Евроамбасадорот Самуел Жбогар во работна посета на Општина Охрид

Денес во работна посета на Општина Охрид, престојуваше амбасадорот на ЕУ во Република Македонија, Самуел Жбогар. Во пријателска и срдечна атмосфера, градоначалникот Никола Бакрачески го информираше европскиот дипломат за досегашната соработка на Општина Охрид и Европската мисија, односно за реализирањето на проектите со помош на европските фондови. Амбасдарот Жбогар беше пријатно изненаден од бројот и динамиката со која беа спроведени одредени проекти, проекти кое се во тек на реализација или за кои има аплицирано локалната самоуправа. И двајцата соговорници се согласија дека со се она што Охрид претставува за Македонија,…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески организира Ифтарска вечера

Градоначалникот Никола Бакрачески, за граѓаните од муслиманска вероисповест, утревечер ( 21.06.2017 г.) со почеток во 20 часот, на плоштадот Крушевска Република, организира Ифтарска вечера. Во името на соживотот, мирољубието и човекољубието, градоначалникот Бакрачески упатува јавна покана до сите граѓани од муслиманска вероисповест да дојдат на Ифтарската вечера. На вечерата, на покана на градоначалникот Бакрачески ќе присуствува и евроамбасадорот Самуел Жбогар.

повеќе...

Работна средба на градоначалникот Бакрачески со министрите Дураку и Мерко

Градоначалникот Никола Бакрачески, денес имаше работна средба со министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураку и Рамиз Мерко, министер задолжен за привлекување странски инвестиции. На средбата присуствуваше и заменик министерот Зоран Шапуриќ и градоначалникот на Струга, Мустафа Забзу. Градоначалникот беше информиран за ставот и закључоците на Владата на Република Македонија, за изнаоѓање на привремено решение за проблемот со депонијата во Струга, односно за можноста комуналниот смет од Струга, времено да биде одложуван во депонијата Буково. Градоначалникот Бакрачески ги информира владините министри, дека било какво решение кое нема да…

повеќе...

Поставен камен темелникот за затворениот градски пазар

Денес со пригодна свеченост беше поставен камен темелникот на објектот за новиот градски затворен зелен пазар. Обраќајќи се пред присутните, градоначалникот Никола Бакрачески, испрати искрена честитка до првиот човек на АД „Илинден“ Радован Трајковски, за неговата храброст да инвестира во овој капитален објект за Охрид. „Непроценливо е чуството да бидеш дел од тимот кој што ги реализира проектите, капиталните инвестиции што генерации наназад ги ветуваа, но не успеаа да ги исполнат. Трудот кој што сите поединечно, но и како тим го вложивме, денес, го здогледува светлото на денот. Со оваа капитална…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески на отворањето на Меѓународниот конгрес на Оториноларинголозите

Градоначалникот Никола Бакрачески зборуваше на отворањето на Четвртиот Македонски конгрес на оториноларинголозите со меѓународно учество, кој се одржува во Охрид.Пред учесниците на конгресот, градоначалникот Бакрачески истакна дека се чувствува пријатно меѓу неговите колеги од медицинската фела и изрази благодарност до нив што го избрале Охрид за место на одржување на овој еминентен научен и експертски форум. „Охрид, со својата богата историја, културното наследство и природните реткости е вистинското место, покрај напорната работа да издвоите слободно време да уживате во овој вонвременски амбиент. Ние сме осведочени добри домаќини и токму поради…

повеќе...

Средба на градоначалникот Бакрачески со градоначалникот на Волонгонг Гордон Бродбери

Градоначалникот Никола Бакрачески, денеска имаше официјална средба со Гордон Бродбери градоначалник на Волонгонг од Австралија, кој е во тридневна посета на Охрид. На средбата заеднички беше оценето дека има многу неискористени можности за продлабочување на соработката меѓу двата града кои се збратимени во 1981 година. По презентацијата на Охрид, неговото културно- историско богатство и можностите за развој, особено во областа на туризмот, градоначалникот Бакрачески го запозна гостинот со функционирањето на локалната самоуправа и реализирањето на проектите. Градоначалникот на Волонгонг, Гордон Бродбери, рече дека уживал во убавините на Охрид и се…

повеќе...

Свечено одбележан Денот на Светите Кирил и Методиј

Со положување на цвеќе пред споменикот на Светите Кирил и Методиј, денеска, свечено беше одбележан 24. Мај денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј. Делегации на Општина Охрид, општинското средно училиште што го носи името на просветителите, сите останати воспитно образовни институции, здруженија на граѓани и политички партии, се поклонија и положија свежо цвеќе пред споменикот на браќата. Традиционално на овој ден, градоначалникот Никола Бакрачески, на учениците од општинските основни и средни училишта што освоиле награда на државни или меѓународни натпревари, им врачи пригодни награди. Претходно градоначалникот Бакрачески присуствуваше…

повеќе...

Честитка од градоначалникот Бакрачески по повод Националниот ден на Власите

Градоначалникот Никола Бакрачески, по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите упати честитка до припадниците на влашката етничка заедница во Охрид. „Припадниците на влашката етничка заедница, со својата богата култура и општествено делување, претставуваат нераскинлив дел од историјата на Република Македонија.Власите со нивната култура, срдечност и мирољубивост се составен дел на македонското општество, а влашката заедница давала и дава значаен историски, општествен и културен придонес во современата македонска држава. Нивниот придонес е осведочен и во развојот на локалната заедница. Ние како нивни сограѓани сме убедени дека Влашката заедница е…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески на снимањето на филмот „Дедо и внук“

Градоначалникот Никола Бакрачески, денес, присуствуваше на снимањето на филмот „Дедо и внук“ што е во режија на охриѓанецот Илија Пиперкоски. „Сакам да го изразам своето чувство на задоволство од несекојдневната прилика што ја имав денес, да присуствувам на некои од крајните сцени од снимањето на филмот „Дедо и внук“, во сценарио и режија на нашиот Илија Пиперкоски и продуцентот господинот Антов. Филмот создава одлична можност за промоција и афирмација на Охрид, насекаде каде што овој филм ќе биде прикажуван и гледан. Чинам дека ова е втор филм кој што е…

повеќе...

Честитка од градоначалникот Бакрачески до Македонската полиција

По повод 7 мај, Денот на Македонската полиција, градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, до припадниците на Министерството за внатрешни работи, упати честитка во која стои: „Денес кога Македонската држава е исправена пред нови предизвици, Вие како припадници на Министерството за внатрешни работи, ја имате одговорноста како и многу пати во минатото, да бидете последната брана за зачувување на мирот, безбедноста и правниот поредок на Република Македонија. Верувам дека и овој пат ќе бидете на висината на задачата со која безбедноста и сигурноста на сите граѓани ќе биде гарантирана. Граѓаните на…

повеќе...