ОО на СБМ Струга: Подобро мир отколку место во историјата

По повод денешниот ден 21-ви септември- Меѓународниот ден на мирот ОО на СБМ Струга со порака: МИР ЕДЕН ДЕН САМО ВО МИР ЧОВЕКОТ Е ЧОВЕК ПОДОБРО МИР ОТКОЛКУ МЕСТО ВО ИСТОРИЈАТА! WebOhrid

повеќе...

Одбележани 71 година од формирањето на баталјонот „Мирче Ацев“ на Славеј планина

На Славеј Планина, Општинскиот одбор на Сојузот на Борците од Охрид и Дебарца, и претставници на повеќе граѓански организации, здруженија и официјални лица, денес ја одбележаа 71-та година од создавањето на баталјонот „Мирче Ацев“, првата голема воена формација на Народноослободителната македонска војска, создадена на ослободената територија во Дебарца. „Денес им се поклонуваме на нашите великани, на оние кои беспоштедно ги дадоа своите животи на татковинскиот браник, во светлината на создавањето на првиот македонски баталјон, МИРЧЕ АЦЕВ, пред 71 година. Во миговите на заборав на основните вредности и постулати на слободата на…

повеќе...

Писмо: Кој и зошто ја заборава НОБ ?

По осамостојувањето,за жал,имаше и има периоди во кои се омаловажува НОБ и борбата против фашизмот,а некогаш и сега се негираат и нејзините успеси и нејзините херои. Со пепел не можат да се покријат за да се заборават 24 илјади млади луѓе кои ги дадоа животите(највредното кај човекот) свесни за своето загинување,но уште посвесни дека со нивната жртва ќе се создаде македонска држава кон која се стремеле нивните прадедовци,дедовци и татковци во последните стотина години.Република Македонија дефинитивно треба да ја напушти’’инвалидската количка’’во која е сместена,не може да остане трајно нејасно,по чија…

повеќе...

УМС на ВМРО-ДПМНЕ ги чистеше спомен обележјата на паднатите борци

Во пресрет на Денот на Републиката, 111 години од Илинденското востание и 70 години од Првото заседание на АСНОМ, Унијата на млади сили на ВМРО – ДПМНЕ Охрид, организира акција за чистење на спомен обележјата на паднатите борци од НОБ. Акцијата се спроведе во Спомен паркот на Револуцијата. „Со ваквите акции сакаме да дадеме пример до сите млади како треба да се негуваат и почитуваат културно – историските спомен обележја, односно како да се слават луѓето кои своите животи ги положиле за слободата на Македонија, за нашата слобода. Во неколку…

повеќе...

Положено цвеќе на гробот на Гоце Делчев за почеток на „Илинденскиот планинарски марш 2014“

Денес, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески, претседателот на Федерацијата на планинарски спортови на Македонија, Јовица Угриновски и членови на ПСК „Бистра“ – Скопје положија свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев во Црквата „Св.Спас“ во Скопје, како увертира на традиционалниот “Илинденски Планинарски Марш 2014“ кој по 28-ми пат се одржува под покровителство на АМС. Тој е дел од активностите со кои Владата на Република Македонија, Агенцијата за млади и спорт и неколку спортски федерации ќе ја одбележат неделата на Илинденското празнување. „Илинден е еден од најголемите…

повеќе...

За првпат „Илинденска вечер во Елшани“

Годинава, на 2 август, по повод верско-националниот празник Илинден, во Елшани за првпат се организира културно-забавната манифестација „Илинденска вечер во Елшани“. Како што велат од организациониот одбор при МЗ на с. Елшани, според зацртаната програма планирано е со свое учество настанот да го одбележат млади музички таленти, роднокрајни фотографи, културно-уметнички друштва, фолк пејачи, како и реномиран патувачки театар од Скопје. „Намерата на организациониот одбор е преку оваа манифестација да го промовира и етаблира Елшани на културната и туристичката мапа на Македонија. Искрено се надеваме и веруваме дека манифестацијата „Илинденска вечер…

повеќе...

Достојно одбележан Денот на победата над фашизмот

Општина Охрид свечено ги одбележа двата значајни празници, 9-ти Мај, Денот на Европа и 9-ти Мај, денот на победата над фашизмот. На спомен обележјата во Паркот на револуцијата букети свежо цвеќе положија делегации на општина Охрид, Општинската организација на Сојузот на борци од Народноослободителната и антифашистичка војна, политички партии и поединци почитувачи на револуционерната борба. „Големи биле страдањата на сите светски народи во Втората светска  војна. Милиони луѓе загинале на боиштата и во концентрационите логори, или се здобиле со траен инвалидитет. Република Македонија во антифашистичката војна дала свој огромен придонес,…

повеќе...

Делегација на Општина Охрид во Цер-кичевско

Охрид, денеска, со повеќе манифестации ја одбележува 109 годишнината од смртта на корифејот на Македонската револуционерна борба, Христо Узунов. Чествувањата започнаа со достоен историски час посветен на херојската погибија на Христо Узунов и неговата чета.  На спомен обележјето на Христо Узунов се поклонаа и положија цвеќе делегациите на општина Охрид, Основното училиште кое го носи неговото име „Христо Узунов“, политичките партии, бројни здруженија на граѓани и поединци почитувачи на ликот и делото на Узунов. Свеченоста продолжи во с. Цер – Кичевско, каде што се одржа панихида во чест на херојот.…

повеќе...

ОУ „Христо Узунов“ го чествува патрониот празник на училиштето

Денес ОУ „Христо Узунов“ го одбележа денот на својот Патрон Христо Узунов со полагање цвеќе на бистата на Узунов во училишниот двор, со пригодна реч и со доделување на награди на наградените на ликовниот и литературниот конкурс на училиштето. Покрај делегацијата на училиштето цвеќе на битката на револуционерот Христо Узунов положија и преставниците на Комисијата за одбележување на празници и манифестации при Советот на Општина Охрид. По речтта за Узунов беа доделени награди за творбите од литературниот и ликовниот конкурс по што Директорот на училиштето Тони Симоноски се обрати на…

повеќе...

Изложба за културното наследство, историјата и традицијата на 13 словенски престолнини

Најразлични типови и форми на пишувана меморија од најстари ракописи, мапи и планови, фотографии, постери, снимки, до современи дигитални документи кои сведочат за богатото културно наследство и повеќеслојна историја и традиција на 13 словенски престолнини: Скопје, Белград, Братислава, Минск, Цетиње, Москва, Софија, Киев, Прага, Варшава, Љубљана, Сараево и Загреб, содржи меѓународната изложба „Словенските главни градови во 2Д“, која е отворена денеска во Македонската академија на науките и уметностите. Изложбата е резултат на соработката меѓу Државниот архив на Македонија и историските архиви од Белград, Љубљана, Киев, Братислава, Минск, Москва, Прага, Сараево,…

повеќе...