Владата го продолжи рокот за земјоделски субвенции до 20 октомври

Владата на денешната седница одлучи рокот за поднесување апликации за добивање земјоделски субвенции да биде продолжен до 20 октомври годинава. Субвенциите се однесуваат за поледелство, сточарство и аквакултура. Ова денеска го изјави владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев кој истакна дека во овој рок сите земјоделци ќе можат да ги поднесат своите апликации, да поднесат документација врз основа на која,  како што рече, ќе добијат средства кои оправдано ги заслужиле со својот вложен труд. Тој образложи дека оваа одлука е донесена по поголем број теренски посети кои ги извршиле специјализирани владини тимови,…

повеќе...

Кампања за пензиско штедење наменета за учениците и студентите

Под мотото „Моето друштво е мој избор, а штедењето мојата иднина“, министерствата за образование и наука, за труд и социјална политика, МАПАС, КБ Прво пензиско друштво, НЛБ Нов пензиски фонд, започнаа информативно -едукативна кампања со цел учениците од завршните години од средните стручни училишта и студентите да се запознаат со нивните права и обврски кои произлегуваат од пензиската реформа. Министерот за образование и наука Спиро Ристовски рече дека ваквата кампања е од особен интерес за учениците бидејќи добрата информираност ќе придонесе тие правилно да бидат вклучени во системот без можност…

повеќе...

Ставрески: Ќе продолжиме со зголемување на пензии, плати, субвенции и капитални инвестиции

Владата ќе продолжи со политиките на зголемување на пензии, плати, социјална помош, субвенции за земјоделците и капитални инвестиции, бидејќи се покажа дека тие политики се добри. Ова го истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески одговарајќи на новинарски прашања во врска со критиките од опозицијата за предлог-буџетот за наредната година по средбата во Сојузот на здруженија на пензионери на Република Македонија. „Во изминативе години навикнавме само на критизерство од опозицијата. Никогаш не слушнавме некој позитивен или конструктивен предлог како тие би ги решиле актуелните прашања. Залудно им е што…

повеќе...

Сите деловни објекти во Македонија ќе се контролираат за фискализација

УЈП ја почна најголемата контрола во делот на фискализацијата до сега. Без исклучоци, во сите градови и општини, и најмала „пиљара“ ќе биде контролирана од даночниците. На терен работат и мобилните екипи на УЈП од 150 даночни инспектори кои од почетокот на месец Септември затворија деловни објекти во Велес (21), Струмица (41), Гевгелија (23), Куманово (29), Скопје (69), Тетово (19), Прилеп (20)…  Без разлика на дејноста, неселективно ќе се контролираат деловните објекти – дали издаваат фискални сметки, дали го прикриваат и прикажуваат реалниот готовински промет, водењето на финансиката документација… УЈП…

повеќе...

Владата го утврди буџетот за 2014 и ребалансот за годинава

Владата го утврди Предлог-буџетот за 2014 година и подготви ребаланс на буџетската каса за оваа година кои денеска ќе бидат доставени до Собранието на Република Македонија. Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески објасни дека станува збор за мини ребаланс со кој се опфатени две позиции, односно се додаваат средства на Фондот на пензиско и инвалидско осигурување во износ од 1,34 милијарди денари заради повисоките расходи во однос на индексацијата. Дополнителни средства се префрлаат и во Министерството за образование и наука во износ од 430 милини денари потребни за опремување…

повеќе...

Затекнатата ситуација во ЈПК „Дебрца“ е загрижувачка

Со промената на раководството од претходната власт во Јавното претпријатие за комунална дејност „Дебрца“, утврдена е состојба на долгови како неподмирени обврски спрема добавувачите од околу 1 696 254 денари, а вкупните обврски по сите основи (обврски за даноци, придонеси, примени аванси од купувачи) изнесуваат 2 736 060 денари.  „Затекнатата ситуацијата во ЈПК „Дебрца“ е загрижувачка, почнувајќи од немањето на основни средства за работа на вработените во комуналниот сектор, каде што на пример има само една метла, мал број на канти и контејнери за отпад, па да не зборуваме за…

повеќе...

Избрани 40 проекти од креативните индустрии на првиот конкурс за поддршка

На првиот Конкурс на Министерството за култура за финансиска поддршка на проекти од креативните индустрии избрани се 40, а конкурирале 204. Вкупниот буџет за помош на селектираните е околу 3 милиони денари. Четири проекти се на национални и локални установи (Дом на културата-Делчево, Музеј-Кратово, Завод за заштита на спомениците на културата и музеј-Охрид и НУ Археолошки музеј Скопје), а останатите 36 се на здруженија на граѓани, фондации, правни и физички лица. Проектите што ќе добијат пари се иновативни – производство на органска храна,   сувенири од керамика – чаши и…

повеќе...

Неповратна субвенцијата за половина учество во проектот „Купи куќа, купи стан“

Владата направи нова измена во станбени субвенциите со која парите во моделот за половина учество станаа неповратни, открива за Економски.мк вицепремиерот Зоран Ставрески. Измената ќе важи и за новите и за веќе земените кредити. Со тоа граѓаните сега можат на самиот старт од проектот да добијат неповратни 9.200 евра за стан или 15.000 евра за изградба на куќа, а оние корисници кои веќе аплицирале за половина учество и го добиле заемот немаат обврска да го враќаат. Вицепремиерот и министер за финансии Ставрески верува дека оваа нова погодност значително ќе го…

повеќе...

ИПАРД: Продолжен рок за поднесување барања

Се продолжува рокот за поднесување барања за користење средства одпрограмата ИПАРД 2007-2013. Заинтересираните ќе можат да аплицираат до 30 септември. Целта е да се овозможи ефикасно искористување средства од оваа програма, информираат од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Финансиските средства од програмата се наменети за инвестиции наземјоделски стопанства, за нивно преструктуирање и надградба за достигнување на стандардите на Европската унија, инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските и рибните производи, како и за диверзификација и развој на руралните економски активности. Потребната документација за подготовка и поднесување…

повеќе...

Со германска поддршка ќе се реализираат два енергетски проекти на АД ЕЛЕМ

Со германска финансиска поддршка од 35 милиони евра ќе се реализираат два енергетски проекта на АД Електрани на Македонија. За доизградба на Паркот на ветерни електрани (ПВЕ) „Богданци“ ќе бидат искористени 15 милиони евра, а останатите 20 за реализација на проектот за ревитализација на ХЕЦ „Шпиље 2“. Тоа го овозможи денешното потпишување на Спогодбата меѓу владите на Република Македонија и на Сојузна Република Германија за финансирање на Програмата за енергетска ефикасност и обновливи енергии фаза III од страна на вицепремеирот и министер за финансии Зоран Ставрески и германската амбасадорка Гудрун…

повеќе...