Санација на четири вредни примероци на староградската охридска архитектура

Во рамките на проектот на Министерството за култура за реставрација и конзервација на фасади на старите градски јадра, кој се реализира од 2012 до 2017 година, во Охрид во тек се активностите за обнова на четири објекти кои ја отсликуваат староградската архитектура и кои комплетно сведочат за оригиналноста, препознатливоста и специфичноста за охридскиот стил на градба. Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид, како надлежна установа од областа на заштитата на недвижното културно наследство, во Старото градско јадро на Охрид ги реализира проектите за: статичко зајакнување…

повеќе...

Интегрирана заштита на старото градско јадро во Охрид, според искуствата од Каен, Франција

Денеска пред Законодавно-правната комисија на Собранието на Република Македонија, на расправа е предлог-законот за изменување на Законот за прогласување на старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење. Во меѓувреме, охридската локална власт го финализираше Планот за интегрирана заштита на старото градско јадро на Охрид. Планот е работен во рамките на проектот „Изработка на план за интегрирана заштита на старото градско јадро на Охрид“ , финансиран од Програмата за децентрализирана соработка помеѓу француската провинција Долна Нормандија и Македонија, преку Асоцијацијата на агенции за локална демократија и Општина…

повеќе...

Партерно уредување на просторот пред „Охридска банка“

Градежната оператива на Јавното претпријатие „Градски гробишта“ започна со партерно уредување на локацијата пред „Oхридска банка“ и Регионалниот центар на ЕВН. Се врши бетонирање, поставување на гранитни плочки, обложување на ѕидовите со украсен камен и поставување на клупи. По завршувањето на градежните активности екипите на на ЈП „Градски гробишта“ ќе извршат и хортикултурно уредување на просторот. Финансиската конструкција на овој зафат изнесува околу 350.000 денари.

повеќе...

Се санираат заштитните огради на спортските и детски игралишта во Охрид

Градежно-оперативните екипи нa ЈП „Градски пазар“ деновиве активно работат на санација на металните заштитни огради на детските и повеќенаменските спортски игралишта лоцирани на различни делови во Охрид. Деновиве се работеше на поставување и досредување на новата заштитна мрежа на детското спортско игралиште на улица „Карпош Војвода“, а се постави и нова мрежа на детското спортско игралиште во населба „Христо Узунов“. Екипи на оваа претпријатие работеа и на обновување на оштетената и насилно отстранета заштитна ограда на кружната раскрсница на пресекот на булевар „Туристичка“ и ул. „Македонски Просветители“’. Градежните активности на…

повеќе...

Охрид меѓу 30 најубави мали градови во Европа

Интернет-страницата „Телеграф травел“, која постојано ги информира своите читатели за најдобрите дестинации што треба да се посетат низ светот, го вбројува Охрид меѓу 30 најубави мали градови во Европа. Изборот на листата со градови е направен од 300 туристички агенции од Јапонија кои сметаат дека наведените градови во Европа се најубави и се дестинации што „мора“ да се посетат. „Охрид, град во Македонија, кој се наоѓа на брегот на Охридско Езеро, е еден од вкупно 28 места во светот кои се на листата на УНЕСКО и поради природните и поради…

повеќе...

Дојран – град на културата за 2016 година

Во врска со објавениот Конкурс на Министерството за култура за финансирање проект од национален интерес за манифестацијата „Град на културата за 2016 година“, ве известуваме дека по разгледувањето на пристигнатите пет пријави од градовите Битола, Берово, Струмица, Дојран и Тетово, беше одлучено дека Дојран, со понудената апликација, ги исполнува условите да биде престолнина на културата за 2016 година. Програмата на Дојран содржи широк спектар на конкретни, квалитетни и разновидни културни содржини од сите дејности, проекти кои ја афирмираат културата и промовираат врвни културни вредности кај младата популација, активности кои го…

повеќе...

Охридската Гимназија го одбележа патрониот празник

Со свечена приредба, вечерва Општинското средно училиште „Св.Климент Охридски“ го одбележа патрониот празник. На свеченоста се обрати претседателката на Советот на општина Охрид, Гордана Коњановска. „Со вечерашната свеченост, Вие се вклучувате во неколкудневната прослава во чест на великиот светител и просветител Свети Климент Охридски, чие име гордо го носи Вашата гимназија. Тоа свето име не обврзува сите нас постојано да се навраќаме на неговото дело кое со векови било и сега е инспирација за негување и унапредување на нашиот културен и духовен идентитет. Тоа не прави препознатливи во општоцивилизациските светски…

повеќе...

Во тек е пријавувањето за конкурсот за Град на културата во 2016 година

Министерството за култура го објави Конкурсот за финансирање на проектот „Град на културата” во 2016 година, кој ќе трае до 7 декември 2015 година. На Конкурсот може да учествуваат градовите во Република Македонија, а пријавувањето се врши со доставување пополнета пријава која треба да се преземе од веб–локацијата на Министерствотo за култура (www.kultura.gov.mk) и да се пополни електронски со впишување податоци на означеното место. Кон пријавата задолжително треба да се приложи прецизна фестивалска програма со препознатлива културна и историска традиција и краток осврт на проектите кои се составен дел од…

повеќе...

Исчистени локации во стариот дел од градот

По налог на општинскиот инспекторат, екипите на „Паркови и зеленило“ при ЈП „Охридски Комуналец“ исчистија повеќе локации во стариот дел од градот. „Комплетно се расчистени тешко пристапни парцели во близина на Античкиот театар (ул.„Браќа Миладиновци“ ) кои беа обраснати со жбунеста вегетација и трње, а зелениот отпад е транспортиран. Исчистена е и локацијата над спомен-куќата на Григор Прличев.“- информираат од претпријатието.

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески се сретна со жителите од УЗ Стар град

Како добра практика за подобра комуникација со граѓаните, која градоначалникот Никола Бакрачески ја применува од неговото доаѓање за градоначалник, вечерва, тој оствари средба со жителите од УЗ Стар град. Ваквите средби претставуваат извор на идеи и проекти кои се од круцијално значење за жителите, како и можни решенија за нивните проблеми од секојдневието. На ваквите средби покрај градоначалникот и неговиот тим од Локалната самоуправа, присуствуваат и сите директори од Јавните претпријатија кои произлегуваат од Локалната самоуправа. Овој начин на работа на градоначалникот придонесува за реализација на приоритетните проектите, како и…

повеќе...