Усвоени законски измени со кои се олабавува водењето електронски дневник

На денешната прес-конференција, портпаролот на Владата на Република Македонија, Александар Ѓорѓиев истакна дека Владата на Република Македонија на минатата седница го усвои Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за просветниот инспекторат. Измените во законот се позитивен резултат произлезен од социјалниот дијалог помеѓу Владата и Министерството за образование и наука од една страна и Синдикатот на просветните работници, односно директно излегување во пресрет и позитивно прифаќање на идеите на синдикатот, и со нив во обостран интерес се регулира материјата во врска со постапувањето со водењето на електронскиот дневник и значат…

повеќе...

Намалување на казните за радиодифузерите со новата законска регулатива

По одржаните јавни расправи за Законот за медиуми и Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во Комисијата за транспорт, врски и екологија при Собранието на Република Македонија, на 29 и 30 јули 2013 година, и по разгледувањето на забелешките и сугестиите предложени од страна на учесниците во расправите, Министерството за информатичко општество и администрација донесе одлука за намалување на глобата за радиодифузерите за сторен прекршок во нивното работење. По одржувањето на јавната расправа за двата закона предвидена за 13 август 2013 година, ќе се донесе одлука за колку ќе…

повеќе...

Јавна расправа за Законот за медиуми

Во Собранието на Република Македонија денес се одржа седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија, на чиј дневен ред беше јавната расправа за Законот за медиуми. Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, во воведното обраќање образложи дека законот се однесува на сите медиуми и оти од неговото прво претставување во јавноста досега се направени повеќе измени и дополнувања, по предлог на странските и на домашните експерти, здруженија и асоцијации. Тој се задржа на слободата на изразувањето и правата на новинарите, како едни од најзначајните сегменти од нацрт-текстот…

повеќе...

Ставрески: Aнглиските компании заинтересирани за инвестирање во Македонија

Компании од информатичката технологија, турзмот, спа-туризмот и автомобилската индустрија во Велика Британија пројавија интерес за инвестирање во Македонија на одржаните бизнис форуми. Со дел од компаниите контактите се во почетна фаза, со дел имало и претходни средби, а вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески очекува дека наредната година дел од нив ќе направат реална инвестиција во Македонија.  „Во изминатите четири дена ги посетивме четирите главни градови во Велика Британија – Лондон, Лидс и Ливерпул со дополнителни посети во Манчестер при што беа презентирани инвестициските можности за Република Македонија да…

повеќе...

Развој на администрацијата со британска помош

Воспоставување и менаџирање на процесот на управувањето со човечки ресурси базиран на компетенции во администрацијата, е целта на проектот за реформа во јавната администрација, за што денеска Меморандум за соработка потпишаа министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски и амбасадорот на Обединетото Кралство Кристофер Ивон. Министерот Ивановски истакна дека досега се преземени и остварени повеќе иницијативи за соработка со Обединетото Кралство, кои помогнаа во создавањето и развојот на сервисно ориентирана професионална администрација. „Воведовме признати меѓународни методи за оценка и подобрување на квалитетот на работата и управувањето во администрацијата, како…

повеќе...

Ивановски: Законите за медиуми и за аудиувизуелни и медиумски услуги усогласени со препораките

Медиумите и аудиовизуелните и медиумските услуги ќе бидат регулирани во два посебни законa усогласени со препораките на ОБСЕ, Советот на Европа и ЗНМ. Предлог законите за медиуми и за аудиовизуелни и медиумски услуги се усвоени од Владата и пратени до Собранието на Република Македонија во редовна постапка. „Сите дефиниции за кои што имавме забелешка од ОБСЕ или СЕ се допрецизирани по нивните препораки. Регистрацијата на медиумите се вршни во Централниот Регистар, како било кое друго трговско друштво, а не во новата Агенција за медуми, со ште се задоволува уште една…

повеќе...

Министерот Ивановски во Виена на средба со претставникот на ОБСЕ за Законот за медиуми

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, во Виена оствари средба со претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, Дуња Мијатовиќ, при што разговараа за Нацрт- работната верзија на Законот за медиуми и аудиовизуелни медиумски услуги. За време на средбата на која учествуваа и експерти кои се дел од работната група за изготвување на Законот, се дискутираше за повеќе одредби од нацрт-верзијата на законот кои беа предмет на интерес на пошироката медиумска јавност. „Ние настојуваме да ги надминеме различните перцепции за важни членови од законот, кои ќе ја подобрат…

повеќе...

Обуки за содржини на македонски јазик на Википедија

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски неодамна го посети интернет клубот во Скопје, каде што се одржуваат бесплатни обуки за изработка и објава на содржини на Википедија. Министерството за информатичко општество и администрација ги организира бесплатните  обуки за изработка и објава на содржини на Википедија со цел да се зголеми бројот на статии на македонски јазик на Википедија и промовирање на оваа глобална интернет енциклопедија. Преку обуката, учесниците се запознаваат со значењето на Википедија, но и преку практични примери се обучуваат како може самите да изработуваат и објавуваат…

повеќе...

Компјутерска анализа на динамиката на микротубулите за персонализирана хемотерапија

Во амфитеатарот на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле” од Охрид, денес се одража предавање на тема „Kомпјутерска анализа на динамиката на микротубулите за персонализирана хемотерапија”  од страна на проф. д-р Александре Матов,  научен истражувач од лабораторијата на проф. Параскеви Џанакаку од Weill Cornell Medical College при Cornell University од Њу Јорк, САД,  исто така и насловен доцент во областа Биотехнологија при Универзитетот. На ова предавање се презентираше проектот за развој на компјутерски базиран алгоритам кој што со висока точност детектира циркулирачки малигни клетки во крвта на…

повеќе...

Министерот Ивановски го врачи Сертификатот за функционалност на Царинската управа

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски денеска на директорот на Царинската управа Ванчо Каргов, официјално му го врачи Сертификатот за функционалност на царинскиот информациски систем МАКЦИС, наменет за обработка на царински декларации. МИОА го издава овој сертификат за информациските системи кои ги користат органите при комуникација и размена на податоци и документи по електронски пат, а Царинската управа е првата државна институција во Македонија која добива ваков сертификат. „Ова е прв сертификат кој се доделува на една институција, врз основа на Законот за електронско управување, а сертификатот е…

повеќе...