Градоначалникот Никола Бакрачески, денес оствари средба со претставници на Германскиот економски совет, предводени од Тим Фаустман и Норберт Зисмут. Германската бизнис делегација е во скрининг посета на Македонија, за идни потенцијални вложувања во туризмот, прехранбента и земјоделска индустрија и ИТ секторот. Градоначалникот Бакрачески ги запозна гостите со можностите и потенцијалите на Општина Охрид, при што гостите изразија особен интерес за соработка во ИТ секторот. Во текот на посетата, германските гости ќе остварат средба со претставници од Универзитетот “Свети Апостол Павле“, за да се разгледаат модалитетите за идна соработка, a ќе…
повеќе...Tag: градоначалник
Градоначалникот Бакрачески се сретна со Бронвин Халфпени
Унапредувањето на туризмот и зголемување на бројот на гостите беше една од главните теми на кои разговараа градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески и член на парламентот на австралиската држава Викторија, Бронвин Халфпени. Пријателските односи со Австралија, земја во која живеат голем број македонци нуди одлична можност за остварување на поголема соработка во различни области. Како идеја за таква соработка на средбата беше истакната потребата за воспоставување на директна авионска линија како и поврзување на австралиските туроператори со локалните туристички работници.
повеќе...Шести невролошки конгрес во Охрид
Во хотелот Метропол, синоќа започна шестиот по ред Македонски невролошки конгрес, со интернационално учество и вторите по ред интернационални Охридски средби. Настанот е во организација на Универзитетската клиника за неврологија – Скопје, Здружението на невролози на Република Македонија и Лига за борба против епилепсија. Како претставник на градот домаќин, свое обраќање имаше градоначалникот Никола Бакрачески. „Почестен сум, да се обратам на 6. Македонски невролошки конгрес со интернационално учество и да Ви посакам топло добредојде во овој убав град. Дозволете ми да го изразам своето задоволство што го избравте Охрид за…
повеќе...Охрид го одбележа Денот без автомобили
По повод Европската недела на мобилност која оваа година се одржува под мотото „Паметна и одржлива мобилност- влог за Европа“,Секторот за заштита на животна средина и управување со отпад при Општина Охрид, денеска ја реализира манифестацијата „Ден без автомобили“. Активностите започнаа со собирање на учесниците пред зградата на Општина Охрид, каде се обрати градоначалникот Никола Бакрачески и настапи хорот при Основното училиште „Братство- Единство“. Градоначалникот Бакрачески рече дека треба да се гордееме што Општина Охрид е дел од мрежата на европски градови кои ја одбележуваат Европската недела на мобилност и…
повеќе...Пуштени во употреба тениските игралишта во Охрид
Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески и Градоначалникот на општина Охрид Никола Бакрачески денес официјално ги пуштија во употреба новите три тениски терени и новото повеќенаменско спортско игралиште во СРЦ “Билјанини извори” во Охрид, кои се наменети за граѓаните и спортистите на Охрид. Овие игралишта се инвестиција на Владата на Република Македонија и Агенцијата за млади и спорт и се дел од проектот „Изградба на 120 тениски терени низ целата држава“ и од проектот „Изградба на 100 повеќенаменски игралишта низ целата држава“. Директорот Спасески во своето обраќање…
повеќе...За муслиманските верници денес започнува четиридневното празнување на Курбан Бајрам
Со утринска молитва и ритуалното принесување на курбанот – жртвата, која симболично го претставува приближувањето кон Бога, денес муслиманските верници го започнаа четиридневното празнување на Курбан Бајрам. Градоначалникот Никола Бакрачески со дел од своите соработници, присуствуваше на настанот на кој беа принесени 10 глави – жртва за празникот, а месото солидарно беше поделено на повеќе од 300 семејства од социјално ранливи категории. Во оваа прилика Бакрачески, честитајќи го празникот истакна: „Овој ден ги покажува солидарноста и сомилоста како универзални вредности и ние како заедница која се стреми за искрен соживот…
повеќе...Честитка од градоначалникот Бакрачески по повод Курбан Бајрам
Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески по повод верскиот празник Курбан-Бајрам упати честитка до сите охриѓани и граѓани на Република Македонија од исламска вероисповед. „Дозволете ми во овие празнични мигови, да Ви го честитам големиот празник Курбан Бајрам, со желби да Ви донесе многу радост, благосостојба и мир во вашите домови ,љубов и грижа за најблиските. Прославувањето на празникот нека донесе хармонија во човечките односи, и нека нé потсети на големото значење на меѓусебната доверба, разбирање,дијалог и толеранција како суштински услови за мир и соживот, среќа и општа благосостојба во нашето…
повеќе...Општина Охрид со поддршка за талентираните
Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, денеска во својот кабинет ги прими ученичките од Охрид кои освоиле први места или завидни резултати на републички или меѓународни натпревари по математика и физика, Ангела Трпческа, Христина Митреска , Софија Димоска и менторот на Сања Симоновиќ која веќе отпатува на студии во Америка . Средбата беше во насока на мотивирање на учениците во понатамошниот процес на освојување на знаења, а во исто време тие да се поттикнат и ориентираат кон постигнување понатамошни успеси како фундамент или есенција во градење на основите и темелите на…
повеќе...Награда за градоначалникот Бакрачески на првиот полско – македонски конгрес на лекари
Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески се обрати на меѓународниот конгрес на лекари, „Прогрес во хирургијата и онкологијата“ кој до четврти септември се одржува во Охрид. Станува збор за прв собир од ваков тип во градов што досега се организирал во Република Полска од страна на проф. д-р Зоран Стојчев, Македонец кој долги години работи и живее во оваа европска земја. Во улога на домаќин и почесен гостин, конгресот за отворен го прогласи градоначалникот Бакрачески кој пред присутните истакна: „Почестен сум што денес во Охрид се одржува овој Меѓународен конгрес на…
повеќе...Доделени стипендии за учениците од Дебрца
По повод почетокот на новата учебна година најдобрите 20 ученици од основно и средно образование добија општински стипендии за тековната учебна година 2016/2017 година. Стипендиите во посебна пригода ги додели Градоначалникот на Општина Дебрца Игор Трајкоски, кој им посака успешна учебна година и одличен успех. „Избрани сте како најдобри од најдобрите бидејќи сакате да учите и да се надградувате. Искуството покажало дека за секој што сака да учи и да се надградува, две нешта никогаш нема да бидат исцрпени. Прво, можностите за стекнување со вредни знаења и вештини. И, второ,…
повеќе...