Градоначалникот Бакрачески на Француската вечер на Охридско лето

Градоначалникот Никола Бакрачески во придружба на амбасадорката на Франција во Република Македонија Н.Е. Лоренс Оер, синоќа во црквата Св. Софија го проследи настапот на францускиот кларинетист Мишел Летјек и квартетот „Жирард“ кои настапија во рамки на годинешното издание на „Охридско Лето“. Францускиот кларинетист Мишел Летјек во моментов се смета за еден од најеминентните фигури на светската музичка сцена. Посветен е на современата музика и затоа многу често премиерно изведува дела и концерти на голем број современи композитори меѓу кои и Кшиштов Пендерецки, Џон Кориљано, Марсел Ландовски и други. Квартетот „Жирард“…

повеќе...

Француска вечер на Охридско лето

Уште еден концерт со врвен квалитет и реномирани уметници на Охридско Лето. Вечерва на програмата на фестивалот, ќе се одржи традициолниот концерт наречен „Француска вечер на Охридско Лето“. На овој концерт ќе настапат едни од најистакнатите и најеминентни уметници од Франција, брилијантниот кларинетист Мишел Летјек и гудачкиот Квартет Жирард. „Фестивалот Охридско Лето продолжува со реализирање на овогодинешната квалитетна, ексклузивна и атрактивна програма. „Ми претставува особено задоволство што Охридско лето и во ова 55то издание ја продолжува и традицијата за соработка со Француската амбасада и Францускиот културен центaр од Скопје, како и…

повеќе...

Раководството на СДСМ се сретна со амбасадорките на Белгија, Германија и Франција

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од заменик претседателката Радмила Шекеринска и од генералниот секретар Оливер Спасовски денеска имаше средба со амбасадорките на Кралството Белгија Аник Ван Кастлер, на Република Германија Кристине Алтхаузер и на Република Франција Лоренс Оер. Тема на разговорт беа очекувањата за можно придвижување на разговорите помеѓу политичките субјекти кон преговарачки процес за специфичната политичка клима и длабоката политичка криза во Република Македонија. „Преодна влада е решение за актуелната ситуација во Македонија, а со тоа и за проблемите на коишто во повеќе извештаи наназад укажуваат Европската Комисија,…

повеќе...

Македонија – нова туристичка дестинација за Французите

Пет француски тур-оператори ја посетија Македонија од 13-ти до 17-ти април на покана од Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, пишува специјалзираниот веб-весник за туризам TurMag.com, јавува дописникот на МИА од Париз. Претставниците на тур-операторите Куони, Вердием, Интермедес, Арт е вие и Алест Воајаж имаа можност да ги откријат адутите и новините на оваа нова туристичка дестинација на Балканот. Според „TuristMag“ – весникот на професионалните туристички работници, по засилената медиумска кампања во Франција за туристичката понуда на Македонија, во текот на минатата година биле забележани 14 отсто повеќе француски…

повеќе...

Туристичкиот сектор од Македонија оствари B2B средби со туроператори од Франција

Во согласност со програмските активности на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и промотивната кампања на Македонија како туристичка дестинација во Франција, АППТРМ организираше информативно патување за тур оператори и новинари од Франција. Во работните простории на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот тур операторите од Франција на 17.04.2015 година одржаа B2B средби со директорот на АППТРМ, Кристијан Џамбазовски и со претставници од туристичкиот сектор во Македонија. Истите тур оператори на 15.04.2015 во Хотел Милениум во Охрид одржа B2B средби со хотелјерите и туристичкото стопанство од Македонија. Беа…

повеќе...

Животна средина: Се продлабочува билатералната соработка со Франција

Како резултат на продлабочувањето на билатералната соработка помеѓу Министерството за екологија, одржлив развој и енергетика на Република Франција и Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија, денеска се организираше семинар за управување со води. Напоредно со семинарот се одржуваа и работни сесии на тема квалитет на воздух и клима и заштита на природата. Во воведното обраќање министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири изрази уверување дека овој Семинар ќе претставува почеток на плодна и успешна соработка помеѓу двете држави. При очекува ангажирањето на експерти кои…

повеќе...

Висока француска делегација во посета на Охрид

Во чест на посетата на Државниот секретар за поранешни борци и историски настани од Министерството за одбрана на Р. Франција, Жан – Марк Тодешини, а на покана на француската амбасадорка во Р. Македонија, нејзината екселенција Лоренс Оер, градоначалникот Никола Бакрачески заедно со министерот за Одбрана на Р. Македонија Зоран Јолевски, присуствуваше на свечена вечера, што вечерва се организираше во Охрид. Почесниот гостин од Франција , Жан – Марк Тодешини заедно со неговиот домаќин Министерот Јолевски утре наутро пред заминување од Охрид ќе ја посетат црквата Св. Богородица – Перивлепта и…

повеќе...

Силна порака од Франција: Демократијата не може да биде празен збор

Силна порака за актуелната власт во Македонија упати владејачката Социјалистичка партија на Франција: демократијата не може да биде празен збор. Пораката доаѓа по средбата на заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, со првиот секретар на Социјалистичката партија, Жан Кристоф Камбаделис, во рамки на нејзината посета на Франција. Социјалистичката партија на Франција ги акцентираше демократските неуспеси со кои се соочува Република Македонија од доаѓањето на актуелната власт. Француските социјалисти изрази загриженост од пречките на демократијата и ставањето во прашање на правната држава во Република Македонија. Загрижувачките оценки и конкретните забелешки се…

повеќе...

Заменик претседателката на СДСМ Шекеринска во работна посета на Франција

На покана на француската Социјалистичка партија, заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, престојува во неколкудневна работна посета на Франција. Во Париз Шекеринска ќе оствари повеќе средби, меѓу кои со првиот човек на Социјалистичката партија- Првиот секретар Жан Кристофа Камбаделис (Jean-Christophe Cambadélis) и неговиот дипломатски советник Пиер Кануту (Pierre Kanuty). Социјалистичката партија e најсилната политичка партија во Францускиот парламент, а нејзиниот поранешен Прв секретар, Франсоа Оланд, стана претседател на Франција на изборите во 2012 година. Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Социјалистичката партија на Франција имаат долгогодишна соработка во рамките на Социјалистичката…

повеќе...