Универзитетот „Св.Апостол Павле“ и компанијата „ХАСЕЛТ“ потпишаа меморандум за соработка

Универзитетот за Информатички науки  и технологии „Св. Апостол Павле“ од Охрид и ИЦТ компанијата „ХАСЕЛТ“ потпишаа меморандум за соработка. Оваа соработка се заснова на размена на искуства и знаења, поттикнување и продлабочување на образовна, практична, научна и техничка соработка во областа на информатичките науки и компјутерското инженерство. Целта на овој меморандум  е да се официјализира  соработката помеѓу Универзитетот и „ХАСЕЛТ“ и  да се овозможат услови за споделување на заедничките цели во областа на информатичките науки и технологии. „Соработката со „ХАСЕЛТ“ е иницијатива за приближување на практичниот и теоретски пристап како…

повеќе...

Студентите од „Свети Апостол Павле“ во натпревар за најдобра Android апликација

 Техномаркет ги повика студентите од охридскиот Универзитет за информатички науки и технологии, „Свети Апостол Павле“ да ја направат најдобрата апликација за паметни телефони и таблети. На денешната презентација на студентите им беа претставени техничките спецификации за креирање на најсовремена Android апликација. „Образованието котира високо на нашата приоритетна листа на области каде сакаме да оставиме траен белег. Токму тоа е причината за организирање на овој иновативен натпревар. Со наша поддршка, а со потенцијалот, капацитетот и широкиот опсег на познавања кој го поседуваат студентите, сигурни сме дека ќе создадеме врвно, но истовремено…

повеќе...

Презентација на научни истражувања во вселената на УИНТ „Св. Апостол Павле“ по повод Светскиот ден на науката за мир и развој

По повод одбележувањето на Светскиот ден на науката за мир и развој, денеска во амфитеатарот на УИНТ „Св. Апостол Павле“ Охрид, се одржа предавање на тема “ARABIDOPSIS ROCKET SCIENCE: How We Grew Plants on the International Space Station” (Арабидопсис ракетна наука: Одгледување на растенија во Меѓународната вселенска станица). Предавањето го одржа проф. д-р Братислав Станковиќ, кој даде увид во новите технологии, можностите за научни истражувања во вселената, вклучувајќи и презентација на резултати од експерименти спроведени на Меѓународната вселенска станица. „Конструкцијата на Меѓународната вселенска станица како постојана експериментална база во микрогравитација…

повеќе...

Ивановски: Стимулирање широкопојасен интернет преку нов закон за електронски комуникации

Стимулирање на користењето побрз широкопојасен интернет, иновации, слобода на изразување, отворање нови работни места и  натамошен развој  на телекомуникацискиот пазар, најавува Министерството  за  информатичко општество и администрација со нов закон за електронски комуникации, чија работна верзија ја презентира денеска. „Основата за натамошен развој во информациско комуникацискиот сектор, а  со тоа и на целокупната економија во државата  е развојот на следните генерации електронски комуникациски мрежи и услуги, а особено на широкопојасниот интернет“, рече министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски во обраќањето на јавната расправа за новиот закон. Според податоците…

повеќе...

Програмата е-Влада отворена за приватниот сектор

Приватниот сектор да ги искористи можностите со отворањето на  податоците од институциите  и да изработат нови апликации и сервиси со коишто ќе отворат нов бизнис модел, а економијата ќе има нова додадена вредност, апелира министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски. Во обраќање на дводневната Конференција за програмата е-Влада, што се одржува од денеска во Скопје, Ивановски информира дека минатата недела  заврши набавката за системот за отворени податоци, со којшто за почеток ќе се поврзат пет институции што своите податоци  што ги имаат во дигитална форма ќе ги направат…

повеќе...

Меѓународна конференција за развој на човечки ресурси

Менаџери за човечки ресурси во македонски компании, странски консултанти и владини претставници денеска на конференција во Скопје разговараат за начините за создавање човечки капитал што ќе одговори на потребите за развој на организациите во услови на постојани промени.  Според министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, и државните и приватните организации треба да го прилагодат начинот  на функционирање и водење бизнис на новите генерации кои не познаваат свет без користење на современите информатичко-комуникациски технологии. „Целта е да се овозможи на креативните индивидуи да работат во околина што им е…

повеќе...

Со воведување интегративни системи Општина Охрид ќе создаде поефикасна администрација

Неопходно да се спроведе до обука на поголем број нестручно вработени лица во охридската општинската администрација преку системите кои ги има направено Министерството за информатичко општество и администрација. Идната недела ресорното министерство ќе испрати активни лица кои ќе и помогнат на општината да ги обучи луѓето кои работат на компјутерскиот систем во Локалната за да можат да ја инсталираат новата опрема по што ќе се направи и првична обука на вработените во Општината , беше истакнато по работната средба меѓу градоначалникот Никола Бакрачески и Министерот за информатичко општество и администрација,…

повеќе...

Министерот Ивановски одблизу се запозна со работата на охридската Локална власт

Градоначалникот Никола Бакрачески на денешната работна средба го информира Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски за проектите кои се во тек или се реализирани од Локалната а финансиска се поддржани од Владата, со посебен осврт на проектите од делот на информатичкиот развој. „Како што и сами знаете во завршна фаза е подготвителниот период за конечна реализација на проектот за затворен пливачки базен. Планската документација се привршува, одредена е локација, и во првото тромесечје на идната година се очекува да започне изградбата на долго најавуваниот затворен пливачки базен. Средствата…

повеќе...

Пуштени во употреба новите простории на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“

Министерот за образование и наука Спиро Ристовски денеска ги пушти во употреба  новите простории на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ во Охрид. Средствата за инвестицијата вредна 50 милиони денари се издвоени од буџетот на Министерството за образование и наука, рече Ристовски. Тој додаде дека станува збор за проект за проширување на капацитетите на Универзитетот, со опција за адаптирање и целосна пренамена на дел од старата касарна во Охрид, процес што би се одвивал во неколку фази. „Во оваа фаза е заокружен процесот на целосна изградба и…

повеќе...

Благодарници за учениците кои освоија медали на Балканската и Интернационалната олимпијада по информатика

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска и министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, денес им доделија благодарници на македонските средношколци, кои освоија еден сребрен и два бронзени медали на 21-та Балканска олимпијада по информатика во Сараево, како и на учениците кои се вратија со бронзен медал од 25-та Интернационална олимпијада по информатика во Бризбејн, Австралија. Климент Серафимов, Бојан Серафимов, Васил Кузевски, Филип Беџовски и Росица Дејановска, се натпреваруваа со свои врсници од 10 балкански земји и го постигнаа најголемиот успех за Македонија од областа на…

повеќе...