Македонија не успеа да се пласира во баражот за пласман на ЕП во футсал

Македонската футсал репрезентација не успеа да се пласира во баражот за пласман на Европското првенство идната година. Унгарија поради подобра гол разлика го освои второто место во групата и ќе се бори за пласман на континенталното првенство. Во последниот натпревар на турнирот кој го организиравме во СЦ „Борис Трајковски“, нашата репрезентација беше поразена со 7-1 од големиот фаворит Шпанија. Унгарија ја совлада Швајцарија со 8-2. Шансите за голем резултат избраниците на селекторот Васко Скендеровски ги пропуштија против Унгарија, натпревар во кој имавме водство се до претпоследната минута, и голем број неискористени…

повеќе...

Победа од 7:6 за Македонија против Швајцарија

Македонската А футсал репрезентација ја победи Швајцарија со 7:6 во вториот круг од квалификацискиот турнир за пласман на Европското првенство кој се одржува во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Нашите репрезентативци се бореа за убедлива победа, имавме предност од 6:1 на десетина минути до крајот од натпреварот, но несфатливиот пад во играта во последните минути противникот го искористи и на крајот Швајцарија минимално беше поразена со 7:6. Адријан Мицевски комплетираше хет-трик по само три минути за водство од 3:0. Ликај намали на 3:1, но само неколку секунди подоцна Мартин Тодоровски…

повеќе...

3:3 реми за Македонија против Унгарија во првиот натпревар од турнирот за пласман на ЕП

Македонската футсал репрезентација одигра нерешено, 3:3 против Унгарија во првиот натпревар од квалификацискиот турнир за пласман на Европското првенство во Србија. Триумфот против силниот противник го испуштивме на една минута пред крајот, кога Агуши со автогол им донесе реми на Унгарците. Македонија по првото полувреме обезбеди убава предност од 2-0. Мартин Тодоровски беше стрелец на двата гола за нашиот национален тим. Го отвори резултатот во 14. минута, а четири минути подоцна уште еднаш реализираше за удвојување на предноста. Во вториот дел беше уште подраматично. Мартин Тодоровски, Зоран Левески и Ферид…

повеќе...

Објавен списокот на играчи кои ќе се борат за пласман на ЕП во футсал

Селекторот на А футсал репрезентацијата Васко Скендеровски го објави списокот на играчи кои ќе бидат дел од македонската репрезентација на квалификациските натпревари за пласман на Европското првенство во Србија. На турнирот во СЦ „Борис Трајковски“ од 18 до 21 март, Македонија ќе игра против Унгарија, Швајцарија и Шпанија. Подготовките за квалификациите за пласман на континенталното натпреварување нашата репрезентација ги започнува денеска, селекторот Скендеровски ги повика следните играчи: ГОЛМАНИ: Илчо Удовалиев (КМФ Железарец), Мирослав Тодоровски (КМФ Скопје), Антонио Петровски (КМФ Скопје); ОДБРАНА: Зоран Левески (КМФ Железарец), Ферид Агуши (КМФ Железарец), Иван…

повеќе...

Македонија го освои второто место на футсал турнирот 4 нации во Полска

Македонската футсал репрезентација беше поразена во финалето од репрезентацијата на Полска со 3:2. Вината за поразот треба да ја бараме кај нас бидејќи пропуштивме многу шанси кои не ги искористивме уште во првиот дел. Натпреварот започна со целосна доминација на нашиот тим. Дарко Ранготов уште во првата минута со силен шут ја погоди пречката и не успеа да го совлада одличниот голман на полската репрезентација Бартломиеј Наврат кој го имаше 100от јубилеен настап за полската репрезентација. Шанси имаа и Левески, Глигоров, Тодоровски, но полскиот голман одбрани сè. Во 9та минута…

повеќе...

Прво место за ОУ „Христо Узунов“ на регионалниот натпревар во футсал

Екипата од ОУ „Христо Узунов“ го освои првото место на регионалниот натпревар во футсал кој се одржа во Кичево. ОУ „Христо Узунов“ во Првото коло го совлада Гостивар со 9:1, во полуфиналето Кичево со 4:1 и во финалето Гостивар со 5:2. Најдобар стрелец со 8 постигнати голови беше Александар Георгиески – ученик во деветто одделение. Ментори на тимот на ОУ „Христо Узунов“ се професорите по физичко: Стефанка Ангелоска, Душко Крстески, Гоце Тасески и Александар Толески. Како првопласирана екипа на ова регионално натпреварување, ОУ „Христо Узунов“ обезбеди учество на републичкиот натпревар. WebOhrid

повеќе...

Две победи за македонската футсал репрезентација против Црна Гора

Македонската футсал репрезентација по вторпат беше поуспешна од селекцијата на Црна Гора во тест натпреварот што се одигра во СЦ „Јане Сандански“. По вчерашниот триумф од 5-2, избраниците на селекторот Васко Скендеровски денес победија со 5-3 на вториот контролен натпревар. Футсал репрезентацијата се подготвува за квалификацискиот турнир за ЕП што ќе се одржи во март во Скопје, а се наоѓа во група со Шпанија, Унгарија и со најдобрата второпласирана селекција од прелиминарната фаза.

повеќе...

Футсал репрезентацијата на Македонија одигра 1:1 против Србија

Македонската А футсал репрезентација одигра нерешено, 1:1 против Србија на вториот контролен натпревар одигран меѓу двете селекции во Стара Пазова. Нашата репрезентација повторно одигра одличен натпревар против една од најдобрите европски футсал селекции. Александар Глигоров го постигна погодокот за Македонија пред крајот на првото полувреме. Србија имеше предност од 1:0 со голот на Стефан Ракиќ. Македонија играше во состав Тодоровски, Удовалиев, Левески, Арсовски, Агуши, Глигоров, Османи, Петровски, Тодоровски, Крстевски, Јовановски, Петровиќ, Станоев, Чека. „Одигравме два одлични натпревари против исклучително силен противник. Србија е меѓу десетте најдобри репрезентации во Европа, а…

повеќе...

Македонската футсал репрезентација претрпе минимален пораз од Србија

Македонската А футсал репрезентација загуби со 3:2 на првиот од двата контролни натпревари против Србија на гостински терен. Нашата селекција одигра одличен натпревар, водевме со 1:0 и 2:1 со головите на Агуши и Левески, но добрата игра против силната Србија не ја крунисавме и со позитивен резултат. Македонската репрезентација покрај двата постигнати погодоци не искористи неколку одлични шанси да реализира. Селекторот Васко Скендеровски сепак е задоволен од изданието на нашите играчи, потенцирајќи дека во селекцијата недостасуваат интернационалците Ранготов и Мицевски, а не можеме да сметаме ниту на помладите играчи кои…

повеќе...

Македонската футсал У21 репрезентација со 5:1 ја победи Романија

Македонскатa футсал репрезентација до 21 година ја победи Романија со 5:1 на вториот контролен натпревар меѓу двете селекции одигран во Велес. Нашата млада репрезентација предводена од селекторот Зоран Левески доминираше во текот на целиот натпревар, 3:0 на полувреме со головите на Леовски, Илиќ и Златковски, до крајот од натпреварот за Македонија реализираа Георѓиевски и Трендафиловски. Македонската репрезентација играше во состав: Петровски, Стојменов, Илиќ, Пљакиќ, Трајков, Златковски, Мехмединовиќ, Иванов, Леовски, Вукановиќ, Ѓоргиевски, Трендафиловски, Стаменковиќ. „Издвојувавме две убедливи победи против Романија, селекција која е во рангот на најдобрите млади репрезентации и морам…

повеќе...