Бесими: Македонија продолжува со агендата на реформи и добрососедски односи

За време на средбата со вицепремиерот на Бугарија, Златанова, соопшти Секретаријатот за европски прашања, Бесими се осврнал на прогресот остварен во спроведувањето на активностите од европската агенда. Во таа насока, Бесими ја истакна важноста на Европската агенда да продолжи во наредниот период. Исто така, Бесими ја потенцирал заложбата на Република Македонија во насока на зајакнување на билатералните односи со Република Бугарија, продолжување со средбите на високо ниво, континуирана имплементација на постоечките договори, како и потпишување на нови со цел понатамошно одржување на добрососедски односи. На заедничката средба во Софија, вицепремиерот…

повеќе...

Заврши АгБиз програмата на УСАИД

Креирање на 637 нови работни места и обезбедување на дополнителен приход за преку 42.400 рурални домаќинства во Македонија, како и развивање на 35 нови производи во изминатите шест години овозможи АгБиз програмата на УСАИД чие официјално затворање беше означено денеска. Целта на Програмата беше да се зголеми економскиот раст на Македонија преку проширено и еколошки одржливо производство и продажба на земјоделски производи со додадена вредност и оспособување на производителите и преработувачите да се конкурентни на регионално и глобално ниво. Придонесе за зголемување на извозот на македонските земјоделски производи за над…

повеќе...

Со средства од ЕУ ќе се зајакнуваат институционалните капацитети за органско производство

Зајакнување на институционалните капацитети и подобро функционирање на секторите за органско земјоделство е целта на проектот финансиран од Европската унија што ќе се спроведува во Македонија до мај 2014 година. За овој период ќе биде направена анализа на институционалните потреби и ќе се идентификуваат производите кои можат да бидат со заштитна ознака и да се регистрираат во соодветни регистри. За спроведување на овие активности ќе бидат ангажирани меѓународни експерти кои ќе бидат вклучени во обуки, работилници и работни средби. Проектот чини 700 илјади евра, а твининг партнер на македонското министерство…

повеќе...

Бесими во Париз по француска поддршка за старт на преговорите со ЕУ

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими денеска престојува во работна посета на Праиз, каде што води политички разговори со претставници на француската држава во пресрет на Советот на ЕУ на кој ќе се одлучува за доделување датум за почеток на преговори со Република Македонија. Бесими во Париз допатува од Брисел, каде што на средбата во Европскиот парламент подвлече дека „членството е стратешка определба на земјата и затоа Владата е посветена на имплементација на сите неопходни реформски процеси, особено во областите опфатени со Пристапниот дијалог на високо ниво кој овозможи…

повеќе...

Промовирана електронската интернет база Евровок

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Фатмир Бесими и амбасадорот на Швајцарија во Република Македонија Стефано Лаѕарото вчера ја промовираа електронската интернет база Евровок.  Евровок на ЕУ е повеќејазичен, мултидисциплинарен речник, чии корисници се Европскиот парламент, Канцеларијата за публикации на ЕУ, националните и регионалните парламенти во Европа, како и националните влади и приватните корисници. „Наша цел е да се обезбеди ефективна и ефикасна координација на процесот на интеграција на Република Македонија во ЕУ и подобрување на перформансите во агендата за интеграција во ЕУ“, рече во обраќањето вицепремиерот Бесими и…

повеќе...

Груевски: Македонската економија закрепнува побрзо отколку во ЕУ

Растот на индустриското производство три месеци по ред укажува дека македонската економија закрепнува, оти работите тргнуваат во добра насока и е показател дека може да се остварат проекциите на Владата. Ова го истакна премиерот Никола Груевски одговoрајќи на новинарски прашања по присуството на промоција на дела од проектот „Ѕвезди на светската книжевност“. „Може да се каже дека тоа е еден позитивен тренд, кој што укажува на закрепнување на македонската економија, што се надевам дека ќе продолжи, иако тоа е во голема зависност од случувањата во ЕУ и во еврозоната. Меѓутоа,…

повеќе...

Бесими во дипломатска офанзива за добивање датум за преговори на јунскиот ЕУ самит

Ниту како Фатмир Бесими, ниту како вицепремиер, нема да прогнозирам за тоа дали на јунскиот ЕУ самит ќе добиеме датум за почеток на преговори за членство во Унијата, нагласи вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими денеска пред почетокот на неговата дипломатска офанзива во повеќе европски метрополи. Сепак, тој лично смета дека досега требало да биде формирана Комисијата за настаните од 24 декември минатата година и да биде решено прашањето на името, сето тоа во интерес на граѓаните и на Република Македонија. Според него, секој ден сме се поблиску до решение…

повеќе...

Министерот Попоски учествуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ и земјите-кандидати

На покана на Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Кетрин Ештон, министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски учествуваше на годишниот традиционален состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија и земјите-кандидати, кој се одржа на 27 мај 2013 година во Брисел, во форма на работна вечера. Главна тема на состанокот беше стабилноста во соседството на ЕУ, со фокус на последните случувања во јужното соседство на ЕУ, како и на перспективите за натамошно продлабочување на односите и соработката на ЕУ со…

повеќе...

Николоски во Естонија учествува во работата на седница на Мониторинг комисијата

Во рамки на седницата на Мониторинг комисијата на ПС на Совет на Европа (ПССЕ) се разгледува нацрт-резолуцијата и нацрт-препораката за постмониторинг дијалогот со Република Македонија за исполнување на обврските преземени при приемот во Советот на Европа. Известител за Македонија е британскиот пратеник, г. Роберт Волтер. Мониторинг комисијата преставува најбитна комисија во рамки на ПССЕ и по усвојувањето на документот на седница на Комисијата, тој ќе се најде на пленарна седница во текот на летната сесија на ПС на СЕ, во јуни 2013 година, што е вообичаена постапка за земјите кои…

повеќе...

Швајцарија и Македонија со нова Стратегија за соработка (2013 – 2016)

Министерот за животна средина и просторно планирање, Абдилаќим Адеми присуствуваше на промоцијата на Стратегијата за соработка на Швајцарија со Македонија (2013–2016). Новата Стратегија за соработка со Македонија за периодот 2013-2016 планирано е да се реализира преку соработка во три подрачја: демократско управување и децентрализација, економски развој и води.  Според швајцарскиот амбасадор Стефано Лазарото, поширока цел на оваа Стратегија за соработка е Швајцарија да ја поддржи транзицијата на Македонија кон социјално инклузивна пазарна економија и демократски политички систем во контекст на европската интеграција на земјата. За реализација на целите од Стратегијата…

повеќе...