Во понеделник ќе биде најавена годинешната програма за фестивалот Охридско лето

Во понеделник, во прес центарот на фестивалот Охридско лето, на конференцијата за печат, директорот на НУ „Охридско лето“, Елизабета Јанкуловска и селекторите на музичкиот и драмскиот дел, Гордана Јосифова Неделковска и Ѓорги Јолевски, ќе ја најават годинешната фестивалска програма, а ќе бидат промовирани и новините предвидени за годинешното издание на Охридско лето. Исто така, ќе биде поделена и комплетната уметничка програма зедно со цените на влезните билети,  со што фестивалската публика годинава навремено ќе може да се информира за настапите на врвните уметници и реномираните театарски куќи.

повеќе...

53-то издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри ќе се одржи од 6 до 11 јули

Oвогодинешното издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри, во организација на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид, од  6 до 11 јули 2014 година ќе го одбележи 53-то годишно реномирано издание како најстара фолклорна манифестација на Балканот, на која се афирмираат културните достоинства на народите. Годинава  на Балканскиот фестивал најавено е учество на 12 ансамбли и КУД што ги негуваат традиционалните народни песни и игри од Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Полска, Словенија, Грција, Србија, Турција, како и фолклорни друштва на нашите иселеници од Мелбурн, Австралија.…

повеќе...

Одбележан вториот ден од Аматерскиот Младински Театарски Фестивал „Вдиши театар“

Прекрасната изведба на театарските групи на Црвен крст Крагујевац и Црвен крст Ужице го одбележаа вториот ден од Аматерскиот Младински Театарски Фестивал „Вдиши театар“. Во исполнетата мала сала во Центарот за култура „Григор Прличев“, младите крагуевчани на креативен начин со претставата „Бран“,  испратија силна порака за опасноста од трговијата со луѓе и како да се заштитат младите. Актерите од Ужице со претставата „Дивиот Запад“,  на духовит начин ја пренесоа сликата на животот на младите во Западна Србија, иронијата за малиот град, малите луѓе и големата светла иднина. Денес на третиот…

повеќе...

Отворен првиот Аматерски Младински Театарски Фестивал „Вдиши Театар“

Во прекрасна атмосфера, на сцената во предворјето на црквата Св.Софија, вчера беше отворен првиот Аматерски Младински Театарски Фестивал „Вдиши Театар“. Многубројната публика уживаше во прекрасната изведба на талентираните млади актери-аматери од театарската група на Црвен крст Охрид кои ја изведоа претставата „Суд за морални вредности“. Фестивалот продолжува денес со изведба на две претстави од гостите на овој фестивал, театарските групи од Крагујевац и Ужице од Србија.

повеќе...

Позитивните вибрации на „Баскерфест“ ќе се почувствуваат во Охрид

Караванот за кого велат дека носи среќа, за првпат оваа година ќе гостува во Охрид. Најпосетениот уличен театар „Баскерфест“ на 28-ми и 29-ти јуни, на Градскиот плоштад и низ охридската чаршија со своите несекојдневни перформанси ќе ги забавува охриѓани и туристите. Со повеќе од 150 улични артисти, музичари и театри „Баскерфест“ на посетителите ќе им понуди несекојдневно искуство и незаборавна забава, пантомима перформанси, претстава, музика во живо, улични танчери, ликовни изложби, креативни активности – вистински сплет на културни, забавни и уметнички содржини.  Уличните фестивали се значајна културна атракција во многу…

повеќе...

Во општина Дебрца ќе се одржи прво издание на првиот фестивал „Црешнобер 2014“ – Фолк фест

Во општина Дебрца, с. Требеништа ќе се одржи првото издание на првиот фестивал „Црешнобер 2014“-фолк фест. Фестивалот ќе се одржува 2 дена и тоа, на 21 јуни(сабота) со настап на играорни групи и на 22 јуни(недела) – фестивалска вечер на македонската изворна песна. Подготовките како што велат организаторите се веќе во тек. Досега е потврдено учеството на околу 15 пеачи, меѓу кои познати реномирани имиња од македонската народна песна.  Фестивалот е во организација на Лав радио Охрид, додека  покровител на културната манифестација е општина Дебрца. Инаку, огласот е  сеуште отворен…

повеќе...

Црвен крст Охрид ќе одржи аматерски младински театарски фестивал „Вдиши театар“

Во рамки на своите програми за промоција и негување на хуманите вредности, поттикнување и развивање на креативноста кај младите, Црвен крст Охрид, ќе одржи Аматерски Младински Театарски Фестивал со наслов „Вдиши театар“. Целта на овој Аматерски Младински Театарски Фестивал е поттикнување на средношколците во градот Охрид за искористување на својот театарски потенцијал, креирање театарска игра и прикажување театарски претстави. Фестивалот е можност за промоција на работата на драмските секции од училиштата, но и поттик за професорите во осмислување и креирање на драмски текст. Самиот фестивал ќе биде еден чекор напред во…

повеќе...

Во мај за прв пат ќе се одржи фестивалот „Охрид отворен“

Здружението на интернационални фолклорни фестивали  “ИФФОМ”  во соработка со КУД „Охриѓанка”-Охрид, ги поканува сите вљубеници во фолклорот, да  присуствуваат на нашиот фестивал “ОХРИД ОТВОРЕН”, кој ќе се оддржи на 02 и 03 Мај, 2014год, во Центарот за култура „Григор Прличев” со почеток во 19ч. Фестивалот  „ОХРИД ОТВОРЕН” се оддржува за прв пат оваа година и има за цел да ја промовира македонската традиција, како и да ја презентира различната интернационална култура, преку шареноликите песни и игри.  

повеќе...

Конкурс за Канеофест 2014

Канеофест распишува конкурс за фестивалот Канеофест 2014, кој се одржува по 13 пат, а и овој пат е под покровителство на Телевизија Морис. Покрај долгогодишната традиција на фестивалот за забавна музика, оваа година по втор пат Канеофест воведува уште една фестивалска вечер наменета за фолк музика, наименувана како МОРИС ФОЛК 2014. Условите на фестивалот се следни: • Композицијата мора да биде нова, дотогаш неизведена • Композицијата не смее да содржи навредливи содржини • Композицијата не смее да биде подолга од 4 мин • Композицијата после изведбата останува во сопственост на…

повеќе...

Концертот на полскиот композитор Пендерецки – „Музички настан“ за 2013 година

Концертот на полскиот композитор Кшиштоф Пендерецки со Македонската филхармонија на минатото издание на „Охридско лето“ е „Музички настан“ за 2013 година. Во конкуренција со балетот „Александар Трети Македонски“ и концертот на Дмитри Хворостовски со хорот и оркестарот на МОБ, незаборавниот настап на најстариот жив композитор на денешницата во предворјето на Света Софија го понесе епитетот најдобар концерт за минатата година. Обоистката Гордана Јосифова-Неделковска, долгогодишен селектор на музичкиот дел на програмата на „Охридско Лето“, беше наградена во категоријата „Меѓународна афирмација“ меѓу кларинетистот Васко Дуковски и пијанистот Никола Паскалов. Фестивалот „Охридско Лето“…

повеќе...