Една вечер поезија, 365 вечери депонија

За време на завршната манифестација од Струшките вечери на поезијата, на дрвениот мост во Струга беше истакнат транспарент на македонски, албански и англиски јазик: Една вечер поезија, 365 вечери депонија 1 mbrëmje poezi, 365 mbrëmje deponi 1 evening poetry feel, 365 evenings landfill Транспарентот поставен од страна на граѓанската иницијатива „Стружани за Струга“ има цел да го привлече вниманието од пошироката јавност за проблемите со кои се соочуваат стружани со депонијата во Струга, загадувањето од неа, а особено од нејзиното палење и чад за време на летната туристичка сезона. WebOhrid

повеќе...

Подводна еко-патрола

За време на снимањето на подводни сцени од  WebOhrid Aquatic, затекнавме многу отпад. Истиот беше собран од наша страна и депониран до најблискиот контејнер. Најзастапен отпад беше стаклото, кое доколку навремено не се извади од водите се крши на многу повеќе парчиња. Би упатиле апел до сите: Да не фрлаат отпад, да не ја загадуваат природата и доколку забележат отпад да се потрудат истиот да го отстранат! А сега, време е за убави нешта! Уживајте во најновите подводни снимки кои ги сними нашата подводна камера… WebOhrid

повеќе...

Акции за чистење на потегот Лагадин-Пештани и дел од Градска плажа

Високиот водостој на Охридското Езеро допринесе да се наталожат големи количини отпад  по крајбрежјето, притоа најзастапени се пластични отпадоци, хартија и трска. Од тие причини екипите на „Јавна Хигиена“ презедоа акции за чистење на крајбрежниот појас на потегот од населба Лагадин до Пештани и потегот на Градска плажа од Калето до вливот на река Грашница. Со расчистување на локациите се започна вчера и ќе се работи три дена со 15 ангажирани работници. Според претходно сондираниот терен, надлежните очекуваат да се соберат околу 100 вреќи отпад.

повеќе...

Акција за чистење на патниот правец Косел-Ливоишта

По барање на месното население од село Вапила,  Ј.П. „Охридски Комуналец“ денес спроведе акција за расчистување на расфрлан отпад покрај патниот правец Косел-Ливоишта. „Иако овој патен правец е магистрален пат за чие одржување се надлежни од „Македонија Пат“, во интерес на граѓаните, со цел да излеземе во пресрет на нивнте барања, пристапивме кон расчистување на овој потег“. – велат од Ј.П. „Охридски Комуналец“. Ангажирани беа 10 работници и подигнати се 50 вреќи отпад, а најзастапен е отпад од пластика, хартија и зелен отпад. WebOhrid

повеќе...

Се поставуваат 150 корпи за ситен отпад

Деновиве на територијата на општина Охрид се поставуваат 150 корпи за ситен отпад. Акцент се става на автобуските и такси-постојките, детските игралишта, викенд населбите и сите пофреквентни улици во градот. Со овие активности надлежните сметаат дека степенот на хигиена ќе се подигне за еден степен. Од Ј.П. „Охридски Комуналец“ апелираат граѓаните да го почитуваат Законот за јавна чистота и уредно да го депонираат отпадот во корпите чија намена е депонирање на ситен отпад, а не отпад од домаќинства.

повеќе...