Митинг на претседателскиот кандидат на ГРОМ во Охрид

Со громогласно „да“ одговорија многубројните охриѓани на прашањето на претседателскиот кандидат на Граѓанска опција за Македонија, Зоран Поповски, „дали на Македонија ѝ треба ГРОМ?“ Граѓаните на македонскиот Ерусалим на вечерашниот голем митинг, со овации, аплауз и со скандирање на имињата на кандидатот за претседател и на лидерот на ГРОМ, порачаа дека токму тоа, трета опција, ѝ треба на нашата земја. „Собрани сме овде за да бидеме дел од големата граѓанска идеја и визија, за сплотени под покривот на Граѓанска опција за Македонија да создадеме иднина за нашата Македонија“ – порача…

повеќе...

Претседателскиот кандидат на ГРОМ во четврток во Охрид

Претседателскиот кандидат од ГРОМ, проф. д-р. Зоран Поповски во четврток (3 април),  ќе се претстави пред граѓаните на Охрид. Во 18 часот во просториите на ГРОМ-Охрид, Поповски ќе одржи средба со граѓаните. Во 18 и 30 часот ќе прошета по охридската чаршија, а во 19 часот кандидатот за претседател на ГРОМ, Поповски ќе одржи митинг на градскиот плоштад, информираат од партијата.

повеќе...

Форум на жени на ОО Гром Охрид: Осми март, ден кога треба да се искаже почит кон жените и нивните дела

Некои Осми март го гледаат како празник кога нешто мора да се подари на секоја дама, некои сметаат дека не може без убава трпеза и музика, но секој има право да го прослави Денот на жената онака како што го чувствува празникот и да ја слави жената на свој начин. Унијата на жените на ОО Гром Охрид , Осми март го прослави во духот на партиското мото , а тоа е дружбата и блискоста меѓу членството и симпатизерите пред се. Со скромна забава, кога се работи за материјалната страна, но…

повеќе...

Претседателскиот кандидат на ГРОМ Зоран Поповски меѓу симпатизерите и членовите на ОО ГРОМ Охрид

„Македонија треба да стане место каде што младите ќе се вракаат и ќе ја планираат својата иднина, а не земја од која бегаат“ – истакна на средбата со своите симпатизери и подржувачи проф. д-р Поповски. Претседателскиот кандидат на ГРОМ Проф. Др. Зоран Поповски, денеска се претстави пред симпатизерите и членовите на О.О. Гром Охрид, кои во голем број се собраа за да го поздрават и да ги слушнат неговите идеи и планови. „Бројката на собрани потписи за претседателскиот кандидат проф. д-р. Зоран Поповски за неполни 48 часа, значи дека Колоквиумот…

повеќе...

ОО ГРОМ – Охрид на дружба во манастирот Св.Спас во Лакочереј

Секојдневието на работниците, нивните грижи и радости, е она што најмногу ги интересира членовите на Општинската организација на Граѓанската опција за Македонија од Охрид. Токму затоа, денеска, еден ден пред големиот христијански празник Прочка, претседателот на О.О.ГРОМ – Охрид, Љупчо Настоски и  дел од членовите на ГРОМ – Охрид организираа заеднички ручек со мајсторите, градежниците и останатите работници кои се вклучени во изградбата на манастирот Св.Спас во Горно Лакочереј. При посетата на манастирот, членството на ГРОМ имаше прилика да види како се одвиваат работите на манастирот, а воедно и да…

повеќе...

ОО Гром Охрид им подари компјутер на членовите на Здружението за телесно инвалидизирани лица

Општинската организација на ГРОМ од Охрид продолжува со хуманитарните активности и токму денеска претставници на партијата ги изненадија членовите на Здружението за телесно инвалидизирани лица со ненадејна посета и им подарија компјутер.  „Со овој гест ГРОМ покажа дека има поинаков став кон ранливите категории на лица од другите политички партии“ – истакна претседателот на Здружението, Венко Голабоски при примањето на компјутерот. Оваа хуманитарна акција се реализираше на иницијатива на член на собранието на Здружението, Иљче Јоноски, а организатори беа претседателот на ОО ГРОМ – Охрид, Љупчо Настоски и секретарот, Сашо Робески,…

повеќе...

Формиран Форумот на жени на ГРОМ – Охрид

Општинската организација на ГРОМ – Охрид, вчеравечер, 10-ти февруари, го формираше Форумот на жени и го избра раководството кое ќе ги координира партиските активности на претставничките од понежниот пол на партијата во Охрид.  За претседател беше избрана Драгана Крстеска, диломиран економист и сопственик на приватна фирма, за потпретседател Сања Тасевска, дипломиран менаџер по осигурување и магистранд на ФТОН и за секретар беше назначена Марија Кука, магистер по социјални работи и новинар. За раководните функции се одлучуваше по доставени предлози на секоја од присутните членки на партијата и тие заедно најголема доверба…

повеќе...

Формиран Форумот на млади на ГРОМ

 Над 150 млади членови на Општинската организација на ГРОМ – Охрид, вчера, 26.01.2014, отпатуваа во Скопје, предводени од претседателот на ФОМ ГРОМ – Охрид, Ристе Танкоски, за да присуствуваат на Основачкото собрание на Форумот на млади на ГРОМ кое се одржа во Универзалната сала. Веднаш по пристигнувањето во Скопје, членовите од Охрид заедно со останатото членство од другите општини, се придружија на Маршот на храброста, со кој го оправдаа слоганот на својата партија.    Во работниот дел, ФОМ ГРОМ за свој претседател го избра актерот Бојан Велески, како и членовите…

повеќе...

Претседателот на ОО ГРОМ Настоски упати честитка по повод Божиќ

Почитувани, Претседателот на Општинската организација на ГРОМ – Охрид, на сите граѓани од христијанска вероисповед им го честита еден од најрадосните празници, денот на Христовото раѓање – Божиќ  и им посакува овој празник да го поминат во одлично расположение со своите најблиски. Со почит, Љупчо Настоски, Претседател на О.О.ГРОМ-Охрид

повеќе...