Решавањето на билатералниот спор за името меѓу Македонија и Грција не било тема на денешната средба на министрите за надворешни работи на двете земји, Никола Попоски и Никос Коѕиас, туку развивањето и унапредувањето на мерките за доверба, продлабочување на економската соработка, соработката во областа на образованието, културата, енергетиката… „Не зборувавме за името, рековме еднаш барем да зборуваме за нашата соработка. Јас се залагам за компромиси, но добри, а не лоши компромиси. Компромис кој ќе не ослободи од затворите на историјата, која не можеме да ја промениме. Мислам дека на мирен…
повеќе...Tag: грција
Претседателот Иванов се сретна со министерот за надворешни работи на Р.Грција Никос Коѕиас
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска го прими Никос Коѕиас, министер за надворешни работи на Република Грција, кој престојува во работна посета на Република Македонија. На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Република Македонија и Република Грција. Претседателот Иванов ја поздрави и ја истакна важноста на денешната посета на министерот Коѕиас на Република Македонија, како продолжение на дијалогот на министерско ниво од минатата година во Скопје и Атина, и во тој контекст, го повтори интересот на Република Македонија за одржување на политичкиот дијалог меѓу двете…
повеќе...Македонците среќни доколку се вратат од Грција само со налепница на нивниот автомобил
И покрај многуте случаи на оштетувања на македонските автомобили и нивните регистарски ознаки во Грција, има многу од нив кои среќно поминуваат без оштетувања или пак само со налепница. Таков е и овој случај во кој еден скопски автомобил дојде во Охрид, а во Грција поминал само со налепница на која на англиски и на грчки јазик пишува: „Ознаката МК не е призната од страна на Грција“. WebOhrid
повеќе...Земјотрес го наруши сонот на охриѓани
Рано утрово во 4 часот и 11 минути во Охрид беше почувствуван слаб земјотрес. Според официјалните податоци од Сеизмолошкиот завод на Црна Гора, епицентарот се наоѓа во Грција, 3 километри западно од Лерин, со интензитет од 3,9 степени според Рихтер, на длабочина од 10 километри. WebOhrid
повеќе...Продолжува реализацијата на проектот Waternet со градот Воден од Грција
Денес во Охрид се одржа „Вториот координативен состанок“ на проектот WATERNET, кој се реализира преку ИПА програмата за прекугранична соработка со соседна Грција. Целта на денешниот состанок е да се направи пресек на досегашните активности,помеѓу партнерите општина Охрид, општина Воден, Техничкиот Институт Александар од Солун и ФТУ од Охрид. Градоначалникот Бакрачески истакна дека реализацијата на проектот се одвива според предвидената динамика, а денешната средба со својот колега, Димитриос Гиану, градоначалникот на Воден, ќе биде искористена да се разгледаат можностите за соработка на повеќе полиња. Во таа насока градовите Охрид и…
повеќе...Повредени 18 полицајци на јужната граница
Денес околу 13.30 часот на граничната линија кај кота 59, нарушен е јавниот ред и мир од страна на мигрантите кои се наоѓале на грчка страна на граничната линија Грција – Македонија. Мигрантите почнале да фрлаат со камења кон полициските службеници со цел пробивање на полицискиот кордон и влез на македоснка страна. Повредени се 18 полициски службеници, од кои двајца со потешки телесни повреди во пределот на главата и еден од нив со потрес на мозок. Сите се хоспитализирани во медицинскиот центар во Гевгелија. Демолирани се и неколку полициски и…
повеќе...Долготраен земјотрес во Грција почувствуван и во Охрид
Утрово во Охрид во 8 часот и 10 минути беше почувствуван долготраен земјотрес со брановидно движење, кој траеше околу 20 секунди. Епицентарот на земјотресот е во Грција, 26 километри западно од Лефкада во Јонското Море на длабочина од 10 километри, со интензитет од 6,5 степени според Рихтер. Според изјавите на жителите од Лефкада, земјотресот бил силен и траел околу една минута. Сеуште нема информации за поголеми материјални штети. WebOhrid
повеќе...КУД „Дримкол“ – Вевчани учествуваше на Меѓународен фестивал во Грција „Музика и море“
КУД „Дримкол“ од Вевчани преку својот детски и младински фолклорен ансамбал овие денови ја презентира Македонската култура и традиција на Меѓународниот фестивалот за музика и танци „Музика и море“ кој се одржува во туристичкото крајбрежно место Паралија. Покрај настапите во официјалната програма на фестивалот кој се одвива во анфитеатарот во Паралија, младите членови на Дримкол ја воодушевија публиката и во туристичките места: Катерини, Олимпик Бич. Организаторот задоволен од Вевчанци, синоќа им довери 15 минутна програма на свеченоста по повод доделувањето на Гранд При наградата на фестивалот. Во рамките на овој…
повеќе...Продолжува традицијата на оштетување возила во Грција
Граничната полиција евидентираше уште еден случај на оштетување возило на македонски државјани кои летувале во Р.Грција. Имено, на 14.09.2015 г. на ГП „Богородица“, од страна на лицето Ј.Ч. од Скопје пријавено е дека на 06.09.2015 г. во туристичкото место Калитеа, му било оштетено возилото – марка „Пежо 207“ со скопски регистарски ознаки, така што на задниот багаж со остар предмет му била изгребана налепницата „МК“ и со гребење му биле напишани буквите – „SLAV“.Случајот не бил пријавен во грчката полиција. Ова е дванаесетти случај во оваа туристичка сезона каде што…
повеќе...Градоначалникот Бакрачески во посета на Воден во Грција
Соработката со грчкиот град Воден која на градот Охрид му отвора можност за заедничко аплицирање до 530.000 евра кои стојат на располагање како дел од ИПА програмата за прекугранична соработка на општините од пограничните региони на земјите кои граничат со Е.У. од денес почна да се спроведува на највисоко ниво. Градоначалникот Никола Бакрачески денес ја имаше првата официјална средба со градоначалникот на Воден Јану Димитриос, а присуствуваше и на официјалната прзентација на проектот ”Вотернет” кој двата града го спроведуваат преку високообразовните установи ФТОН од Охрид и Универзитетот ”Аристотел” од Солун.…
повеќе...