Груевски: Ревидираната прогноза на ЕБОР резултат на реформите

Ревидираната прогноза од Европската банка за обнова и развој за раст на македонската економија, од 2,7 проценти на 3 проценти, според премиерот Никола Груевски е резултат на реформите што ги спроведува Владата, инвестициите и структуираниот буџет во таа насока. „Тоа е добро. Имаме зголемување на проекцијата од страна на ЕБРД, што кажува дека ЕБРД следејќи ги реформите и инвестициите што доаѓаат како што е Амфенол, новата фабрика на Џонсон Контролс и други најавени или веќе во градба или пуштени во употреба фабрики, ја придвижува својата прогноза за Македонија дека растот…

повеќе...

Сарачини: Наскоро регистрација на компании само по електронски пат

Во Македонија наскоро ќе може да се регистрира нова фирма само по електронски пат преку регистрациски агент и без надомест, а хартиеното поднесување на пријави и барања за регистрирање фирма ќе оди во историјата. Тоа ќе го овозможат измените и дополнувањата на Законот за трговски друштва што Министерството за економија во наредните денови ќе ги достави во владина процедура. „Со измените, покрај регистрирање фирма само по електронски пат се предвидува и целосно укинување од употреба на официјалниот печат, како и лицата кои ги немаат платено придонесите, даноците и царинските давачи…

повеќе...

За шест отсто зголемен вкупниот број на туристи во земјата

За првите десет месеци од 2013 година, согласно податоците од Државниот завод за статистика, има значително подобрување на целокупната туристичка ситуација во Република Македонија, изјави министерот за економија Ваљон Сарачини. Доколку се земе вкупниот број на туристи во Македонија за првите десет месеци лани, како што рече Сарачини, можеме да констатираме дека имаме раст за шест проценти. „Ако се погледне бројот на странски туристи тогаш можеме да констатираме дека имаме зголемување на 15 отсто во однос на истиот период за 2012 година“, изјави министерот. Тој додаде дека ова е добар…

повеќе...

Ставрески очекува поголема поддршка од банките за стопанството

Банките треба поинтензивно да учествуваат во растот на економијата и да нудат повеќе кредити за стопанството, смета вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески. „Со оглед на тоа дека резултатите на македонската економија оваа година се добри, меѓу најдобрите во Европа, ризикот за банките е намален и очекувам и во 2014 година да продолжат со поинтензивна кредитна поддршка на стопанството“, рече вицепремиерот Ставрески. Тој посочи дека е добро што во претходниот месец има мало заживување на кредитниот раст. „Околу 5 проценти е меѓугодишната стапка на кредитен раст што покажува дека…

повеќе...

Со државна помош 10 компании ќе воведат ХАЛАЛ стандард

Министерството за економија во 2014 година целосно ќе финансира 10 компании за имплементирање на ХАЛАЛ стандард, најави денеска ресорниот министер Ваљон Сарачини. „За следната година предвидовме околу 3,1 милиони денари за кои сметаме дека се доволни за целосно покривање на трошоците на 10 компании кои ќе се пријават на јавниот оглас на Министерството за економија за воведување на ХАЛАЛ стандарди“, рече министерот Сарачини на денешната прес-конференција. Тој упати апел до сите заинтересирани компании кои сакаат да го зголемат нивниот извоз и да се обидат да настапат на трети пазари да…

повеќе...

Ставрески: Поинтензивен раст на индустриското производство следната година

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески очекува раст на индустриското производство до крајот на годината и уште поинтензивен раст следната година. Одговарајќи на новинарско прашање за очекувањата на индустриското производство, Ставрески оцени дека растот на индустриското производство ќе помогне да се оствари вкупниот раст на БДП што го проектиран на околу 3 до 3,5 проценти. „Сите мерки и политики, вклучувајќи го и одржувањето на ниски даноци и обезбедувањето евтини кредити, како и излегувањето на европската економија од рецесија, помагаат македонската индустрија постепено да фати залет и да се врати…

повеќе...

Сарачини: Годинава успешна за рударството во Македонија

За рударството во Македонија 2013 година беше успешна, а во наредната година планираме да реализираме многу проекти, меѓу кои и нов закон за минерални суровини и изнаоѓање странски реномирани компании кои ќе направат целосно скенирање на рудното богатство со цел да се изнајдат нови наоѓалишта. Ова го истакна министерот за економија пред почетокот на седницата на Македонската асоцијација за рударство – МАР на која се направи сублимат на сработеното во 2013 година и се разгледаа плановите за 2014 година, како и планираните измени на Законот за минерални суровини и предлог…

повеќе...

Сарачини: Зајакнати контроли и одземање на концесии за минерални суровини

Зајакнати контроли во ископувањето минерални суровини со вклучување на повеќе инспекторати, со цел сузбивање на нелојалната конкуренција, најави министерот за економија Ваљон Сарачини.  Во рамки на проектот „Отворено со бизнисот“ Сарачини одржа средба со концесионерите на минерални суровини кои истакнале дека најгорлив проблем им е нелојалната конкуренција, иако работат според законот и навремено ги подмируваат обврските кон државата во вид на концесиски надоместоци од кои 78 отсто одат во буџетот на општината каде се наоѓа локалитетот, а 22 отсто се слева во државната каса. Министерот Сарачини, излегувајќи во пресрет на…

повеќе...

Локалниот економски Совет на седница дискутираше за подготовките околу Новогодишните празници и празникот Водици

Денес градоначалникот Никола Бакрачески свика седница на Локалниот Економски Совет, на која се дискутираше за подготовките околу престојните Новогодишни празници и празникот Богојавление – Водици. Присутните беа запознаени со активностите на локалната самуправа и бизнис секторот од градов, за идеите кои се разгледуваат околу доведувањето на позната балканска естрадна ѕвезда за новогодишната ноќ и содржините за верскиот празник Богојавление. Со понудените содржини, празничната атмосфера во градот би траела од Нова Година до Водици, а гостите би се задржале за цело време да престојуваат во Охрид. На седницата министерот Бил Павлески…

повеќе...

Економските односи меѓу Македонија и Хрватска незадоволителни

Економската соработка меѓу Македонија и Хрватска ќе продолжи непречено и покрај фактот што со влегувањето на Хрватска во Европската унија по автоматизам престaна да важи Договорот за ЦЕФТА. „Соработка ќе продолжи да функционира согласно Спогодбата за стабилизација и асоцијација, а денеска заедно со министерот за економија на Хрватска, Иван Врдољак потишавме и Договор за измени и дополнувања на Договорот за билатерална трговија и економска соработка меѓу Македонија и Хрватска со кој се уредуваат сите одредби од договорот со европското законодавство“, изјави министерот за економија Ваљон Сарачини по потпишувањето на договорот.…

повеќе...