Пендаровски во охридско: Заедничка обврска е да го поразиме криминалот

Денеска, носителот на столбот Партнерства за демократска Македонија, Стево Пендаровски, заедно со членовите на Извршниот одбор на СДСМ, Пеце Мирчевски и Ѓоко Танасоски, беа помеѓу граѓаните на Охрид. „Лошата економска ситуација во државата силно се чусвтвува и во Охрид. Изминатите години на економско назадување и стагнација го направија Охрид празен град. Навечер нема никој ниту во чаршијата ниту по улиците. Младите масовно се иселуваат од македонскиот бисер. Криминалот и корупцијата на ВМРО-ДПМНЕ целосно го запустеа Охрид. Граѓаните мака мачат и со проблемите во здравството, образованието, социјалата. Граѓаните од околните населени…

повеќе...

Потпретседателот на СДСМ, Кирацовски утре во посета на Дебрца

Потпретседателот на СДСМ и актуелен заменик министер за информатичко општество и администрација, Александар Кирацовски, придружуван од членот на Извршниот одбор на СДСМ, Ѓоко Танасоски и претседателот на Комисијата за здравство на СДСМ, д-р Гоце Чакаровски, утре ќе оствари средби со жителите од населените места Лешани, Белчишта и Мешеишта, општина Дебрца. На средбите се очекува да се разговара за проблемите на жителите, за решенијата на СДСМ, но и за актуелната политичка ситуација во земјата.

повеќе...

Отворено писмо до ЈУНП Галичица

Ние, активистите на граѓанската иницијатива Охрид ЅОЅ, ви се обраќаме откако повеќе граѓани до нас доставија поплаки за нефункционирањето на делот Документи, т.е. Documents (EN верзија на страницата) на официјалната страница на Националниот парк. Охрид ЅОЅ упорно и континуирано ги повикува граѓаните да ги користат механизмите за вклучување во процесот на донесување одлуки што е императив во едно нормално демократско општество. На наше огромно задоволство таквите примери се сѐ почести. Токму затоа и граѓаните ја забележаа оваа неправилност на страницата, која, мора да признаеме, изгледа многу симптоматично ако се земе…

повеќе...

Груевски: Владата е во постојана комуникација со граѓаните

Од првиот ден на моето работење сум во постојан контакт со граѓаните. Постојано сум и на терен, нормално и во канцеларија и на состаноци и на патувања, меѓутоа клучното и основното е да го чувствувате теренот, да ги чувствувате потребите на граѓаните, нивните проблеми, да се врши контрола на тоа што е зацртано, да се работи и тоа што е ветено. Ова е одговорот на премиерот Никола Груевски на барање на новинарите за коментар во врска со неговото постојано присуство на терен меѓу граѓаните, што, според некои, е предизборна кампања.…

повеќе...

Голем интерес на граѓаните за средба со градоначалникот Бакрачески

Во насока на што поголема транспарентност и отчетност, а како дел од активностите на градоначалникот, Никола Бакрачески, за комуникација со граѓаните, денес на култната тераса од комплексот „Летница“, оствари повеќе неформални средби со охриѓани. „Решивме да организираме еден нов вид на комуникација со граѓаните на Охрид на отворено место за кое што сметаме дека граѓаните на некој начин ќе бидат ослободени од стегите на формалностите кој што тие или ние треба да ги приредуваме во кабинетот или канцелариите од секторите во општина Охрид“ – рече градоначалникот Бакрачески. Денешната средба со…

повеќе...

Непосредни средби на градоначалникот Бакрачески со граѓаните

Продолжувајќи ги своите активности за непосреден контакт со граѓаните, градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески утре ќе оствари средба со граѓаните на терасата од кафетеријата Летница, во периодот од 9 до 13 часот. Во неформална атмосфера, граѓаните ќе имаат можност да разговараат со градоначалникот, да ги изнесат своите гледишта за актуелностите во градот и да побараат активност на локалната самоуправа за надминување на одредени состојби.

повеќе...

Соопштение на Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија

Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија испрати соопштение до медиумите, во кое стои: „Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија (ПОПГМ) со неизмерна тага ги прими вестите за загубените животи, повредувањето на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и за траумите кои ги преживеа локалното население во Куманово, како последица на кукавички и гнасен обид на мрачни сили, кои носени од само ним познати фрустрации и злоба посегнаа по безбедноста, слободата и соживотот на граѓаните на Македонија. ПОПГМ им изразува најискрено сочувство на семејствата на загинатите…

повеќе...

Протест во Охрид против полициската бруталност

Неколку стотици граѓани во Охрид мирно протестираа против полициската бруталност, како и го изразија својот револт за убиството на Мартин Нешкоски. Протестот започна пред споменикот на Св. Кирил и Методиј, а собирот беше организиран преку социјалните мрежи. Демонстрантите носеа различни пароли, а протестот беше под надзор од страна на полицијата. Поради безбедност, СВР Охрид со барикади го имаше затворено булеварот „Македонски просветители“, на пресекот со улицата „Дејан Војвода“. Освен во Охрид вакви собири се организираа и во Скопје, Битола, Прилеп, Струмица, Кавадарци и Куманово. WebOhrid

повеќе...

Соопштение од Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија

Извршниот одбор на Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија (ПОПГМ), искажувајќи сериозна загриженост за длабоката државно-политичка и институционална криза во Република Македонија, раководејќи се од принципите на демократија, одговорност, граѓанско единство, мултиетничка солидарност и заложби за сеопшт просперитет на нашето општество, на седницата одржана на 28.04.2015 година донесе одлука, заради обединето делување и формално да им се придружи на политичките субјекти и невладините организации од Република Македонија кои недвосмислено се залагаат за следниве принципи и ставови: неодложна политичка одговорност на креаторите на кризата;  итно и целосно политичко разрешување…

повеќе...

СДСМ со граѓаните во Охрид – Груевски мора да замине

Раководството на СДСМ во текот на целиот ден денеска е во Охрид. Генералниот секретар Оливер Спасовски, организацискиот секретар Миле Зечевиќ, потпретседателот Дамјан Манчевски, членови на Извршниот одбор на СДСМ, претставници на ОО СДСМ Охрид одговараат на заинтересираните граѓани за доказите од проектот Вистината за Македонија, за плановите и активностите на СДСМ да ја врати Македонија на својот народ. „Ова не е битка помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, ова не е битка на Зоран Заев и Никола Груевски. Ова е битка на слободните граѓани против узурпаторите од тесниот врв на власта. Ова…

повеќе...