Вечерва со почеток во 21 часот во предворјето на Црквата „Св.Софија“ на репертоарот на „Охридско Лето“ е настапот на камерениот оркестар „Ермитаж“ од Русија, во изведба на Илја Норштејн – виолина, Андреј Бурков – виола и Ана Устјужанина – виолончело. Ансамблот на солисти „Ермитаж“ го сочинуваат млади талентирани музичари кои во 2000 г. се обединиле околу познатиот обоист Алексеј Уткин. Во 2012 г. уметнички директор на ансамблот станува истакнатиот пијанист, „Заслужен уметник на Русија“ Александар Гиндин. Успехот на „Ермитаж“ може да се објасни со младоста на изведувачите, високото ниво на нивното…
повеќе...Tag: фестивал
Изложба на современ накит „Во синило те намамив“
Вечерва во Куќата на Уранија со почеток во 22 часот во рамките на фестивалот „Охридско Лето“ ќе биде отворена изложба на современ накит „Во синило те намамив“. Широчината на Охридското Езеро, неговото бескрајно синило и мирните бранови, кои мамат воздишки на убавина, блескавата светлина на градот, како и сите лица на небото над Охрид, се елементите на инспирација на четири жени уметници, авторки на современ накит, чија изложба љубителите на уметноста ќе можат да ја погледнат во рамките на „Охридско лето“. Градот на љубовта, културата, светлината, македонскиот Париз, е само…
повеќе...Вечер на Европската Унија на „Охридско Лето“
На програмата на „Охридско Лето“ вечерва, во Света Софија фестивалските возбудувања продолжуваат со концерт на Baltic Guitar Quartet во рамките на Вечер на Европска Унија. Концертот на познатиот и атрактивен квартет на гитари, започнува од 21 часот. На програмата се дела на Бокерини, Рукс, Рубенс, Пјацола, Брамс, Metallica. „Квартетот BGQ е водечки ансамбл на гитари во Балтичките земји, а членовите на квартетот се победници на различни натпревари и активни солисти, а нивната музика е сензитивна, колористична и рафинирана без претенциозност“, вели селекторката на музичкиот дел на програмата Гордана Јосифова…
повеќе...Хорот од Македонија „Драган Шуплевски“ и диригентот Сашо Татарчевски на „Охридско Лето“
Вечерва со почеток во 21:00 часот во предворјето на црквата „Св.Софија“ на програмата на „Охридско Лето“ е македонскиот хор „Драган Шуплевски“ и диригентот Сашо Татарчевски, со изведба на дела од: Зографски, Прокопиев, Македноски, Чесноков, Парт, Кедров, Аренски, Свиридов, Чајковски и Гречанинов. Мешан хор „Драган Шуплевски” при Факултетот за музичка уметност – Скопје е значаен фактор во музичкиот живот на Република Македонија. Сегашното име го добива во 2002 г. во чест на долгогодишниот раководител и диригент, проф. Драган Шуплевски. Покрај своите редовни концерти, хорот учествува во проекти заедно со другите ансамбли…
повеќе...Најволшебното дело на Шекспир „Сонот на летната ноќ“ вечерва на „Охридско Лето“
Класика со многу реализам и индиска фантазија. Премиерата на најволшебното дело на Шекспир„Сонот на летната ноќ“, во режија на Иван Лео Лемо Загреб, Р. Хрватска а изведба на Народен театар – Охрид , вечерва пред охридската публика. Сцената на малата сала во Центарот за култура ќе донесе повторно премногу возбуда, но и нов дух, голема промена и освежување. Режисерското дело на Лемо, поставено во градот каде се спојуваат културите, ја отсликува длабочината на секоја реченица на Шекспир. „Охрид е волшебен град. Поради тоа нема подобро место на светот за…
повеќе...Етно звуците ќе го милуваат Антички
Во организација на општина Охрид и под покровителство на Градоначалникот Никола Бакрачески, една од најпопуларните македонски бендови, групата Љубојна, ќе настапи на целовечерен концерт на Антички театар, чиј влез е слободен за сите вљубеници на македонскиот мелос со современ ритам. Од 2001 година креирајќи ја современата музичка сцена, групата Љубојна се занимава со градењето на популарен македонски музички јазик, а на седми овој месец пред големиот празник Свети Климент летен, кога се слави заштитникот, патронот на градот ќе настапи на фантастичниот амбиент на Антички театар. Концертот кој ќе започне во…
повеќе...„Balkan Music Square“ по 12 пат во Охрид
Со особена чест и задоволство Ве инфoрмираме дека во организација на продуцентската куќа “Трето Уво” на 9-ти и 10-ти Август во Античкиот Театар во Охрид, со почеток во 21:30 часот, ќе се одржи дванаесетото по ред издание на традиционалниот музички фестивал Balkan Music Square. Првата фестивалска вечер ќе ја отвори виртуозот на хармоника Горан Алачки, а по него ќе настапи српската група “Златопис” од Белград, предводена од рок легендата Љуба Нинковиќ. Втората фестивалска вечер ќе ја отвори македонската група „Ла Колони Волвокс“, предводена од Сашо Гигов – Гиш, а веднаш…
повеќе...Италијанскиот пијанист Маурицио Морети на „Охридско Лето“
Вечерва со почеток во 21:00 часот во предворјето на Цркавта „Св.Софија“ на програмата на „Охридско Лето“ е италијанскиот пијанист Маурицио Морети со изведба на дела од Шуман, Вагнер, Лист, Шопен, Дебиси, Момпоу, Барток. Маурицио Морети е еден од најистакнатите претставници на познатата италијанска пијанистичка школа. Спојот на беспрекорната техника и инспиративната интерпретација, заедно со неодоливиот италијански шарм, го прави ѕвезда која ги воодушевува и слушателите, и најстрогите критичари. Во текот на неговата повеќе од дведецинска кариера Морети настапува во најпрестижните европски сали, како и на концертните подиуми ширум свет. Морети…
повеќе...„Ѓаволскиот виолинист“ – Роби Лакатош ја проба роденденската торта на „Охридско Лето“
Со „Happy Birthday“ во изведба на, како што го нарекуваат „ѓаволскиот виолинист“ – Роби Лакатош, и роденденска торта, „Охридско Лето“ денеска во празнична атмосфера го прослави роденденот, 53 години успех на врвот на светската уметничка сцена. Славниот виолинист направи вистинско уметничко доживување за сите посетители свирејќи македонска музика. Посака Фестивалот да слави уште многу години, но и тој повторно да биде дел од фестивалската програма. „Навистина ми е драго што ќе настапам токму на овој фестивал. Програмата ви е прекрасна и огромно е задоволството што јас сум еден од овие…
повеќе...Роби Лакатош ансамбл од Унгарија на „Охридско Лето“
Вечерва на Античкиот театар со почеток од 21:00 часот на репертоарот на „Охридско Лето“ е Роби Лакатош ансамбл-Унгарија. Роден во легендарното семејство на ромските виолинисти со потекло од Јанош Бихари, „Кралот на ромските виолинисти“, Роби Лакатош пораснал со музиката и на 9-годишната возраст дебитирал како прва виолина во ромскиот оркестар. Неговата музикалност се развивала не само преку семејството, но и на Конзерваториумот „Бела Барток“ во Будимпешта кадешто во 1984 г. ја добил 1-та награда по класична виолина. Во 1986-96 гг., заедно со неговиот ансамбл, Лакатош го воодешувувал аудиториумот на “Les…
повеќе...