Од овој месец повисоки пензии, од 2006 зголемени за 62 отсто

Пензионерите од овој месец ќе добијат покачување пензиите за 600 денари. Средствата во висина од милијарда и 800 милиони денари за оваа намена се обезбедени во Буџетот. Ова беше договорено на средбата на министрите за финансии и за труд и социјална политика Зоран Ставрески и Диме Спасов претставници од Сојузот на здруженија на пензионери што се одржа во февруари. Спасов истакна дека со зголемувањето на пензиите во март годинава просечната пензија ќе се зголеми за 62 процента во однос на 2006 година кога изнесувала 7.683 денари. „ Најниската пензија во…

повеќе...

Исплатени 109,5 милиони денари субвенции на 6.986 земјоделци

Министерството за финансии соопшти дека исплатило 109,5 милиони денари субвенции на 6.986 земјоделци по повеќе основи. За мерката полјоделски култури исплатени се 18,6 милиони денари на 1.527 полјоделци. Финансиската поддршка по хектар обработлива земјоделска површина за полјоделски култури изнесува 9.000 денари. За градинарско производство на отворено и во пластеници исплатени се 7 милиони денари на 489 градинари. Субвенцијата по оваа мерка изнесува од 6.000 до 25.000 денари по хектар. На 419 овоштари исплатени се 9,3 милиони денари за одржување постоечки овошни насади. Субвенцијата по оваа мерка изнесува од 15.000 до…

повеќе...

Исплатени 210,9 милиони денари субвенции за одгледување овци

Министерството за финансии исплати 210,9 милиони денари субвенции на 1.316 сточари за одгледување овци. Финансиската поддршка за одгледување овци изнесува 1.000 денари по грло. Како што соопшти денеска Министерството за финансии, исплатени се субвенции на сточари кои одгледуваат овци низ цела територија на Република Македонија. Владата, како што е наведено во соопштението, со редовна исплата на субвенциите за земјоделците останува доследна во поддршката на земјоделството како една од носечките гранки на македонското стопанство.

повеќе...

Исплатени 170,7 милиони денари субвенции на над 7000 земјоделци

Министерството за финансии исплати 170,7 милиони денари субвенции на 7.133 лица по повеќе основи. За мерката поледелски култури се исплатени 71,9 милиони денари на 2.853 полјоделци. Финансиската поддршка по хектар обработлива земјоделска површина изнесува 9.000 денари. За градинарско производство на отворено и во пластеници исплатени се 12,6 милиони денари на 758 градинари. Субвенцијата по оваа мерка изнесува од 6.000 до 25.000 денари по хектар. За одржување постоечки лозови насади се исплатени 24,2 милиони денари на 557 лозари. Финансиската поддршка која ја добиваат лозарите за оваа мерка изнесува 40 илјади денари…

повеќе...

Исплатени 146,6 милиони денари субвенции за овошје

Министерството за финансии исплати 146,6 милиони денари субвенции на 4.837 земјоделци за одржување површини со овошни насади. Финансиската поддршка, како што информираат од Министерството, изнесува од 15.000 до 33.000 денари по хектар, во зависност од видот на овошната култура. Исплатени се субвенции на земјоделци кои одгледуваат круша, вишна, јаболко, праска, кајсија, цреша, дуња, мушмула, слива, калинка, смоква, аронија, боровинка, рибизла, малина, капина, јагода и други видови овошки низ цела територија на Република Македонија. Владата со редовна исплата на субвенциите за земјоделците, како што е наведено во соопштението од Министерството за…

повеќе...

Исплатени 305,2 милиони денари субвенции за полјоделски култури

Министерството за финансии исплати 305,2 милиони денари субвенции на 18.688 земјоделци за одгледување полјоделски култури. Исплатени се субвенции на земјоделци кои одгледуваат пченица, јачмен, пченка, ‘рж, овес, ориз, тритикале, леќа, кикирики, соја, маслодајна репка, добиточна репка, афион, граор, еспарзета, добиточен грашок, наут и луцерка низ цела територија на Република Македонија. Финансиската поддршка по хектар обработлива земјоделска површина за полјоделски култури изнесува 9.000 денари.

повеќе...

Зголемена наплатата на ЈП за комунална дејност „Дебрца“

ЈП за комунална дејност „Дебрца“ вложува напори за подобрување на финсиската состојба на претпријатието и подобрување на услугите што ги врши врз основа на дејноста и тоа снабдување со вода за пиење и собирање на отпад. „Во почетокот на 2014 година, видно е зголемувањето на наплатата на сметките за комунални услуги на ЈП за комунална дејност „Дебрца“. Во овој период наплата е зголемена за 10% за разлика од ланскиот период. Зголемената наплата од потрошувачите пред се се должи на подобрувањето на услугата, зголемената доверба од потрошувачите, набавката на нови контејнери…

повеќе...

Министерството за финансии исплати 77,6 милиони денари субвенции за градинарски култури

Министерството за финансии исплати 77,6 милиони денари субвенции на 5.501 земјоделец за одгледување градинарски култури. Финансиската поддршка изнесува од 25 илјади до 30 илјади денари по хектар, во зависност од градинарската култура која се одгледува. Исплатени се субвенции на земјоделци кои одгледуваат домат, пиперка, краставица, тиква, кромид, брокула, лук, лубеница, зелка, тиквичка и останати градинарски култури низ цела територија на Република Македонија. Владата со редовна исплата на субвенциите за земјоделците останува доследна во поддршката на земјоделството како една од носечките гранки на македонското стопанство.

повеќе...

Министерството за финансии поднесе предизборен финансиски извештај

Министерството за финансии соопшти дека денеска го достави и објави предизборниот финансиски извештај, во кој даде детален преглед на сите планирани и реализирани приходи и расходи од Буџетот на Република Македонија по ставки, во периодот од 1 јануари до 14 февруари 2014 година. Извештајот е доставен до Државната Изборна Комисија. Обврската Министерството за финансии да поднесе и објави предизборен финансиски извештај две недели по распишување на изборите е согласно последните измени и дополнувања на Изборниот законик (Сл. весник на РМ бр. 14 од 24.01.2014 година, член 2 став 4).

повеќе...

Министерството за финансии исплати 1,2 милијарди денари субвенции за тутун

Министерството за финансии исплати 1,2 милијарди денари субвенции за произведен и продаден тутун од реколтата 2013 на над 27 илјади земјоделци. Финансиската поддршка за оваа мерка изнесува 60 денари од произведен и продаден тутун. Исплатени се субвенции на тутунарите кои предале тутун во десетте регистрирани откупни претпријатија како „Алајанс уан“, „Сокотаб Битола“, „Струмица Табак“, „Тутунски комбинат Прилеп“, „Центро тобако“, „Далија табак“, „Орбита табак“, „Пашоски“, „Томи-Мит Јака Тобако„ и „Кавекс Балкан“. Владата на Република Македонија со редовна исплата на субвенциите за земјоделците останува доследна во поддршката на земјоделството како една од…

повеќе...