105 години од смртта на Кузман Шапкарев

Денеска се одбележуваат 105 години од смртта на Кузман Шапкарев, кој важи за еден од најзначајните собирачи, публикатори и афирматори на македонски народни умотворби и еден од првите македонски учебникари. Роден е во семејство на сиромашен занаетчија во Охрид, на 1 февруари 1834. Завршил основно училиште, но заради сиромаштија морал да го прекине образованието. До промена во неговиот живот дошло кога му понудиле да го заземе учителското место на неговиот чичко. Така станал учител и учителствувал во Битола, Охрид, Струга, Прилеп и Кукуш на грчки и бугарски јазик. Тогаш ги запознал…

повеќе...

Промовиран „Прогласот“ по повод 1150 години од мисијата на браќата Кирил и Методиј

Во катедралната црква „Света Софија“ во Охрид денеска беше промовирано македонско-словачкото издание на „Прогласот кон Светото Евангелие на Константин Филозоф“, дело објавено во знак на одбележување на 1150-годишнината од моравската мисија на светите браќа Кирил и Методиј … Обраќајќи се пред присутните претседателот Ѓорге Иванов направи паралела меѓу симболиката на одбележувањето на дведецениските односи на Република Македонија и на Република Словачка со длабоките корени на македонско-словачкото пријателство. Иванов потсети на битката што светите Кирил и Методиј ја воделе за да им овозможат на словенските народи сами да го спознаваат Божјото…

повеќе...

Во понеделник премиера на филмот на Пиперкоски за Охридското востание

Во понеделник, на 3-ти март, со почеток во 17:45 часот на МТВ 1 премиерно ќе биде прикажан новиот филм на охридскиот режисер Илија Пиперкоски за Охридското востание (македонско-албански бунт). Во филмот на Пиперкоски, наративна улога ќе има и охридскиот историчар Никола Митровиќ. Македонско-албанскиот бунт односно Охридското востание се случило во септември 1913 година, на само два месеци по крваво задушеното Тиквешко востание во кое биле убиени повеќе од 1.200 луѓе од српската војска и домашните предавници кои станале соработници на српските власти и еден месец по потпишувањето на катастрофалниот Букурешки…

повеќе...

Положено свежо цвеќе по повод 106 години од смртта на Марко Бошњаков

По повод  сто и шест години од смртта на охридскиот гемиџија Марко Бошњаков, денеска пред спомен плочата крај неговата родна куќа се одржа чествување, а делегација од Општина Охрид положи свежо цвеќе. Пред присутните охриѓани за животот и делото на Бошњаков пригоден говор одржа претседателот  на Комисијата за празници и манифестации при Општината, Дејан Пановски. „Во овој ден на сеќавање сакам да го споменам и трудот и посветеноста на нашиот историчар Никола  Целакоски којшто со својот труд ја запозна јавноста подетално  за животот  и делото на  Марко Бошњаков. Плочата во…

повеќе...

Промовирани монографии за Пере Тошев и Апостол Петков

Министерот за образование и наука Спиро Ристовски и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, вчера присуствуваа на промоцијата на монографиите за македонските револуционери Пере Тошев и Апостол Петков како дел од едицијата „Македонски дејци“. Целта на едицијата е одблизу да ги претстави делата на триесетина македонски револуционери кои ги положиле своите животи за слободна и независна Македонија, а кои досега биле табу тема, или пак намерно изолирани од некој претходен систем на вреднување на нивните заложби. „Издавањето на монографиите пак, фрлаат ново светло на овие значајни ликови од нашата историја, прикажувајќи…

повеќе...

Одбележани 142 години од раѓањето на Гоце Делчев

Свештеници од Скопската епархија на МПЦ – ОА денеска одржаа панихида по повод 142 години од раѓањето на Гоце Делчев (1872-1903) во дворот на црквата „Св. Спас“ во Скопје, каде што се наоѓа вечното почивалиште на македонскиот револуционер и идеолог. Цвеќе и венци пред саркофагот на Гоце положија делегации на Собранието и Владата на Република Македонија, од Кабинетот на Претседателот на РМ, од Армијата на Република Македонија, Здружението на борците, МАНУ, Град Скопје, од собранијата на општините Делчево, Тетово, Струга, Битола и Дебар, Матицата на иселениците, претставници на политички партии,…

повеќе...

Сојузот на борци од Охрид и Дебрца го одбележа 29-ти Ноември

Во просториите на Сојузот на борци од Охрид и Дебрца, денес со историски час на професорот во пензија Наце Иваноски, борците и граѓаните продолжувачи ја одбележаа пригодно 70 годишнината од формирањето на поранешната држава Југославија и федерална Македонија, која беше во нејзин состав. Историчарот Наце Иваноски даде свој осврт за значењето на АВНОЈ од 1943 година, а воедно упати порака, младите луѓе, да не го заборават значењето на овој ден. Од Сојузот на борците Охрид се надеваат дека во иднина овој ден ќе се чествува со поголем интерес. „Сепак на овој ден беа удрени…

повеќе...

Завршија годинашните археолошки истражувања на островот Голем Град

Завршија годинашните археолошки истражувања на островот Голем Град – Преспа, проект предвиден во Годишната програма за заштита на културното наследство на Министерството за култура. Во рамките на истражувањата, кои во континуитет се изведуваат од 1968 година, откриени се архитектонски остатоци и движен археолошки материјал од средновековниот период. Скромните керамички фрагменти и неколкуте бронзени монети упатуваат дека се работи за монашка куќа-колиба од средниот век. Материјалните остатоци од пронајдениот објект имаат научна вредност поради фактот што станува збор за први пронајдени архитектонски остатоци од објект за живеење од средновековниот период на…

повеќе...

Со полагање на свежо цвеќе одбележана 70-годишнината од формирањето на првата МКНОУПБ

Со полагање на свежо цвеќе, делегација на Општина Дебарца, делегација на главниот и градскиот одбор на СБМ, претставници на АРМ гарнизон Кичево, Општинска Организација на Сојуз на борци од Струга и претставници од ЦОУ „Дебрца“ започнаа активностите за одбележување на 70 годишнината од формирање на првата МКНОУПБ. Пред присутните во с.Сливово за значењето на настанот се обрати професорот по историја Наце Иваноски, а ги поздрави претседателот на секцијата на бригадата Тодор Коцевски. Активностите продолжија во текот на денот со посета на спомен собата на НОБ во с.Белчишта и Ликовната колонија. Потоа…

повеќе...

СДСМ Охрид со честитка за Денот на ослободувањето на Охрид

ОО на СДСМ Охрид на сите жители на Општина Охрид им го честита 7-ми Ноември – Денот на ослободувањето на Охрид од фашистичката окупација, со искрени желби за мирен и спокоен живот во слобода, демократија и благосостојба на сегашните генерации и идните поколенија. „Водени од идејата дека слободата е највредната придобивка за секој човек, десетици борци за слобода од Охрид пред 69 години ги положија своите животи во борбата за конечно ослободување на градот. На 7-ми Ноември 1944 година помислата за ослободување на својот град од фашистичките окупатори и живот…

повеќе...