Официјално одбележан стартот на твининг проектот со словенечката финансиска управа финансиран од ЕУ

Денес, во присуство на претставници на Владата на Република Македонија, претставници на дипломатскиот кор, бизнис заедницата и други соработници на Царинската управа се одржа промотивен настан за одбележување на стартот на Твининг проектот „Завршување на постапката за пристапување кон Конвенцијата за Заеднички транзитни постапки и Конвенцијата за поедноставување на формалностите во трговијата со стока“, финансиран преку Инструментот за претпристапна помош на ЕУ (ИПА ТАИБ 2010), кој се реализира со стручна помош од Финансиската управа на Република Словенија. На 1 март 2014 година, Царинската управа го стави во функција Новиот компјутеризиран…

повеќе...

Попоски: Да го вратиме кредибилитетот на проширувањето на ЕУ, дозволете Македонија да преговара

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски, на годишното обраќање пред Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на Европскиот парламент побара да се прифатат шесте последователни препораки на Европската комисија за почеток на преговорите за членство на Македонија во Европската унија со цел да се врати кредибилитетот на процесот на проширување на Унијата. Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, Попоски заедно со неговите колеги од Албанија, Дитмир Бушати, Црна Гора, Игор Лукшиќ, претседателот на црногорскиот парламент, Ранко Кривокапиќ, шефот на дипломатијата на Косово, Енвер Хоџај, на Србија,…

повеќе...

Над 664 милиони евра за Македонија од ИПА II 2014-2020

Вкупно 664,2 милиони евра односно 320 по глава на жител, се наменети за Македонија од ЕУ преку инструментот за претпристапна помош ИПА II 2014-2020. Според Националниот стратешки документ ИПА II 2014-2020, кој денеска го промовираа вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими и евроамбасадорот Аиво Орав, средствата ќе бидат искористени за реализација на конкретни и стратешки активности во четири приоритетни области како демократија, владеење на правото и човековите права, социоекономскиот развој, образование и развој на човечки ресурси и земјоделство и рурален развој. Вицепремиерот Бесими истакна дека ИПА 2 е цврст доказ…

повеќе...

Заменик министерот Ќамили учесник на тематскиот панел – “Стратегија за огнено оружје: една година потоа“

Денес во Брисел во организација на Генералниот директорат за внатрешни работи на Европската Комисија, заменикот на министерот за внатрешни работи, Земри Ќамили, учествуваше на Панел на високо ниво на тема – „Стратегија за огнено оружје: една година потоа“. Заменикот на министерот Ќамили, имаше свое обраќање на овој настан, при што се осврна на напорите што ги презема Република Македонија и МВР во овој домен, но, и од аспект на борбата против нелегалната трговија со оружје како заедничка задача на ЕУ и на регионот на југоисточна Европа. „Цврстата определба за заедничко…

повеќе...

Одбележан крајот на два проекти поддржани од ЕУ во областа на интегрирана тарифна околина

Денес, во присуство на претставници на Владата на Република Македонија, претставници на дипломатскиот кор, бизнис заедницата и други соработници на Царинската управа беше одбележан официјалниот крај на два проекти во Царинската управа, финансирани од Европската унија во областа на Интегрирана тарифна околина. Царинската управа го воведе и бизнис концептот “Интегрирана тарифна околина (ИТО), со цел да се приближи кон заедничкиот европски пазар и Царинската унија на ЕУ. Овој концепт претставува групирање на сите податоци во врска со увозните, извозните и транзитните постапки, во повеќе комјутерски системи, во кои е овозможена…

повеќе...

И годинава висока оценка од Европската комисија за Агенцијата за храна и ветеринарство

Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија и оваа година доби висока оценка од страна на Европската комисија за напредокот во евро-интеграциските процеси за периодот октомври 2013-септември 2014 година, за Поглавјето 12 кое се однесува на безбедноста на храната, ветеринарната и фитосанитарната политика. Во претходните извештаи од страна на Европската комисија беше истакнато дека е обезбедено високо ниво на усогласеност со европското законодавство и политиките, вклучително и делот на административниот капацитет, a во последниот извештај на Комисијата, како клучни новини се потенцирани посветеноста на Агенцијата во имплементацијата на усвоеното…

повеќе...

Бесими: Во извештајот има препорака и не се откажуваме од патот кон ЕУ

Исклучително важно е што и во овој извештај Европската Комисија (ЕК) дава препорака до Советот на ЕУ за почеток на преговорите на Република Македонија со ЕУ за полноправно членство, но важни се и наведените укажувањата за тоа на што во наредниот период треба да покажеме поголем напредок, истакна вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими на денешната прес-конференција. „Извештајот за напредокот на Република Македонија е заеднички документ кој де факто се пишува од наша страна и од ЕК. Всушност ние до 1 септември официјално го дадовме нашиот придонес за извештајот…

повеќе...

Орав: Извештајот годинава е посебно искрен, наведени се сите загрижувачки забелешки

Амбасадорот и шеф на Делегацијата на Европската унија, Аиво Орав, оствари средба со пратениците Роза Топузовска-Каревска, Солза Грчева и Љубица Буралиева, на кои им предаде копии од Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија. Евроамбасадорот Орав истакна дека Извештајот годинава е посебно искрен, содржи пораки за сите, и за позицијата и за опозицијата, наведени се сите загрижувачки забелешки. Пораките се навистина сериозни и се аларм за властите во земјата. И покрај сè, Европската комисија, сепак, наведува дека се исполнети копенхашките критериуми и повторно дава препорака за почеток на…

повеќе...

Шеста препорака за Македонија за почеток на преговорите за членство во ЕУ

Еврокомесарот за проширување на Европската унија, г. Штефан Филе, го објави годишниот Извештај за напредокот на Република Македонија, во кој Европската комисија по шести пат во низа дава препорака нашата земја да ги започне преговорите за членство во Европската унија. Во Извештајот се даваат позитивни и негативни забелешки за сработеното во спроведувањето на реформите во клучните области. Од суштинско значење останува одржувањето добрососедски односи, компромисно и меѓусебно прифатливо решение за името, под покровителство на Обединетите нации. Еврокомисијата преку Пристапниот дијалог на високо ниво останува посветена на евроинтегративниот процес на нашата…

повеќе...

Јолевски: Членството во НАТО и ЕУ е од стратегиско значење за Република Македонија

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски со свое воведно обраќање ја отвори конференција на тема „Западен Балкан – иднината на интеграцијата” која се одржува во Рим, Република Италија, во организација на Фондацијата на одбранбениот колеџ на НАТО, во соработка со Италијанското претседателство со Советот на Европската Унија и Балканскиот фонд за демократија. Пред присутните учесници, министерот Јолевски, најнапред упати благодарност до Претседателот на Фондацијата, и поранешен заменик генерален секретар на НАТО Алесандро Минуто-Рицо и до останатите организатори на поканата за учеството на оваа конференција. Република Македонија во изминативе…

повеќе...