Почнува реализацијата на 50 милионската инвестиција на „Костал“

Германската компанија „Костал“ официјално почна со реализација на најавената инвестиција во Македонија во вредност од 50 милиони евра, а која треба да отвори илјада работни места. Стартуваат во постоечки објект како браунфилд инвестиција, а од почетокот на наредната година ќе почне и изградбата на нивната нова фабрика. Договорот за реализација на инвестицијата на „Костел“ денеска во Владата го потпишаа директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Виктор Мизо и извршниот потпретседател на „Костал“ Кристофер Сандерс. Фабриката на „Костал“ ќе биде лоцирана во ТИРЗ Струга/Охрид каде што ќе произведува електронски компоненти за автомобилската…

повеќе...

Пуштен во употреба нов апарат за ангиографија во ГОБ „8 Септември“

Во ГОБ „8 Септември“ денеска официјално беше пуштен во употреба нов современ апарат ангиограф кој ќе извршува многу процедури, вклучувајќи и процедури од областа на интервентната кардиологија. „Ова практично ќе биде еден нов момент во оваа болница, затоа што болницата немаше досега ваков апарат. Со ова болницата ќе биде втор центар во Скопје во кој ќе се вршат ваков вид интервенции за инфаркти, стентови за инфаркти и други интервентни процедури“, рече премиерот Никола Груевски кој во присуство на министерот за здравство Никола Тодоров го пушти во употреба апаратот. Набавката на…

повеќе...

Груевски: Нови 1,1 милион евра инвестиција во опрема во здравството

Дополнителни 1,1 милион евра ќе се инвестираат во здравството до крајот на годината. Ќе биде набавена опрема за клиниките за детски болести и за гинекологија и за поликлиниката „Јане Сандански“ во општина Аеродром. Ова го најави премиерот Никола Груевски по денешното пуштање во употреба на новиот објект на ОУ „Живко Брајковски“. „Континуирано вложуваме во здравството. Имавме еден проект за вложување на 100 милиони евра во набавка на опрема и тој проект во најголем дел е реализиран. Сега започнавме нова набавка на опрема за неонатална интензивна нега за Универзитетската Клиника за…

повеќе...

Груевски: Закони важат подеднакво и за странските и за домашните инвеститори

Погрешна е тезата дека им помагаме повеќе на странските инвеститори отколку на домашните. Сите закони што ги носи Владата важат подеднакво и за странските и за домашните инвеститори, изјави денеска премиерот Никола Груевски по посетата на индустриската зона во општина Василево. „Тоа е лажна теза на социјалдемократите дека повеќе внимание обрнуваме на странските инвеститори, отколку на домашните. Тоа го прават затоа што нема што да кажат бидејќи во нивно време ниту странски компании доаѓаа, ниту пак домашните имаа некаков прогрес“, истакна Груевски. Она што ние го правиме, како што рече,…

повеќе...

Отворена фабриката на германската „Техникал Текстајлс“ во ТИРЗ Штип

Во штипската ТИРЗ денеска е отворена новата фабрика на германската компанија „Техникал Текстајлс“ чија инвестиција чини околу 15 милиони евра, а во неа ќе се произведуваат повеќе компоненти на фиберглас кој има широка примена во градежната, авионската и автомобилската индустрија. Премиерот Никола Груевски, директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Виктор Мизо и сопственикот на „Техникал Текстајлс“ Јинс Вандланд денеска свечено ја отворија фабриката во која веќе работат сто луѓе. Премиерот Груевски истакна дека во наредниот период во оваа фабрика се очекува да се отворат уште илјада нови работи места, што ќе…

повеќе...

Египетски компании заинтересирани за инвестирање најавија посета на Македонија

Министерот за странски инвестиции, Бил Павлески во Египет ги претстави инвестициските можности што се нудат на странските компании во Македонија. При тоа дел од нив пројавија интерес за инвестирање и најавија посета на Македонија. Од Кабинетот на министерот информираат дека за време на посетата Павлески оствари средби и бизнис форуми со раководството на позначајните стопански комори во Египет, меѓу кои со Федерацијата на египетски комори и Канадската комора во Египет, Комората од Гиза, Комората од Калиопеја и Комората од Александрија, како и нивните членки. На средбите тој информираше за економската…

повеќе...

За спортски објекти инвестирани околу 23 милиони евра, спортот останува владин приоритет

Изградбите на спортските и училишните сали, фудбалските терени, тениските и повеќенаменските игралишта во сите региони и општини претставуваат еден од приоритетите на државата за развојот на спортот и спортската култура кај граѓаните. Паралелно со изградбата на Националната арена „Филип Втори“ и спортската сала „Борис Трајковски“, спортски објекти се изградени или се градат во секоја општина низ државата. Во рамки на проектот за изградба на училишни спортски сали досега се изградени вкупно 47 училишни спортски сали, за кои се инвестирани 1,4 милијарди денари или околу 23 милиони евра, со што се…

повеќе...

Инвестирани над 50 милиони евра во изградба на нови и реконструкција на постојни училишта

Владата предводена од премиерот Никола Груевски во периодот од неполни девет години има инвестирано над 50 милиони евра за изградба и темелна реконструкција на училишта во целата држава. Како што прецизира премиерот Груевски денеска во одговорот на новинарско прашање по посетата ОУ„Браќа Миладиновци“ и амбулантата во Миладиновци, општина Илинден, во целата држава за изградба на 74 нови училишта се инвестирани над 20 милиони евра, а за извршена темелна реконструкција на 350 постојни училишта инвестирани се околу 30 милиони евра. „Од почетокот на летото минатата година досега целосно е завршена изградбата…

повеќе...

Претставници на ирската компанија „Баракуда“ во посета на Македонија

Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски денеска во Владата на Република Македонија ќе се сретне со претставници на ирската компанија Barracuda FX која вчера преку официјално соопштение на нивниот веб сајт ја објави одлуката за инвестирање во Македонија. Компанијата е водечки ирски провајдер на софтверски решенија за глобалниот финансиски пазар лоцирана во Даблин, која соработува и испорачува софтверски услуги за најреномирани светски банки и финансиски институции, а е носител на престижни интернационални награди и признанија. Активностите за отворање центар за истражување и развој во Македонија, ирската компанија најави дека ќе…

повеќе...

Позната турска текстилна компанија заинтересирани за инвестирање во Охрид

Градоначалникот Никола Бакрачески, денеска се сретна со Илхан Оздеш од познатата турска тексилна компанија „Моси текстил“ , кој најави дека се заинтересирани за отворање на фабрика во Охрид. На средбата беа презентирани можностите за гринфилд и браунфилд инвестиции во Охрид, а гостинот најави дека по посетата на можните локации, за кусо време ќе ја информираат Локалната самоуправа за реализацијата на нивните намери.

повеќе...