Делегација на Собранието на Македонија учествува на редовната пролетна сесија на Советот на Европа

Редовната пролетна сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа се одржува од денес, 22 до 26 април 2013 година во Стразбур,  Франција. На сесијата учествува Делегација на Собранието на Република Македонија во состав Александар Николоски, шеф на Делегацијата, Ермира Мехмети Деваја и Имер Алиу, членови. Свое обраќање на пленарната седница на ПС на СЕ ќе имаат четири шефови на држави и на влади и тоа Претседателот на Германија г. Јоаким Гаук, Премиерот на Грузија г. Бидзина Иванишвили, Премиерот на Романија г. Виктор Понта и Претседателот на Владата на Андора…

повеќе...

Учество на министерот Попоски на Глобалниот Безбедносен Форум „GLOBSEC“ во Братислава

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски, на годинешната безбедносна Конференција GLOBSEC, што од 18 до 20 април, 2013 година се одржува во Братислава, беше панелист-говорник на панелот на тема „Ре –енергизација на проширувањето на ЕУ во Западниот Балкан“. По обраќањето на Комесарот за проширување Фуле кој истакна дека Европската Комисија ги подготвува земјите кандидати за Европска Унија на иднината, а не на минатото, Министерот Попоски, во неговото воведно обраќање, истакна дека „Перспективата на Балканот во голема мера зависи од силна Европа која е подготвена и во состојба да…

повеќе...

Груевски: Позитивниот извештај на ЕК овозможува напредок

Пролетниот извештај на Европската комисија го валоризира постигнатиот напредок, ги покажува правците за иден ангажман и дава надеж дека и во следните месеци ќе имаме позитивни приближувања во процесот на евроинтеграција на земјата, изјави денеска премиерот Никола Груевски. „Ние сме задоволни од извештајот. Тој ги рефлектира нашите напори, нашиот учинок што беше направен, дава правци како натаму да се движиме во одредени работи, така што на некој начин го валоризираме нашиот труд во изминатиот период и дава надеж дека во наредните месеци ќе имаме и други позитивни приближувања во правец…

повеќе...

Средба Груевски-Ештон: Пролетниот извештај дава основи за напредок на земјата

Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски денеска (вторник, 16.04.2013 година) оствари средба со Високиот претставник на Европската Унија за надворешна и безбедносна политика и потпретседател на Европската Комисија, г-ѓа Кетрин Ештон. На средбата се разговараше за реформите кои се спроведуваат и за европските интеграции на Република Македонија. Двајцата соговорници истакнаа позитивна оценка за поентите од пролетниот извештај на Европската Комисија афирмирајќи дека дава основи за напредок на земјата. Беше констатирано дека Пристапниот дијалог на високо ниво кој Република Македонија го води со Европската Унија е од големо…

повеќе...

Европската комисија го објави Пролетниот Извештај за Република Македонија

Европската комисија го објави Пролетниот Извештај за Република Македонија. Извештајот е подготвен согласно заклучоците на Советот на ЕУ од 9 декември 2012 година, во функција на можна одлука на Европскиот совет за отворање на пристапните преговори со Република Македонија за време на Ирското Претседателство со ЕУ до крајот на јуни оваа година. Извештајот се осврнува на спроведувањето на реформите во петте клучни области опфатени со Пристапниот дијалог на високо ниво, превземените активности за унапредување на добрососедските односи, особено со соседните земји-членки на Унијата. Европската комисија и со овој извештај потврди…

повеќе...

Груевски: Моја задача е за секое крупно решение да ги консултирам граѓаните

Во основа не би коментирал колумни, секој има право да даде свое мислење, да изрази свој став. Има право и Али Ахмети и Бранко Црвенковски, Љубчо Георгиевски, Тито Петковски, а имаат право да си го кажат своето мислење и претставниците на меѓународната заедница, нагласи премиерот Никола Груевски денеска по барање на новинарите да ја коментира колумната на лидерот на ДУИ, Али Ахмети. „Се разбира и јас имам право да имам свое мислење и да имам свој став за одредени работи, но имам и обврска пред граѓаните на Република Македонија, дури…

повеќе...

Вицепремиерот Бесими се сретна со министерката за внатрешни работи на Финска, Расанен

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Фатмир Бесими денеска оствари средба со министерот за внатрешни работи на Република Финска Паиви Расанен, која е во официјална посета на Република Македонија. Досегашната соработка помеѓу двете држави, како и  нејзино продлабочување и проширување во рамки на постоечките инструменти за претпристапна помош, биле во фокусот на разговорите на средбата. Вицепремиерот Бесими нагласувајќи дека Република Финска е еден од најпотенцијалните партнери за билатерална соработка, ја истакнал важноста на поддршката која таа ја дава за Република Македонија на нејзиниот пат кон членството во ЕУ.…

повеќе...

Извештајот на ЕК за Македонија ќе биде позитивен

Пролетниот извештај за Македонија ќе биде позитивен бидејќи земјата покрај реализирањето на реформите прави одлични напори и во добрососедските односи кои се приоритет, оцени словенечкиот шеф на дипломатијата Карл Виктор Ерјавец на заедничката прес-конференција со неговиот македонски колега и домаќин Никола Попоски. Словенија ја поддржува Македонија во ЕУ и НАТО-интеграциите, посочи Ерјавец и изрази надеж дека Скопје и Атина ќе најдат заедничко решение во однос на спорот со името. „Словенија смета дека Македонија ги исполнува сите услови за полноправно членство во ЕУ и во НАТО. Се надевам дека Македонија и…

повеќе...

Одржан неформалниот министерски состанок на земјите учеснички на ПСЈИЕ

Во рамки на македонското претседавање со Процесот за соработка во Југоисточна Европа, на 10 април 2013 година, во Скопје се одржа неформален министерски состанок на земјите учеснички во Процесот. На средбата учествуваа министри и високи претставници на министерствата за надворешни работи на земјите учеснички на Процесот, генералниот секретар на Советот за регионална соработка како и претставници на Европската Унија. Министерот за надворешни работи на Република Македонија,  Никола Попоски, во  функција на претседавач со Процесот ги информира присутните со досега реализираните приоритети и активности како и очекувањата за време на македонското…

повеќе...

Комуникација во кризни ситуации – курс во Регионалниот тренинг-центар за комуникации

Подобро разбирање на елементите на комуникацијата во кризи, што во основа ќе доведе до подобра подготовка на лицата вклучени во односите со јавноста, за време на идна можна кризна ситуација. Тоа е целта на тридневниот курс кој во следните неколку дена се одржува во Регионалниот тренинг-центар за комуникации во Министерството за одбрана на Република Македонија. По повод свеченото отворање на курсот, државниот секретар во Министерството, Сашо Стефаноски, посочи дека Република Македонија, како дел од глобалните безбедносни концепти, посветено работи на имплементацијата на кризниот менаџмент, во насока на политиките за превенција…

повеќе...