Полска вечер на „Охридско Лето“

Вечерва полска вечер во рамките на фестивалот „Охридско Лето“ со почеток од 21:00 часот во предворјето на црквата Св.Софија, македонска филхармонија солисти од Полска Александра Лелек – виолончело, Бартос Козаик – виолончело, Рафал Квиатковски – виолончело и Диригент Кшиштоф Пендерецки. Кшиштоф Пендерецки е роден на 23 ноември 1933 г. Негоиот татко – правник и посветен виолинист-аматер – многу рано му овозможи на синот контакт со музиката. На 18 години Пендерецки беше примен на конзерваториумот во Краков, истовремено студирајќи филозофија, историја на уметноста и историја на литературата на универзитетот, а од…

повеќе...

Хорот „Вива Вокс“ – Србија вечерва на „Охридско Лето“

Вечерва со почеток во 21:00 часот на Античкиот Театар на програмата на „Охридско Лето“ е хорот „Вива Вокс“ од Србија. Хорот Вива Вокс од Белград е формиран пред скоро 10 години од група на матурирани средношколци и нивниот професор по музика, која сакаше да ја продолжи прекрасната музичка соработка со гимназискиот хор. Хорот го доби својот сегашен назив во 2005 година, а во 2009 година го воведоа битбоксот во нивната изведба, која, заедно со аранжманите на песните од членовите на хорот, формираше единствен звук со кој се прославија насекаде низ…

повеќе...

Јубилеен концерт на „Охридско Лето“ – 50 години Музичка младина на Македонија

Во црквата Света Софија, вечерва со почеток од 21:00 часот во рамките на фестивалската програма на „Охридско Лето“ јубилеен концерт, 50 години Музичка младина на Македонија.  Камерниот оркестар на музичка младина на Македонија, под диригентската палка на Саша Николовски  Ѓумар и солистот  Катерина Бачевска – флејта ,  ќе изведат дела на Моцарт, Бах, Бритн, Сарасате, Пјацола, Шчедрин, Хајдрих. Камерниот оркестар на музичка младина на Македонија постои повеќе од 28 години и е основан како прв сегмент на летниот музички камп на Музичката младина на Македонија, во Охрид 1986 год. Овој…

повеќе...

Џафер Џафери, македонски промотор на културата на „Охридско Лето“

На програмата на „Охридско Лето“, вечерва во Света Софија, со почеток од 21:00 часот, концерт на македонскиот виолинист Џафер Џафери кој заедно со Николас Алтстаедт – виолончело (Германија) и Хозе Галардо – пијано (Аргентина) ќе настапат со дела  на Хајдн, Бетовен, Брамс. „Охридско Лето“ секое издание во програмата вклучува македонски уметници кои успешно делуваат надвор од државата. „Во концепирањето на програмата на „Охридско Лето“ секогаш значаен сегмент има учеството на македонски уметници. Со посебно задоволство и чест свое место заземаат и македонските уметници кои успешно делуваат и надвор од Република…

повеќе...

„Кавкаски круг со креда“ нова возбуда на „Охридско Лето“

Премиерата  „Кавкаски круг со креда“ од Бертолт Брехт во режија на Златко Славенски вечерва во Предворјето на Св.Софија со почеток во 21 часот во рамките на драмскиот дел од Охридско лето, ќе понуди специфична класика со оргинална музика, комбинација на различни генерации на актери, од пензионирани актери до деца кои допрва ќе бидат дел од театарската сцена. Според селекторот Ѓорѓи Јолевски оваа претстава содржи голема возбуда.   „Прекрасниот простор на Предворјето на Света Софија во Охрид како сцена доби потполно нова димензија со премиерните изведби. Во овој момент тоа е…

повеќе...

Фестивал од заедницата за заедницата – Размена на енергии и вредности „ДримОN“

Изложби, работилници, предавања, музика, дебати, поетски читања, театар, филм, пријателска атмосфера, вистинско освежување и уште многу убава енергија донесе фестивалот „ДримOn“ за стружани, но и за сите оние кои од 24 до 28 јули се најдоа во градот на Миладиновци. Фестивалот кој е првата активност на Здружението Иницијатива за независен културен активизам ИНКА се одржа во петте дена насловени Јаки жени, Ачик Активизам, Збор – два текст, Утрешниот уметник и Урбан Шаман, кои тематски го поделија фестивалот во неколку целини, а ги обединија креативните сили и  дадоа нова перспектива на…

повеќе...

Пијанистката Марија Ѓошевска вечерва на „Охридско Лето“

Вечерва со почеток во 21:00 часот во предворјето на црквата Св.Софија на репертоарот на „Охридско Лето“ е македонската пијанистка Марија Ѓошевска, со изведба на дела од Шуберт, Шопен, Шуман. Марија Ѓошевска  е еден од најистакнатите и најактивни пијанисти во Република Македонија со врвни професионални перформанси, виртуозност и изразита индивидуалност. Марија Ѓошевска дипломира, магистрира и докторира на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на истакнатиот педагог проф. Борис Романов. Добитник е на повеќе награди на државни и меѓународни натпревари. Како солист и камерен музичар настапува на бројни реномирани меѓународни…

повеќе...

Гудачкиот квартет БОНД вечерва на „Охридско Лето“

Вечерва со почеток во 21:00 часот на Античкиот Театар во рамките на „Охридско Лето“ ќе настапи гудачкиот квартет БОНД од Велика Британија. Таниа Дејвис (виолина), Иос Чатер (виолина), Елспет Хенсон (виола) и Геј-Ји Вастерхоф (виолончело) заедно го сочинуваат составот на најпродаваниот гудачки квартет на сите времиња, БОНД. Од првото деби, на БОНД, групата има продадено неверојатни 5 милиони албуми низ целиот свет. БОНД ја црпи својата инспирација од класичните, латинските, фолк, џез, рок, елетро, индиските и стиловите од Средниот Исток, и низ годините се здоби со многу активна и лојална…

повеќе...

Традиционална кинеска музика на „Охридско Лето“

На програмата на Охридско лето вечерва во предворјето  на Света Софија, со почеток од 21:00 ч. Концерт на оркестарот на Централниот конзерваториум на Кина. На програмата се дела на ТАН Дун, ЏИЈАНГ Јинг, ТАНГ Џијанпинг, ГУО Венџинг, ЏАНГ Жао, традиционална кинеска музика во аранжман на Ванг Фуџијан, Ванг Денхонг, Жанг Шуај, Ксај Пенг. „Македонската публика ќе има прилика да проследи навистина ексклузивени, автентични и уникатни  концерти , на двата фестивали, „Охридско лето“ и „Скопско лето“, кои децении наназад со своето успешно работење и квалитетни програмски понуди даваат особен придонес во…

повеќе...

Аплаузи на отворена сцена за манифестацијата „На зајдисонце“

Шесттиот ден од културно-забавното лето „На зајдисонце“ за трпејчани и туристите донесе нови и интересни содржини. Здружението „За Трпејца со љубов“ во соработка со Националниот парк „Галичица“ денеска организираше прошетка и промоција на планинската патека Чоколско. Според Огнен Достиноски од Националниот парк „Галичица“ патеката Чоколско е уште една понуда плус во алтернативниот туризам и шанса за привлекување гости кои се вљубеници во природата и нејзините убавини. Чоколско е токму тоа, рече Достиноски со една прошетка се гледа синилото на езерото, а ако го кренете погледот кон планината Галичица ќе ја…

повеќе...