Поради нестабилното време и третата фестивалска вечер на 52-иот Балкански фестивал на народни песни и игри наместо на традиционалната летна сцена „Долни Сарај“ ќе се одржи во големата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“-Охрид. 8 јули (понеделник) – Ансамбл „СВЕТОЗАР МАРКОВИЌ“ од Крагујевац, Србија – Ансамбл „Отекс“ од Охрид, Македонија
повеќе...Tag: фестивал
Балканскиот фестивал поради нестабилното време ќе се одржи во Центарот за култура
Поради нестабилното време и најавата за дожд, свеченото отворање на 52-иот Балкански фестивал на народни песни и игри наместо на традиционалната летна сцена „Долни Сарај“ ќе се одржи во големата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“ – Охрид, вечерва со почеток 20:45 часот.
повеќе...Отворен шестиот Фестивал на Францускиот филм во Охрид
По шести пат вљубениците во француската кинематографија имаат можност во Н.У Дом на културата во Охрид да проследат проекции на француски филмски остварувања на годинешниот Фестивал на Францускиот филм, кој од синоќа па се до 30 јуни се оддржува во нашиот град. На свечената промоција на Фестивалот во Охрид, поздравен збор имаше Градоначалникот Никола Бакрачески, кој во своето обраќање го истакна значењето на овој фестивал за културното претставување на градот и неговото збогатување со културни содржини од француската уметничка традиција. Градоначалникот Бакрачески, уште еднаш го истакна задоволството од можноста што…
повеќе...На 6 јули започнува 52-то издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри 2013
Балкански фестивал на народни песни и игри во организација на Националната установа Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид, од 6 до 11 јули 2013 година ќе го одбележи 52-то годишно реномирано издание како најстара фолклорна манифестација на Балканот на која се афирмираат културните достоинства на народите. Програмските придобивки, квалитетот на презентацијата на фолклорниот материјал и можноста тој да биде отворена сцена за кумуникација на културите на народите придонесе овој фестивал да биде застапен во каталогот на ИОВ најзначајни фолкорни манифестации во светот. Фестивалот е под покровителство на Собранието на…
повеќе...Годинава најдобрите фолк изведувачи на „Фолк фест Спасовден“ 2013
Традиционално по трет пат, на 13-ти јуни ќе се одржи фестивалот на Народни препејани песни, Фолк фест Спасовден 2013. Новост е тоа што половина песни ќе бидат новокомпонирани и се разбира секоја песна го има задржано чистиот македонски звук. На фестивалот оваа година ќе земат учество и фолк изведувачи кои за првпат ќе настапуваат како што се: Наум Петрески, Анета и Молика, Евто Пупиновски, Сузана Гавазова, Чуле и Дрим тим, Новица Василевски, Татјана Лазаревска, Елена Јовчевска, Дарко Билбиловски, Сања Петковска, Јуле, Елена и др. Тука се и учесници кои по…
повеќе...„Ракатки“ го оправда своето постоење на литературното небо
Во Прилеп, на 20 и 21 април се одржа деветтиот литературен фестивал „Ракатки 2013“, под мотото „Детскиот свет е најубав свет“. На манифестацијата учествуваа триесетина ученици од цела Македонија, чии творби беа избрани од преку 100 пристигнати литературни дела. Литературните творби беа создадени од ученици на возраст од 7 до 15 години, а издадениот алманах сведочи за нивниот талент за убаво творење. Градот -херој, Прилеп, широко ги отвори своите врати за сите учесници на фестивалот. Градската библиотека „Борка Талески“ беше претесна да ги прими сите љубители на убавиот пишан збор.…
повеќе...Спектакуларниот квартет „Бонд“ на 53тото издание на Охридско Лето
Ако минатата година, атракција беа двете чела, овојпат се очекува публиката да бара билет повеќе за концертот на светската атракција, спектакуларниот квартет „Бонд“ кој доаѓа во Македонија првпат, по седумгодишни преговори. На 27 Јули, сабота, концерт на светската атракција, гудачки квартет составен од четири талентирани, креативни и атрактивни девојки. „После седум години преговарање, работа, труд и трпение, конечно големата атракција БОНД на 53тото издание на Охридско Лето. Изминатите години имаше неколку обиди концертот на БОНД да се реализира во Скопје, но ваква светска атракција заслужува да биде претставена за прв…
повеќе...Охридско Лето ја претстави атрактивната понуда за оваа година
Квалитетната, уникатна, атрактивна и возбудливата програма за овогодинешното издание на Охридско Лето. Фестивалот повторно ќе биде домаќин на најголемите, најславните и најуспешните, најавија селекторите на Охридско лето на денешната пресконференција во Охрид. Според првите луѓе на фестивалот ако по ѕвездите се паметат фестивалските изданија, оваа се најавува големо соѕвездие од големи уметнички имиња кои ќе понудат врвни креации и несекојдневни уметнички доживувања за фестивалската публика. „Минатата година имавме успешно издание а годинава најавуваме спектакуларно лето. Заедно со поддршката на Министерството за култура,новата градска управа на Охрид и градоначаликот Никола Бакрачески,…
повеќе...