Компанијата „ТАВ аеродроми“ од Истанбул, преку својот оддел за маркетинг, викендов донесе неколку големи француски тур-оператори со цел да ги запознае со убавините на Македонија, на Охрид и на неговиот регион. Претставници на шест туристички друштва, меѓу кои се и TUI France и Mondial Tourisme, следниве денови ќе се запознаат со убавините на Охрид и со туристичките потенцијали на градот и неговата околина. Целта е тие да се заинтересираат и да ја вклучат Македонија во нивните балкански тури, преку воспоставување редовни чартер-летови од Охридскиот аеродром. Маркетинг претставникот на „ТАВ аеродроми“,…
повеќе...Tag: франција
Француска вечер на Охридско лето
На програмата на фестивалот Охридско лето, вечерва ќе се одржи традициолниот концерт наречен „Француска вечер на Охридско Лето“. На овој концерт ќе настапат едни од најистакнатите и најеминентни уметници од Франција, триото „Вандерер“ кои се појавиле на најпрестижните сцени во светот, а во својата концертна дејност впишуваат и соработка со големи истакнати музички имиња. На нивниот репертоар може да се најдат дела од времето на класицизмот, па сè до дела кои се компонирани во 20-тиот и премиерни изведби на дела од 21-виот век. Покрај многубројните компакт-дискови, ТВ и радиоснимки, во…
повеќе...Заврши 9то издание на Францускиот филмски фестивал
Со проекција на филмот „Судија“ во режија на годинашниот добитник на гран при наградата, Кристијан Венсан, заврши 9-то издание на францускиот филмски фестивал. На четиридневната фестивалска програма која се одвиваше во Скопје и Охрид беа вкупно прикажани девет филмови. Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, ја имаше честа во рамките на „Специјалната вечер“ што се одржа во Домот на култура во Охрид да му ја врачи гран при наградата, „Охридска златна маска“, на добитникот, режисерот Кристијан Венсан. Во своето обраќање градоначалникот ја изрази важноста од одржувањето на ваков престижен филмски фестивал…
повеќе...Француски филмски фестивал во Охрид
Во Центарот за култура „Григор Прличев“ , вечерва со почеток во 20 часот и 30 минути, со прикажувањето на филмот „Каприс“ во режија на Емануел Муре, започпочнуваат проекциите во рамки на официјалната програма на 9-от Француски филмски фестивал, кој се одржува во Охрид и Скопје. Фестивалот свечено беше отворен вчеравечер во киното „Милениум“ во Скопје со филмот „Патот за Истанбул“, во режија на Рашид Бушареб. Утревечер,(петок) охридската публика ќе може да го проследи филмот „Три срца“ во режија на Беноа Жако.Во филмот главните улоги ги толкуваат Беноа Пелворд, Шарлот Генсбур…
повеќе...Соработката со Франција ќе се проширува и во областа на туризмот
Успешната соработка меѓу Република Македонија и Република Франција и натаму ќе се продлабочува со нови содржини, од кои дел ќе се реализираат во Охрид- беше речено на денешната средба на Градоначалникот Никола Бакрачески и Претседателот на Советот на Општина Охрид Гордана Коњаноска со француска делеација, предводена од Изабел Марки Барбо, директор на Францускиот институт и советник за култура во Амбасадата на Франција во Македонија. Покрај успешната реализација на Фестивалот на францускиот филм и соработката со Фестивалот „ Охридско лето“ , на денешната средба, беше најавено проширување на соработката во областа…
повеќе...Претседателот Иванов во Париз им оддаде почит на жртвите во терористичките напади
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, го посети местото во близина на концертната сала, „Батаклан” во Париз, каде во петокот беше извршен еден од терористичките напади. Во чест на загинатите жртви, претседателот Иванов запали свеќа и положи свежо цвеќе. Стотици граѓани на Париз, секојдневно, на ова место положуваат цвеќе во чест на загинатите жртви. „Со самото наше присуство на овој Самит, укажуваме дека целта која што ја имале терористите не ја постигнаа, не не исплашија. Ние дојдовме тука да бидеме солидарни и со Парижаните и со Французите, и да…
повеќе...Претседателот Иванов учествува на 38. сесија на Генералната Конференција на УНЕСКО, Париз
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, од денеска ќе престојува во работна посета на Француската Република, по повод учеството на лидерскиот форум во рамки на 38. сесија на Генералната Конференција на УНЕСКО. Претседателот Иванов ќе се обрати на пленарната сесија на отворањето на лидерскиот форум, на тема „70 години УНЕСКО – мир и одржлив развој во сложен свет”. Македонскиот претседател ќе присуствува и на свечената церемонија по повод 70 годишниот јубилеј од формирањето на УНЕСКО. Во рамки на учеството на 38. сесија на Генералната Конференција на УНЕСКО, предвиденa е…
повеќе...Иванов: Ова не e напад само на Франција, туку врз целиот слободен свет
„Со огорченост и длабока тага ги примив потресните вести за терористичките напади во Париз. Длабоко жалам за изгубените животи од варварскиот и антицивилизациски чин. Ова е напад не само против граѓаните на Париз, туку и против врвните европски и општочовечки вредности и принципи. Во овие тажни мигови за Вас и граѓаните на Француската Република, дозволете ми, во името на граѓаните на Република Македонија да упатам длабоко сочувство. Нашите мисли и молитви се со Вас и семејствата на настраданите и повредените”. Ова го напиша претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов во…
повеќе...Градоначалникот Бакрачески изрази сочувство кон француските граѓани
По повод синоќешниот терористички напад во француската престолнина Париз, градоначалникот Никола Бакрачески, упати зборови на сочувство до амбасадорот на Франција во нашата земја, Н.Е. Лоренс Оер. „Знам дека во овој момент нема зборови со кои може да се најде утеха за ужасниот и кукавички чин со кој синоќа беа соочени граѓаните на Париз и Франција. Дозволете ми, во мое име и во името на граѓаните на Охрид да Ви изразам најдлабоко сочувсто за загинатите и повредени граѓани на Вашата земја. Молитвите на охриѓани денес се упатени кон Франција. Земјата која…
повеќе...Француска продукциска куќа најави можност да снима нов филм во Република Македонија
Во рамките на престојот во Париз, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска оствари и средба со раководствата на реномирани компании за филмска продукција од Франција и од Велика Британија со кои разговараше за можностите за снимање филмски проекти во Република Македонија. На средбата беа присутни извршните директори на филмската продукција „2017“, која е со седиште во Лион, и на „М дигитал“ од Лондон, кои изразија подготвеност своите следни филмски проекти да ги снимаат токму во Република Македонија. На средбата министерката за култура информираше за заложбите на Владата на Република Македонија во…
повеќе...