја како и една торба во која се наоѓале две поголеми пакувања со непозната тревкаста материја најверојатно наркотична дрога “марихуана” со вкупна тежина од над пет килограми. Поради сомение дека…

повеќе...

Во Охрид пронајдена дрога кај битолчанец

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни сустанци и прекурсори“ СВР Охрид против Т.М. (23) од Битола поднесе кривична пријава. При извршен преглед кај пријавениот пронајдени се 25 зелени таблети екстази со втиснато лого „ДНА“ сокриени од задната страна помегу коланот и пантолоните. Таблетите содржат МДМА психоактивна супстанца односно стимуланс на централниот нервен систем што е класифициран на листата на забранети опојни дроги и психотрони супстанци. Дополнително, во предниот џеб од пантолоните пронајдена е зипер кесичка со 30…

повеќе...

Кривична за уште еден нарко дилер-дома чувал 820 грама марихуана подготвена за продажба

Единицата за недозволена трговија со дрога при Секторот за внатрешни работи Скопје, со кривична пријава до Основното Јавно Обвинителство во Скопје го предаде лицето Б.А. (25) од Скопје, поради основано сомневање дека сторил кривично дело- “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. За стореното кривично дело казниво по член 215 од КЗ на РМ, од страна на Судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од 30 денови. Врз основа на добиено сознание дека Б.А. почнувајќи од крајот на минатата и во…

повеќе...

Продолжува серијата предавања за штетноста од користење допинг во спортот

Вчера во Скопје се одржа предавање од серијата циклуси од Кампањата на АМС и УНЕСКО за штетноста од користење допинг во спортот. На предавањето тимот предавачи предводен од доктор Илија Стоилов ги информираше ракометарите од Спортската академија за штетноста од користење допинг. „Чистиот спорт подразбира заштита на интегритетот на спортот, заштита на физичкото здравје и менталниот интегритет на спортистите, и обезбедување на еднакви услови за сите натпреварувачи така што резултатите ќе бидат фер рефлексија на природните способности на натпреварувачите, нагласи Стоилов и додаде дека со оваа кампања ќе бидат заштитени и…

повеќе...

Во четири одвоени случаи поднесени кривични пријави за охриѓани поради овозможување на наркотична дрога

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.Ј.(30) од Охрид, за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги“. На 12.09.2014 година во Охрид на ул. „Ванчо Питошевски“ од страна на полициски службеници затекнат е пријавениот и уште едно лице, кои се оддаваат на уживање на дрога. Од преземени мерки е утврдено дека пријавениот набавил џоинт со тежина од 0,26 грама мешавина на тутун и марихуана, а пота го повикал лицето за да користат од дрогата. СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.К.(30) од Охрид, за сторено кривично дело „неовластено…

повеќе...