Билатерални средби во рамки на учеството на Сегментот на високо ниво на Советот за човекови права на ОН

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, денеска во рамки на Сегментот на високо ниво на Советот за човекови права на ОН се сретна со претседавачот на Советот г. Јоаким Рукер. На средбата претседателот Иванов, ги поздрави неговите напори за зголемување на ефикасноста на работата на Советот за човекови права, кои се дел и од заложбите на Република Македонија при поднесувањето на кандидатурата за ова тело. Македонскиот претседател ја поздрави и иницијативата на г. Рукер за подобрување на координацијата на релациите помеѓу сродните тела на ОН во Њујорк и во…

повеќе...

Изгласана Резолуцијата за Република Македонија

Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, со 47 гласа „за“ и 10 „против“, ја усвои Резолуцијата за Република Македонија, изготвена од страна на известувачот за нашата земја, г. Иво Вајгл, во која по деветти пат во низа се упатува апел до Советот за итно отворање на пристапните преговори за ЕУ членство, без понатамошно одложување. По Предлог-резолуција првично беа поднесени дури 296 амандмани, а синоќа известувачот Вајгл излезе со 16 компромисни амандмани. Во неа се повторува дека прашањето за името, како билатерално прашање, не треба да претставува пречка за отворање…

повеќе...

Објавен водичот за новите ЕУ правила за означување на храната

Во рамки на проектот „Јакнење на капацитетите на институциите од областа на безбедноста на храната, ветеринарната и фитосанитарната политика“ од ИПА програмата за 2009 година, Агенцијата за храна и ветеринарство подготви и испечати водич за новите правила на означување на храната во Европската унија. Водичот е објавен на Македонски и Албански јазик и е наменет за операторите со храна кои извезуваат на европскиот пазар за да им помогне подобро да ги разберат новините во означувањето кои во ЕУ стапија на сила на 13 декември минатата година. Основна цел на водичот…

повеќе...

Прием за практиканти од Европската Унија

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска прими 15 практиканти од неколку земји членки на Европската Унија, во рамки на редовната програма на институциите на Европската Унија во Брисел, преку која се потврдува отвореноста и пристапноста на ЕУ институциите за младите. Практикантите изразија благодарност на претседателот Иванов за можноста одблиску да се запознаат со функционирањето на Кабинетот на Претседателот на Република Македонија.

повеќе...

Претседателот Иванов се сретна со министерот за одбрана на Република Хрватска Котромановиќ

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска го прими Анте Котромановиќ, министер за одбрана на Република Хрватска. На средбата беше изразено задоволство од досегашниот развој на односите и соработката меѓу Република Македонија и Република Хрватска на билатерален и на мултилатерален план, особено во сферата на одбраната и регионалната соработка. Претседателот Иванов ги поздрави досегашните заеднички ангажмани во интегративните процеси, во рамки на Јадранската повелба, и додаде дека реформите и мерките кои се преземаат во Република Македонија за унапредување на стандардите во сферата на одбраната, само ја потврдуваат нашата стратешка…

повеќе...

Попоски: Енергијата да се пренасочи кон ЕУ-интергацијата

Во овој момент е многу значајно да ја искористиме целата енергија во ЕУ-интеграцијата, да покажеме сериозност и да бидеме над дневните препреки, изјави шефот на дипломатијата Никола Попоски запрашан како актуелната политичка ситуација се одразува врз претстојната посета на еврокомесарот Јоханес Хан, ХЛАД-от и воопшто интеграцијата во ЕУ. „ЕУ-интеграцијата е најважна цел на Македонија околу која треба сите да бидеме сплотени. За Македонија ќе биде многу корисно да потроши што е можно повеќе енергија за ХЛАД и де факто почнување на преговорите затоа што нивниот недостаток не ја помага агендата…

повеќе...

Раководството на СДСМ се сретна со Жан Ерик Пакет, директор за Западен Балкан во Европската комисија

Актуелната политичка ситуација во Македонија и кулминацијата на проблемите во повеќе области од општественото живеење беа теми на денешната средба на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, заедно со заменик претседателката, Радмила Шекеринска и генералниот секретар, Оливер Спасовски, со директорот за Западен Балкан во Европската комисија, Жан Ерик Пакет, придружуван од амбасадорот на ЕУ во Р. Македонија, Аиво Орав. Посебно стана збор за недостигот од демократски капацитет за решавање на отворените прашања во земјава низ дијалог, како и за лошите состојби во медиумите и во судството. Претседателот Заев, рече дека сите…

повеќе...

Дебата за Македонија во Европарламентот

Известувачот за Република Македонија, Иво Вајгл од Словенија, ја претстави Предлог-резолуцијата за нашата земја пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент во Брисел, при што се разви дебата за истата. Мнозинството европратеници ја оценија Предлог-резолуцијата како реална, конструктивна и проевропска, давајќи поддршка да започнат преговорите за членство. Во Предлог-резолуцијата се споменуваат позитивните и негативните случувања во земјата и по деветти пат се препорачува Советот да ги отвори преговорите за членство на Македонија во Европската унија. Се повторува ставот дека прашањето за името не треба да биде препрека за отворање…

повеќе...

Груевски: Македонија ја има поддршката на претседателот на Европскиот совет за членство во ЕУ

Република Македонија може да смета на поддршката на новиот претседател на Европскиот совет, Доналд Туск, во однос на членството во Европската унија, порача претседателот на македонската Влада Никола Груевски, по денешната средба со Туск во Брисел. Наследникот на Херман ван Ромпуј се интересирал за реформите во земјата, ги пофалил потезите во економијата, а најголем дел од средбата минал во дискусија за причината на грчката блокада за започнување на пристапните преговори на Македонија со Унијата, а тоа е наметнатото прашање за името. „Средбата со Туск помина одлично. Разговаравме за приоритетите на…

повеќе...

Министерски форум „ЕУ-Западен Балкан“

„Државите се повеќе се загрижени за својата безбедност од феноменот на странски терористички борци. Несомнено справувањето со овој проблем наметнува сеопфатен пристап кој ќе обедини мерки за спречување на радикализацијата која води кон тероризам, пресекување на финансиската подршка на терористичките организации, енергична борба против насилниот екстремизам, како и промовирање на политичка и верска толеранција“. Ова, меѓу другото, го истакна министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска на министерскиот форум за внатрешни работи и за правда – “ЕУ- Западен Балкан“, што во органзиација на италијанското претседателство со ЕУ се одржува денес во…

повеќе...